Коронавирус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Orthocoronavirinae
Coronaviruses 004 lores.jpg
SARS-CoV-2 virion
Научна класификација
Колено: incertae sedis
Ред: Nidovirales
Семејство: Coronaviridae
Потсемејство: Orthocoronavirinae
Родови[1]
Синоними

Коронавируси (латински: Orthocoronavirinae, Coronavirinae) — група на вируси кои предизвикуваат болести кај цицачите и птиците. Кај луѓето, вирусите предизвикуваат дишни инфекции кои типично се лесни, вклучувајќи обична настинка, но поретко и SARS, MERS и новиот коронавирус (кој предизвикал епидемија од коронавирус во Вухан 2019-2020) коишто може да бидат смртоносни. Кај крави и свињи може да предизвикаат дијареа, додека кај живината може да предизвикаат горнодишна болест. Не постојат вакцини или антивирусни лекови кои се одобрени за превенција или третман.

Коронавирусите се вируси од потсемејството Orthocoronavirinae, семејство Coronaviridae и род Nidovirales.[4][5] Тие се создадени во еден синџир, со позитивно насочен РНК геном и спирално симетричен нуклеокапсид. Големината на геномот е измеѓу 26 и 32 килобази – најголема кај некој РНК вирус. Коронавирусите биле откриени во 1960-тите години.[6]

Името „коронавирус“ доаѓа од латинскиот збор corona, што значи „круна“, и што се однесува на карактеристичниот изглед на честичките на вирусот.

Еволуција[уреди | уреди извор]

Најблизок древен заеднички претходник (НДЗП) на сите коронавируси се наоѓа 8000 години п.н.е.[7] НДЗП линијата Алфакоронавирус се наоѓа 2400 п.н.е, Бетакоронавирусната линија на 3300 п.н.е, Гамакоронавирусната линија на 2800 п.н.е, и Делтакоронавирусната линија на околу 3000 п.н.е.[8] Коронавирусот од лилјаците и SARS-CoV се разминале во 1986 година.[9]

Човечки коронавируси[уреди | уреди извор]

Инфекциски циклус на коронавирус

Познати се повеќе човечки коронавируси:

  1. Човечки коронавирус 229E (HCoV-229E)
  2. Човечки коронавирус OC43 (HCoV-OC43)
  3. SARS-CoV
  4. Човечки коронавирус NL63 (HCoV-NL63, коронавирус Њу Хејвен)
  5. Човечки коронавирус HKU1
  6. MERS-CoV
  7. SARS-CoV-2

Коронавирусите HCoV-229E, NL63, OC43 i HKU1 константно циркулираат меѓу човечката популација и предизвикуваат дишни инфекции кај возрасните и децата ширум светот.[10]

Епидемии[уреди | уреди извор]

Досега имало избивање на неколку епидемииод коронавирусот кој имале релативно висока стапка на смртност:

Епидемија Тип на вирус Смрт
Епидемија на SARS во 2003 SARS-CoV 774[11]
Епидемија на MERS на Блискиот Исток во 2012 MERS преку 400[12]
Епидемија на MERS во Јужна Кореја во 2015 MERS 36[13]
Епидемија на MERS во 2018 MERS 41[14]
Епидемија на новиот коронавирус 2019-2020 SARS-CoV-2 преку 3600[15]

Избивање на епидемија од новиот коронавирус[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „COVID-19.
Симптоми на новиот коронавирус

Избивање на епидемијата од новиоткоронавирус се случило на почетокот на декември 2019 во Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина.[16] Светската здравствена организација на новиот вирус му го дала привременото име 2019-nCoV[17] и прогласила вондредна состојба на глобално ниво во врска со ширењето на новиот коронавирус. Новиот вирус подоцна го добил своето официјално име SARS-CoV-2.[18] Потоа, започнала епидемија која зафатила и други делови на Кина, а биле утврдени и случаи надвор од Кина, во неколку земји од Азија, но и во Австралија, Европа и Северна Америка. Првите случај во Европа биле потврдени во Франција на 24 јануари 2020 година.[19] Најголема епидемија од вирусот во Европа, се појавила во Италија каде до денес биле заразени повеќе од 9000 луѓе, а починале 463.[20]

Статии и книги поврзани со коронавирус[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Virus Taxonomy: 2018b Release“. International Committee on Taxonomy of Viruses (ICTV). mart 2019. Архивирано од изворникот (html) на 4. 3. 2018. конс. 24. 1. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  2. „2017.012-015S“. International Committee on Taxonomy of Viruses (ICTV). oktobar 2018. Архивирано од изворникот (xlsx) на 14. 5. 2019. конс. 24. 1. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  3. „ICTV Taxonomy history: Orthocoronavirinae. International Committee on Taxonomy of Viruses (ICTV). конс. 24. 1. 2020. 
  4. AMQ King, уред (2011). „Family Coronaviridae“. Ninth Report of the International Committee on Taxonomy of Viruses. Elsevier, Oxford. стр. 806–828. ISBN 978-0-12-384684-6. 
  5. International Committee on Taxonomy of Viruses (24. 8. 2010). „ICTV Master Species List 2009 – v10“ (xls). 
  6. „Coronavirus: Common Symptoms, Preventive Measures, & How to Diagnose It“. Caringly Yours (en-US). 28. 1. 2020. конс. 28. 1. 2020. 
  7. A case for the ancient origin of coronaviruses. „Journal of Virology“ том  87 (12): 7039–45. juni 2013 г. doi:10.1128/JVI.03273-12. PMID 23596293. 
  8. Discovery of seven novel Mammalian and avian coronaviruses in the genus deltacoronavirus supports bat coronaviruses as the gene source of alphacoronavirus and betacoronavirus and avian coronaviruses as the gene source of gammacoronavirus and deltacoronavirus. „Journal of Virology“ том  86 (7): 3995–4008. април 2012 г. doi:10.1128/JVI.06540-11. PMID 22278237. 
  9. Evolutionary insights into the ecology of coronaviruses. „Journal of Virology“ том  81 (8): 4012–20. април 2007 г. doi:10.1128/jvi.02605-06. PMID 17267506. 
  10. Hosts and Sources of Endemic Human Coronaviruses. „Advances in Virus Research“ том  100: 163–188. 2018 г. doi:10.1016/bs.aivir.2018.01.001. ISBN 978-0-12-815201-0. PMID 29551135. 
  11. Smith, Richard D. Responding to global infectious disease outbreaks: Lessons from SARS on the role of risk perception, communication and management. „Social Science & Medicine“ том  63 (12): 3113–23. doi:10.1016/j.socscimed.2006.08.004. PMID 16978751. 
  12. „Case‐control study to assess potential risk factors related to human illness caused by the Middle East Respiratory Syndrome Coronavirus (MERS-CoV)“ (PDF). World Health Organization. 28. 3. 2014. конс. 24. 4. 2014. 
  13. „Middle East respiratory syndrome coronavirus (MERS-CoV) – Republic of Korea“. World Health Organization (en-GB). конс. 1. 12. 2016. 
  14. Pandemic Epidemic Diseases news: Infectious disease outbreaks reported in the Eastern Mediterranean region in 2018 Between 12 January through 31 May 2018, the National IHR Focal Point of The Kingdom of Saudi Arabia reported 75 laboratory confirmed cases of Middle East respiratory syndrome coronavirus (MERS_CoV), including twenty-three (23) deaths. Date www.emro.who.int, accessed 29 January 2020
  15. „Tracking coronavirus: Map, data and timeline“. BNO News. 10. 2. 2020. Архивирано од изворникот на 28. 1. 2020. конс. 10. 2. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  16. The Editorial Board. „Is the World Ready for the Coronavirus? - Distrust in science and institutions could be a major problem if the outbreak worsens.“, „The New York Times“, 29. 1. 2020 (посет. 30. 1. 2020 г).
  17. „Laboratory testing of human suspected cases of novel coronavirus (nCoV) infection. Interim guidance, 10 January 2020“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 20. 1. 2020. конс. 14. 1. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  18. Gorbalenya, Alexander E. (11. 2. 2020 г). Severe acute respiratory syndrome-related coronavirus – The species and its viruses, a statement of the Coronavirus Study Group. „bioRxiv“: 2020.02.07.937862. doi:10.1101/2020.02.07.937862. https://www.biorxiv.org/content/10.1101/2020.02.07.937862v1. 
  19. „Novi koronavirus 2019-nCoV“. fmoh.gov.ba. конс. 7. 2. 2020. 
  20. Министерство за здравство на Италија. „Covid-19: i casi in Italia alle ore 18 del 9 marzo“ (Italian). конс. 9 март 2020. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]