COVID-19

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
COVID-19
Синоними
  • 2019-nCoV акутна болест на дишниот систем
  • Нова коронавирусна пневмонија
  • Вуханска пневмонија
Symptoms of coronavirus disease 2019 2.0-mk.svg
Симптоми
Специјалностакутна инфекција на дишниот систем
Симптомигрозница, кашлица, краток здив
Компликациипневмонија, повреда на белите дробови, откажување на бубрег
ПричинителиSARS-CoV-2
ПревенцијаМиење на раце

COVID-19 (коронавирусна болест 2019[a 1]) — вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2.[1][2]

Болеста прв пат се појави во градот Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина, меѓу пациентите кои што задобиле пневмонија без јасна причина.[3] Поради брзото ширење на болеста, Светската здравствена организација прогласи епидемија.[4] Забележани се заразани случаи ширум западниот свет преку Азиско-тихоокеанското подрачје, главно меѓу патници кои што по потекло се од Кина, а локален пренос е забележен и во Европа.

Времето пред појавување на првите симптоми на болеста е обично помеѓу 2 до 14 дена.[5][6] Се препорачува редовно миење на раце и оддалечување од луѓе кои што кашлаат.[7]

Симптоми[уреди | уреди извор]

Симптом Процент
Грозница 87,9%
Сува кашлица 67,7%
Умор 38,1%
Создавање плунка 33,4%
Скратен здив 18,6%
Болка во мускулите и зглобовите 14,8%
Болка во грлото 13,9%
Главоболка 13,6%
Ежење 11,4%
Мачнина или повраќање 5%
Затнат нос 4,8%
Дијареа 3,7%

Како и кај другите дишни заболувања, инфекцијата со вируси САРС-КоВ-2 може да предизвика благи симптоми, вклучувајќи течење на носот, болки во грлото, кашлица и треска. Кај некои луѓе, може да предизвика сериозна болест, како пневмонија или останување без здив. Ретко, болеста може да биде смртоносна. Постои зголемен ризик кај постари лица и лица со претходно постоечки хронични состојби (како што се дијабетес и срцеви заболувања).[8]

Во примерок од 55.924 потврдени случаи со лаборатории во Кина, типични симптоми биле: треска (87,9% од случаите), сува кашлица (67,7%), замор (38,1%), создавање плунка (33,4%), скратен здив (18,6%), болки во грлото (13,9%), главоболка (13,6%), болки во мускулите или зглобовите (14,8%), ежење (11,4%), гадење или повраќање (5,0%), затнат нос (4,8%) и дијареја (3,7%).[9]

Главниот начин на инфекцијата кај луѓето е пренесување од човек на човек, што обично се јавува преку издишаните капки на заразените лица кои кашлаат или издишуваат.[10] Периодот на инкубација е генерално помеѓу 2 и 14 дена,[11] со просек од 3 дена иако биле пријавени случаи и со дури 24 дена инкубација.[12]

Понатамошниот развој може да доведе до тешка пневмонија, синдром на акутно пореметување на дишењето, сепса, септичен шок и смрт. Некои заразени лица може да се инфоцирани без да покажуваат клинички симптоми, затоа се препорачува лицата во близок контакт со потврдени заразени пациенти да бидат прегледани и да се следат, за да се исклучи инфекцијата.[13][14][15]

Превенција[уреди | уреди извор]

Светската здравствена организација за спречување на SARS-CoV-2 и негово ширење препорачува користење дезинфекциони средства кои имаат барем 60% алкохол во својот состав.

Во моментов нема одобрен лек или вакцина за третман на болеста. Превенцијата е слична како и кај другите видови грип, каде потребно е да имате соодветна хигиена на рацете, сигурна прехрана и да избегнувате близок контакт со секој кој има симптоми на дишни заболувања, како што се кашлање и кивање.

Миење раце[уреди | уреди извор]

Центрите за контрола и превенција од болести препорачуваат редовно миење на раце со сапун најмалку 20 секунди посебно после одење во тоалет, пред јадење, и после дување на нос, кашлање или кивање. Ако сапун не е достапен, тогаш се препорачува било кое средство за миење раце со најмалку 60% алкохол.

Дишна хигиена[уреди | уреди извор]

Здравствената тела препорачуваат поединците да покриваат уста и нос со марамче за време на кашлање или кивање (кое треба веднаш да се фрли), или со ракавот, ако марамче не е достапно.[16][17][18]

За оние кои што лесно можат да се заразат се советува да носат хируршки маски.[19][20][21] Маските за лице можат да ја ограничат силата и смерот на капките што се распрскуваат додека зборувате, кивате или кашлате. Светската здравствена организација објави најдобри практики за употреба на маски:[22]

  • Внимателно ставете ја маската да ги покриете устата и носот и водете сметка да не постои празнина измаѓу вашето лице и маската.
  • Избегнувајте допирање на маската додека ја користите; ако веќе тоа го правите, претходно исчистете ги рацете со трљање со сапун на база на алкохол.
  • Заменете ја маската со нова ако е влажна и повторно не користете маски што сњ за еднократна употреба.
  • Извадете ја маската од внатрешната страна (не ја допирајте предната страна на маската); фрлете ја брзо и затворете ја кантата; Измијте ги рацете со сапун врз база на алкохол.

Причина[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „SARS-CoV-2.
SARS-CoV-2 (средина, жолто), како се гледа со електронски микроскоп.

Болеста ја причинува вирусот SARS-CoV-2 за кој се смета дека е од животинско потекло.[23] Епидемиолошката студија на првите 72.314 случаи ја установила можноста за "континуиран заеднички извор" за избивање на епидемијата во декември 2019, кој најчесто се поврзува со пазарот во Хуанан каде се продаваат разни видови на животни. Првиот пренос од човек на човек е забележан во јануари 2020 година.[24] Пазарот, кој се наоѓал близу станбени комплекси, бил еден од најголемите во централна Кина, а целиот негов западен дел главно се користел за продажба на диви животни.[25] Хигиената и условите во кои работел пазарот биле оценети како незадоволителни, каде мртвите и живите животни се чувале во непосредна близина.[26] The New York Times во својот извештај напишал: „санитаријата беше лоша, со слаба вентилација и ѓубре кое се акумулираше на влажните подови“.[27] Сепак, сè уште не е утврдено дали избивањето на пандемијата од новиот коронавириус започнало на пазарот во Вухан.[28]

Смртност[уреди | уреди извор]

До 10 март 2020 потврдени се 4.090 смртни случаи. Повеќето од нив, околу 80% биле лица постари од 60 години, а 75% од нив веќе имале одредени здравствени потешкотии вклучувајќи кардиоваскуларни болести и дијабетес.[29] Процентуалната смртност е помеѓу 1–3%.[30]

Мажите имале стапка на смртност од 2,8%, а жените од 1,7%.[31] Кај пациентите помлади од 50 години стапката на смртност не е поголема од 0,5% додека кај оние над 70 години изнесува преку 8%.[31]

Пандемии[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пандемија на коронавирус 2019-2020.

Избивање на епидемијата од новиоткоронавирус се случило на почетокот на декември 2019 во Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина.[32] Светската здравствена организација на новиот вирус му го дала привременото име 2019-nCoV[33] и прогласила вондредна состојба на глобално ниво во врска со ширењето на новиот коронавирус. Новиот вирус подоцна го добил своето официјално име SARS-CoV-2.[34] Потоа, започнала епидемија која зафатила и други делови на Кина, а биле идентификувани и случаи надвор од Кина, во неколку земји од Азија, но и во Австралија, Европа и Северна Америка. Првите случај во Европа биле потврдени во Франција на 24 јануари 2020 година.[35]

Пандемијата на COVID-19 во Италија 2020 била прогласена на 30 јануари, кога двајца кинески туристи биле позитивно тестирани на вирусот SARS-CoV-2 во Рим.[36] Појавувањето на инфекцијата COVID-19 последователно била откриена кај 16 потврдени случаеви во Ломбардија на 21 февруари,[37] за веќе следниот ден да се зголеми на 60[38] со појава на првите смртни случаеви во истите денови.

До 10 март 2020, потврдено е околу 116.000 случаи, од кој 8.000 биле сериозни случаи. Преку 64.000 луѓе успеале да се опорават, додека болеста предизвикала 4.090 смртни случаи.[39]

Вирусот се проширил и во останатите земји и територии. По хронолошки распоред, тие биле Тајланд, Јапонија, Макао, Јужна Кореја, Тајван, САД, Хонгконг, Сингапур, Франција, Непал, Виетнам, Австралија, Малезија, Канада, Камбоџа, Германија, Финска, Шри Ланка, Обединети Арапски Емирати, Индија, Италија, Филипини, Велика Британија, Русија, Шведска, Шпанија, Белгија, Египет, Иран, Израел, Либан, Авганистан, Бахреин, Кувајт, Ирак, Оман, Алжир, Австрија, Бразил, Хрватска, Швајцарија, Грција, Пакистан, Македонија, Грузија, Норвешка, Романија, Данска, Естонија, Северна Ирска, Сан Марино, Холандија, Нигерија, Белорусија, Литванија, Нов Зеланд, Мексико, Азербејџан, Исланд, Монако, Катар, Еквадор, Луксембург, Ирска, Ерменија, Доминиканска Република, Чешка и Индонезија.

До 10 март 2020 секоја држава во Европа освен Црна Гора и Косово имале барем еден случај заразен од COVID-19.

Општествено-економски последици[уреди | уреди извор]

Заклучно со 6 март 2020, околу 291,5 милиони деца и младинци не присуствуваат на настава во училиштата поради привремена суспензија на наставата во настојување на се спречи ширење на болеста.[40][41]

Епидемијата од новиот коронавирус предизвикала низ општествено-економски последици како што се недостаток на разни видови на стоки, делимично поради панично купување, но и поради пореметување во фабриките и логистиката.[42] Неколку држави како што се САД,[43] Италија и Хонгконг, се посебно погодени со масовно празнење на полиците во продажните центри, посебно кога станува збор за храна, тоалетна хартија и вода во шишиња.

Саудиска Арабија привремено забранила влегување на странци во Мека и Медина како не би дошло до ширење на новиот коронавирус.[44]

Етимологија[уреди | уреди извор]

COVID-19 е официјалното име за коронавирусната болест која ја предизвикува вирусот SARS-CoV-2 (CO значи "корона", VI "вирус", а D стој за зборот "disease", што на англиски значи болест).[45]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Останато[уреди | уреди извор]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Многу медиуми го наведуваат обликот со растојание – корона вирус, или corona virus, додека некој го користат англискиот назив coronavirus.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gorbalenya, Alexander E. (11. 2. 2020 г). Severe acute respiratory syndrome-related coronavirus – The species and its viruses, a statement of the Coronavirus Study Group (на en). „bioRxiv“: 2020.02.07.937862. doi:10.1101/2020.02.07.937862. https://www.biorxiv.org/content/10.1101/2020.02.07.937862v1. посет. 11. 2. 2020 г. 
  2. Coronavirus disease named Covid-19“, „BBC News“, 11. 2. 2020. (на en-GB)
  3. „Disease background of 2019-nCoV“. European Centre for Disease Prevention and Control. конс. 11. 2. 2020. 
  4. „Statement on the second meeting of the International Health Regulations (2005) Emergency Committee regarding the outbreak of novel coronavirus (2019-nCoV)“. www.who.int. Архивирано од изворникот на 31. 1. 2020. конс. 11. 2. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  5. „Symptoms of Novel Coronavirus (2019-nCoV) | CDC“. www.cdc.gov (en-us). 10. 2. 2020. Архивирано од изворникот на 30. 1. 2020. конс. 11. 2. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  6. Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2 (SARS-CoV-2) and coronavirus disease-2019 (COVID-19): The epidemic and the challenges. „International Journal of Antimicrobial Agents“: 105924. februar 2020 г. doi:10.1016/j.ijantimicag.2020.105924. PMID 32081636. 
  7. „Advice for public“. www.who.int. конс. 25. 2. 2020. 
  8. Kojovic, Maja. „Novi koronavirus- pitanja i odgovori sa preporukama“. ZZJZ FBiH (en-US). конс. 25. 2. 2020. 
  9. „Report of the WHO-China Joint Mission on Coronavirus Disease 2019 (COVID-19)“ (PDF). WHO. стр. 11–12. конс. 29. 2. 2020. 
  10. „Q & A on novel coronavirus“. European Centre for Disease Prevention and Control. Архивирано од изворникот на 5. 2. 2020. конс. 11. 2. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  11. „Symptoms of Novel Coronavirus (2019-nCoV) | CDC“. www.cdc.gov (en-us). 10. 2. 2020. Архивирано од изворникот на 30. 1. 2020. конс. 11. 2. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  12. „Research shows 3-day median incubation period for coronavirus, 24 days in rare cases“. The Straits Times. 11. 2. 2020. 
  13. Guan, Wei-jie; Ni, Zheng-yi; Hu, Yu; Liang, Wen-hua; Ou, Chun-quan; He, Jian-xing; Liu, Lei; Shan, Hong; и др. (28. 2. 2020 г). Clinical Characteristics of Coronavirus Disease 2019 in China (на en). „New England Journal of Medicine“. doi:10.1056/NEJMoa2002032. PMID 32109013. 
  14. Pan, Xingfei; Chen, Dexiong; Xia, Yong; Wu, Xinwei; Li, Tangsheng; Ou, Xueting; Zhou, Liyang; Liu, Jing (19. 2. 2020 г). Asymptomatic cases in a family cluster with SARS-CoV-2 infection. „The Lancet Infectious Diseases“ том  0. doi:10.1016/S1473-3099(20)30114-6. ISSN 1473-3099. PMID 32087116. https://www.thelancet.com/journals/laninf/article/PIIS1473-3099(20)30114-6/abstract. 
  15. „2019 Novel Coronavirus (2019-nCoV)“. Centers for Disease Control and Prevention. 11. 2. 2020. конс. 18. 2. 2020. 
  16. https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/advice-for-public
  17. Home. „Novel Coronavirus“. Health Protection Surveillance Centre. конс. 27. 2. 2020. 
  18. „Advice for public“. World Health Organization (WHO). конс. 8. 2. 2020. 
  19. „Severe Respiratory Disease associated with a Novel Infectious Agent“. Hong Kong: Centre for Health Protection, Department of Health. конс. 1. 2. 2020. 
  20. „Updates on Wuhan Coronavirus (2019-nCoV) Local Situation“. Singapore: Ministry of Health. конс. 1. 2. 2020. 
  21. „Advice on the use of masks the community, during home care and in health care settings in the context of the novel coronavirus (2019-nCoV) outbreak“. World Health Organization. конс. 21. 2. 2020. 
  22. „When and how to use masks“. www.who.int. конс. 29. 2. 2020. 
  23. Discovery of a novel coronavirus associated with the recent pneumonia outbreak in humans and its potential bat origin (на en). „bioRxiv“: 2020.01.22.914952. 23. 1. 2020 г. doi:10.1101/2020.01.22.914952. https://www.biorxiv.org/content/10.1101/2020.01.22.914952v2. посет. 5. 2. 2020 г. 
  24. The Epidemiological Characteristics of an Outbreak of 2019 Novel Coronavirus Diseases (COVID-19) - China, 2020. „China CDC Weekly“ том  2. 20. 2. 2020 г. https://github.com/cmrivers/ncov/blob/master/COVID-19.pdf. посет. 19. 2. 2020 г. 
  25. Schnirring, Lisa (27. 1. 2020). „Experts: nCoV spread in China's cities could trigger global epidemic“. CIDRAP. конс. 28. 1. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  26. „Here's What It's Like in Wuhan, the City at the Center of Coronavirus“. Time. конс. 23. 1. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  27. Buckley, Chris. „As New Coronavirus Spread, China's Old Habits Delayed Fight“, „The New York Times“, 1. 2. 2020. (на en-US)
  28. Cohen, Jon; 2020 (26. 1. 2020). „Wuhan seafood market may not be source of novel virus spreading globally“. Science | AAAS. Архивирано од изворникот на 27. 1. 2020. конс. 27. 1. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  29. Coronavirus: Window of opportunity to act, World Health Organization says“, „BBC News Online“, 5. 2. 2020.
  30. Jeannette Guarner, MD, Three Emerging Coronaviruses in Two Decades: The Story of SARS, MERS, and Now COVID-19, American Journal of Clinical Pathology, doi:10.1093/ajcp/aqaa029
  31. 31,0 31,1 „Coronavirus Age, Sex, Demographics (COVID-19) - Worldometer“. www.worldometers.info. Архивирано од изворникот на 27. 2. 2020. конс. 26. 2. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  32. The Editorial Board. „Is the World Ready for the Coronavirus? - Distrust in science and institutions could be a major problem if the outbreak worsens.“, „The New York Times“, 29. 1. 2020 (посет. 30. 1. 2020 г).
  33. „Laboratory testing of human suspected cases of novel coronavirus (nCoV) infection. Interim guidance, 10 January 2020“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 20. 1. 2020. конс. 14. 1. 2020.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  34. Gorbalenya, Alexander E. (11. 2. 2020 г). Severe acute respiratory syndrome-related coronavirus – The species and its viruses, a statement of the Coronavirus Study Group. „bioRxiv“: 2020.02.07.937862. doi:10.1101/2020.02.07.937862. https://www.biorxiv.org/content/10.1101/2020.02.07.937862v1. 
  35. „Novi koronavirus 2019-nCoV“. fmoh.gov.ba. конс. 7. 2. 2020. 
  36. Chiara Severgnini (31 јануари 2020). „Coronavirus: Primi due casi in Italia“. Corriere della Sera. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2020. конс. 31 јануари 2020. 
  37. Elisa Anzolin e Angelo Amante. „L'epidemia di coronavirus cresce nel nord Italia, 16 casi segnalati in un giorno“, Reuters (посет. 21 февруари 2020 г).
  38. Simona Ravizza. „Coronavirus: primi casi a Milano. Cosa sappiamo dei nuovi contagi in Lombardia, Veneto e Piemonte“, Corriere della Sera, 22 февруари 2020 (посет. 22 февруари 2020 г).
  39. News, B. N. O. (18. 2. 2020). „Tracking coronavirus: Map, data and timeline“. BNO News (en-US). конс. 29. 2. 2020. 
  40. „Coronavirus impacts education“. UNESCO. 4 March 2020. конс. 7 March 2020. 
  41. „Coronavirus update: 290 million students now stuck at home“. UN News. 5 March 2020. конс. 7 March 2020. 
  42. „Coronavirus (COVID-19) Supply Chain Update“. US Food and Drug Administration. 27 February 2020. конс. 7 March 2020. 
  43. Tkyo, Kelly (29 February 2020). „Coronavirus fears empty store shelves of toilet paper, bottled water, masks as shoppers stock up“. USA Today.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  44. Coronavirus: Saudi Arabia suspends entry for pilgrims visiting holy sites“, BBC News, 27 февруари 2020.
  45. „Korona virus dobio novo ime – COVID-19“. Al Jazeera Balkans (Bosnian). 11. 2. 2020. конс. 12. 2. 2020. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]