Игор Лозаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Игор Лозаноски
Игор Лозаноски во ноември 2021 година
Роден/аИгор Лозаноски
7 февруари 1990
Скопје, СФРЈ (денес Македонија)
Занимањепоет, раскажувач
НационалностМакедонец
Образованиедипломиран економист
Апсолвент наЕкономски факултет - Скопје
Жанрпостмодернизам

Игор Лозаноски (Скопје, 7 февруари 1990) — македонски поет и раскажувач.

Животопис[уреди | уреди извор]

Игор Лозаноски е роден во 1990 година во Скопје. Дипломирал на насоката за Менаџмент на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Вработен е во приватно претпријатие.

Творештво[уреди | уреди извор]

Лозаноски почнал да пишува поезија и проза на 10-годишна возраст. Своите први песни ги објавил во 2006 година, во средношколскиот училиштен весник „Орце Инфо“.[1] Автор е на збирките поезија „Така дуваше ветерот – Барок и романтизам“ (2018) и „Плодови на минатото“ (2020), како и на збирките раскази „Исповед на еден телевизор“ (2020) и „Сончогледите гледаат на запад“ (2021).[2] Во 2020 година, за збирката раскази „Исповед на еден телевизор“ ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис.[1] Неговите дела се објавени и во неколку книжевни списанија („Раст“, „Современост“, „Книжевни елементи“), а се застапени и во неколку македонски антологии.[3]

Творештво[уреди | уреди извор]

  • „Така дуваше ветерот – Барок и романтизам“ (поезија, 2018)
  • „Плодови на минатото“ (поезија, 2020)
  • „Исповед на еден телевизор“ (раскази, 2020)
  • „Сончогледите гледаат на запад“ (раскази, 2021)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Д., Т.. „Темплум: Игор Лозаноски ја доби наградата „Новите!“ за 2020 година“. Слободен Печат.
  2. Промоција на збирката кратки раскази од Игор Лозаноски Архивирано на 23 декември 2021 г.“. МКЦ.
  3. Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 63-64.