Бал-кан-кан
| Бал-Кан-Кан Bal-Can-Can | |
|---|---|
![]() ДВД обвивка | |
| Режисер | Дарко Митревски |
| Продуцент | Алесандро Вердеки Џанлука Курти Карло Дуси |
| Сценарист | Дарко Митревски |
| Главни улоги | Владо Јовановски Адолфо Марџота Ѕвездана Ангеловска Бранко Ѓуриќ Тони Михајловски Никола Којо Владимир Ендровски Петар Божовиќ Наџи Шабан |
| Музика | Кирил Џајковски Дарио Марианели |
| Кинематографија | Суки Меденчевиќ |
| Монтажа | Џакобе Гамберини |
| Премиера | 1 јануари 2005 |
| Времетраење | 89 мин |
| Земја | Македонија Италија |
| Јазик | македонски |
Бал-кан-кан — македонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец што патува низ Балканот за да ја пронајде својата свекрва која е завиткана во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска и Тони Михајловски ги играат главните улоги. Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на XXVII Московски Меѓународен Филмски Фестивал одржан во 2005 година.[1][2]
Глумечка екипа
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Владо Јовановски | Трендафил Каранфилов |
| Адолфо Марџота | Сантино Џеновезе |
| Ѕвезда Ангеловска | Ружа Каранфилова |
| Бранко Ѓуриќ | Шефкет Рамадани |
| Сека Саблиќ | Зумбула |
| Тони Михајловски | Џанго |
| Миодраг Кривокапиќ | Веселин Кабадајиќ |
| Никола Којо | Осман Ризванбеговиќ |
| Владимир Ендровски | Стипе Прикачин |
| Бранко Огњановски | Серафим Каранфилов |
| Катерина Шехтанска | Убава Танцерка |
| Васко Тодоров | Витомир |
| Наџи Шабан | Карлито |
| Љупчо Бубо Каров | Цацко |
Реакции
[уреди | уреди извор]Рецензии
[уреди | уреди извор]Филмот, во главно, е добро прифатен од критиката. Денис Харви од Variety, вели дека "Сценаристот-режисер Дарко Митревски ги поместува границите... Циничното, халуцинаторно, модерно „Патување на Аџијата“ е патување исполнето со меморабилни секвенци кои несомнено ќе му дадат култен статус меѓу авантуристички настроените синеасти." [3]
Гледаност
[уреди | уреди извор]Филмот е гледан од повеќе од 500,000 луѓе во Република Македонија уште во годината на својата премиера и на тој начин се смета за најгледаниот во македонската историја. Истовремено, тој е филмот со најголема заработка на нејзината територија. [се бара извор]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ „Бал-кан-кан“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-16.[мртва врска]
- ↑ „Бал-кан-кан“. Семрежна филмска база на податоци. Посетено на 2008-09-16.
- ↑ Денис Харви. „Bal-Can-Can (Бал-кан-кан)“. Списание Variety. Посетено на 2008-09-16. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Бал-кан-кан на МИФЦ.
| ||||||
| ||||||||
- Статии со непотврдени изјави
- Македонски филмови од 2000-тите
- Италијански филмови од 2000-тите
- Филмови на Дарко Митревски
- Филмови од 2005 година
- Појавено во 2005 година во Македонија
- Појавено во 2005 година во Италија
- Филмови чие дејствие се одвива во 2001 година
- Македонски филмови
- Филмови на македонски јазик

