Сечи докторе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сечи докторе
Nip/Tuck
Niptucklogo.png
Логото на серијата.
Жанрмедицинска драма
психолошки хорор
Создадена одРајан Марфи
УлогиДилан Волш
Џулијан Макман
Џули Ричардсон
Џон Ненсли
Рома Мафиа
Воведна тема„A Perfect Lie“ од The Engine Room
Земја на потекло САД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди100 (список на епизоди)
Продукција
МестоположбаМајами, Холивуд[1]
Времетраење42-65 минути
Прикажување
Првична мрежаFX и А1 Телевизија за Македонија[2]
Првично прикажување20 јули 2003 - 3 март 2010
Надворешни врски
Мрежна страницаfxnetworks.com/shows/originals/niptuck/

Сечи докторе (англиски: Nip/Tuck) e американска серија, создадена од Рајан Марфи, која во Македонија почна да се прикажува во септември 2010, на А1 Телевизија. Серијата е фокусирана на болницата за пластична хирургија „Мекнамара/Трој“, и го следи животот на двајцата главни протагонисти докторите Шон Мекнамар (Дилан Волш) и Кристијан Трој (Џулијан Макман), кои се најдобри другари уште од факултет. Во секоја епизода се прикажани козметички промени на еден или повеќе пациенти, како и проблемите во приватниот и професионалниот живот на главните протагонисти.

Во САД шоуто започнало со емитување во 2003 година, а шестата и последната сезона започнала на 14 октомври 2009, а завршила на 3 март 2010 со последната 100-та епизода од серијалот. Снимањето на првите 4 сезони се одвивало во Мајами, но сепак кон крајот на четвртата сезона снимачките терени биле релоцирани во Лос Анџелес и многу нови личности се појавиле. Шоуто доби 45 номинации за награда, со тоа што зеде Златен Глобус и Еми награда.[3] Критиките и контроверзиите често доаѓаа за темите кои преовладуваат во шоуто како насилство, сексуалност, употреба на дрога и хируршки процедури. Крајот на третата сезона стана најгледаниот програм во историјата на телевизијата FX. Создавачот на шоуто Рајан Марфи вели дека 90% медицинските случаи кои се прикажани во шоуто се базирани на факти.[4]

Приказна[уреди | уреди извор]

Серијата го следи животот на двајцата пластични хирурзи од Флорида, докторот Шон Мекнамар (Дилан Волш) и докторот Кристијан Трој (Џулијан Макман), кои се најдобри другари уште од факултет и заедно ја основале клиниката за пластична хирургија „Мекнамара/Трој”. Со напорна работа клиниката станала една од најпрестижните во Мајами. Кристијан и Шон се со потполно различен поглед на животот. Шон е фамилијарен човек, но се помалку задоволен од својот живот, како и својата сопруга Џулија (Џули Ричардсон), која одлучува да се врати на факултет, кој го има напуштено кога се омажила за Шон. Тој на работа бега од својот живот и од сопругата Џулија, бунтовниот син – тинејџер Мет и малата ќерка Ана. Додека пак Кристијан е арогантен женкар кој сака вино, жени, пари и секс. Ќе направи се за да го добие она што го сака (ќе лаже, мами, краде,...), а поради тоа не чувствува никаква грижа на совест.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: