Дрога

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кофеинот е најраспространетата психоактивна супстанција во светот.[1]
Цигарите се е една од најпродаваните дроги.[2]
Алкохолот е општоприфатена дрога во многу земји.
Конопот е често користена рекреативна дрога[3].

Дрога — природна или синтетичка хемиска супстанција која влијае на физиолошките и психичките (интелектуални, емоционални, мотивациони) функции. Повеќекратна употреба води кон навикнување или (психичка и/или физичка) зависност. Земањето на некои дроги (хероин, крек, кокаин) брзо предизвикува зависност, а наглото прекинување на нивната употреба предизвикува појава на апстиненцијален синдром.

Според Светската здравствена организција, дрога е „секоја супстанција, која е во состојба да, кога ќе се најде во жив организам, модификува една или повеќе негови функции и да по повторната употреба предизвика психичка или физичка зависност“. Дрогите главно делуваат на вегетативниот нервен систем. Зависноста од дрога се нарекува наркоманија.

Многу денешни дроги низ историјата се користеле како лекови (хероин, марихуана, хашиш, кокаин). Сумерите, Кинезите, Ацтеките и други народи користеле опиум, кокаин и халуциногени габи за отстранување на болки, зголемување на физичката издржливост на воините, како и во религиозни и други слични цели.

Во 2016 година бил спроведен обемен истражувачки проект (European School Survey Project on Alcohol and Other Drugs) во кој биле опфатени 96.043 ученици во 35 земји во Европа. Според спроведените анкети, во Чешка, 37% од учениците изјавиле дека барем еднаш користеле некоја дрога, а тој процент се движел од 30% до 32% во Бугарија, [[Франција, Лихтенштајн и Монако. Од друга страна, процентот на учениците кои пробале дрога бил помалку од 10% во следниве земји: Албанија, Кипар, Фарски Острови, Финска, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Норвешка, Шведска и Украина. Просечно, во сите земји вклучени во истражувањето, 21% до момчињата и 15% од девојките пробале дрога барем еднаш во животот. Во сите земји, најзастапена дрога била марихуаната која, во просек, ја користеле 16% од испитаниците, а 1% до 2% барем еднаш користеле и некоја друга дрога, како: екстази, амфетамини, кокаин и ЛСД. Во Македонија, 5% од учениците изјавиле дека барем еднаш пробале марихуана, а 4% одговориле дека користеле и некои други дроги.[4]

Поделба на дрогите[уреди | уреди извор]

Светска здравствена организација ја дава следната подела на психоактивните дроги:

Според начинот на кој дрогите се третираат во законските одредби, можат да се поделат на легални и илегални. Во легални дроги спаѓаат алкохолот и никотинот, како и многу лекови (пр. лекови за смирување, против болка, за спиење).

Според психоактивните ефекти дрогите можат да се поделат во три групи: психодепресори, психостимулатори и халуциногени.

Според зависноста дрогите се делат на тешки (опиум, морфиум, кодеин, хероин, кокаин, амфетамин...) и лесни (марихуана, хашиш, псилоцибин, мескалин).

Сооднос на делотворната и смртоносната доза и зависноста на психоактивните супстанции.

Дрогата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Дрогата како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Дрогата како тема во популарната музика[уреди | уреди извор]

  • „Победникот губи“ (англиски: The Winner Loses) - песна на американската рок-група „Бади каунт“ (Body Count) од 1992 година.[10]
  • „Хероин“ (Heroin) - песна на американската рок-група „Велвет андерграунд“ (Velvet Underground) од 1966 година.[11]
  • „Бела светлина, бела жештина“ (White Light White Heat) - песна на американската рок-група „Велвет андерграунд“ (Velvet Underground) од 1968 година.[12]
  • „Таа е како хероин за мене“ (She's Like Heroin To Me) - песна на американската рок-група „Ган клаб“ (The Gun Club) од 1981 година.[13]
  • Кокаинот не може да ми ја уништи болката“ (Cocaine cannot kill my pain) - песна на американскиот рок-музичар Стив Ерл (Steve Earl) од 1996 година.[14]
  • Кокаин“ (Cocaine) - песна на англискиот рок-музичар Ерик Клептон (Eric Clapton).[15]
  • „Дроги“ (Drugs) - песна на американската рок-група „Токинг хедс“ (Talking Heads) од 1979 година.[16]
  • „Пурпурна магла“ (Purple Haze) - песна на американската рок-група „Џими Хендрикс Експириенс“ (The Jimi Hendrix Experience) од 1967 година.[17]
  • „Сакам да се кренам високо“ (I Wanna Get High) - песна на американската хип-хоп група „Сајпрес Хил“ (Cypress Hill) од 1993 година.[18]
  • „Легализирајте ја“ (Legalize It) - песна на американската хип-хоп група „Сајпрес Хил“ (Cypress Hill) од 1993 година.[19]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Deutscher Kaffeeverband (2001-05-04). „Kaffee-Text 1/99“ (PDF) (германски). Посетено на 2007-12-14.
  2. Според статистиките на "Food and Agriculture Organization", производството на кафе во 2006 година било 7,8 милиони тони, а на тутун 6,7 милиони тони.
  3. Lingeman, Drugs from A-Z A Dictionary, Penguin ISBN 0-7139-0136-5
  4. Игор Шегавиќ, „Синтетичките дроги и кокаинот најдостапни на бугарските средношколци“, Дневник, година XX, број 6172, четврток, 22 септември 2016, стр. 10-11.
  5. „Белешка за авторот и делото”, во: Михаил Агеев, Роман со кокаин. Скопје: Темплум, 2007, стр. 218.
  6. Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 112-114.
  7. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18.
  8. Лаура Липман, „Диета со чист кокаин (или, како да ослабите и да го промените својот живот само за еден викенд)“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 22-43.
  9. Ли Чајлд, „Десет килограми“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 7-21.
  10. DISCOGS, Body Count (2) ‎– Body Count (пристапено на 14.8.2020)
  11. The Velvet Underground-Heroin - YouTube (пристапено на 17.4.2016)
  12. YouTube, The Velvet Underground - White Light White Heat - [LIVE 1969 (пристапено на 16.9.2020)]
  13. YouTube, She's Like Heroin To Me -The Gun Club (пристапено на 24.6.2017)
  14. YouTube, Steve Earle - CCKMP (Cocaine cannot kill my pain) (пристапено на 28.1.2017)
  15. YouTube, Eric Clapton- Cocaine (пристапено на 28.1.2017)
  16. YouTube, Talking Heads - Fear of Music (пристапено на 6.3.2018)
  17. YouTube, The Jimi Hendrix Experience - Purple Haze (Audio) (пристапено на 16.9.2020)
  18. DISCOGS, Cypress Hill ‎– Black Sunday (пристапено на 9.7.2020)
  19. DISCOGS, Cypress Hill ‎– Black Sunday (пристапено на 9.7.2020)