Десет килограми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Десет килограми е расказ од Ли Чајлд, објавен во збирката „Кокаински хроники“, во 2010 година, во издание на „Темплум“. Преводот на македонски јазик е дело на Владимир Петревски.

Содржина[уреди | уреди извор]

Еден човек седи во бар во кој влегува друг човек, кого го познава само површно. Новодојдениот изгледа потиштено. Двајцата започнуваат разговор во кој дојденецот кажува дека продавал дрога, но еднаш ги измамил своите партнери и избегал со десет килограми кокаин и со милион долари. Исто така, кажува дека трговците со дрога изнајмиле платен убиец, со име Октавијан, кој треба да им ги врати парите и дрогата. Човекот од барот го убедува новодојдениот да му каже каде ги скрил парите и дрогата. Кога одат на местото, тој го убива продавачот на дрогата и тогаш се открива дека тој е, всушност, убиецот Октавијан. Октавијан им кажува на своите шефови дека ги пронашол парите, но ги лаже дека не ја пронашол дрогата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ли Чајлд, „Десет килограми“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 7-21.