Сунѓерот Боб Панталоновски (англ.SpongeBob SquarePants) е aмериканскацртана серија и медиумска франшиза, емитувана низ целиот свет. Серијата ја има осмислено морскиот биолог и аниматор Стивен Хиленберг и настаната е во неговата продуцентска куќа “Јунајтед планктон пикчерс”. Серијата е сместена во Тихиот Океан, во измислениот град Ќорален Град, опкружено со лагуни. Сунѓерот Боб е пријателски и оптимистички морски сунѓер, кој е веројатно станарот што најмногу фантазира. Живее во ананас на дното на морето со своето куќно милениче, морскиот полжав Гери. Работи во ресторанот кај Красти Краб, морскиот рак. Неговата специјалност се плескавиците, чиј таен рецепт вешто го крие од својот најголем непријател, Планктон. Најдобар пријател на Сунѓерот Боб е морсќата ѕвезда Патрик. Тие двајца се неразделни другари, полни со интересни идеи.