Кога лисјата паѓаат (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кога лисјата паѓаат
Создадена одЕсе Јоренс, Мелек Генчоглу
Напишана одРешат Нури Гунтекин
Режирана одМесуде Ерарслан
УлогиХалил Ергун
Гувен Хокна
Бенну Јилдирмлар
Гокче Бахадир
Фахрије Евџен
Дениз Чакир
Воведна темаYarane
Завршна темаYarane
Земја на потеклоТурција
Првичен јазиктурски
Бр. на епизоди174 / 5 сезони
Продукција
МестоположбаИстанбул
КинематографијаAy Yapım
КамераМултикамера
Времетраење90 минути
Прикажување
Првична мрежаА1 (2010-2011)
Сител (2011-)
Алфа (2021)
Сликов формат480i (SDTV)
Звучен форматстерео
Првично прикажувањеТурцијаТурција
13 септември 2006 - 29 декември 2010
БугаријаБугарија
23 ноември 2009 - 9 Јануари 2012
СрбијаСрбија
6 декември 2010 - сè уште
Босна и ХерцеговинаБосна и Херцеговина
26 март 2011 - сè уште
Македонија Македонија
6 септември 2010 - сè уште

„Кога лисјата паѓаат“ (турски: Yaprak Dökümü) е турска драмска телевизиска серија. Сценариото е земено од истоимениот роман од 1930 г. на турскиот белетрист и драматург Решат Нури (1889-1956).

Приказна[уреди | уреди извор]

„Кога лисјата паѓаат“ е приказна за семејството на Али Риза (Халил Ерѓун) и на неговата жена Хајрије (Ѓувен Хокна), кои своите деца ги воспитуваат со висока морална свест и силни чувства за семејните врски.

Кога семејството ќе се пресели од родното гратче во големиот Истанбул за нивната ќерка Неџла (Фахрије Евџен) да студира на универзитетот, тие ќе се соочат со многу промени во животот. Модерниот свет и економската нестабилност на животот во големиот град се заканите со кои ќе се соочи ова семејство[1].

Семејството на Али Риза, преку кое се разгледува прашањето за силните семејни врски во модерниот начин на живот е под постојана опасност од распаѓање.

Во главните улоги настапуваа одличните турски глумци Халил Ерѓун, Ѓувен Хокна, Бену Јилдиримлар, Џанер Куртаран, Фахрије Евџен, Дениз Чакар и Ѓокче Бахадир. Режисер на оваа серија, што е многу популарна во Македонија, е Месуде Ераслан. Серијата од 12.09.2011 (12 септември) ќе се емитува на Сител ТВ.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец/Глумица Улога Опис на улогата
Халил Ергун Али Риза Текин Главата на семејството, женет за Хајрие. Има 5 деца.
Гувен Хокна Хајрије Текин Жената на Али Риза.
Бенну Јилдиримлар Фикрет Текин Најголемото дете во семејството Текин, понижувањето на неговиот татко, сопруга на Тахсин, маќеа на трите негови деца и мајка на Умут.
Дениз Чакир Ферхунде Сопруга на Исмет (1 сезона) Сопруга на Шевкет (2 сезона), Левент Тунџел (3 сезона) и Митхат (4 сезона).
Фахрије Евџен Неџла Текин втората ќерка на Али Риза и Хаирие, сопруга на Џем (1, 3 сезона), љубовница на Огуз (1 сезона), станува депресивна, лута и конфликтна. (4 сезона).
Толга Карел Оѓуз Сопруг на Лејла (1 сезона), љубовник на Неџла и подоцна Лејла, има дете од Џејда- Каан и сè уште неродено од Лејла.
Џанер Куртаран (1-93)
Хасан Кучукчетин (96-174)
Шевкет Текин Сопруг на Ферхунде (2006 1-93), единствениот син во семејството Текин.
Гокче Бахадир Лејла Текин Ќерка на Али Риза и Хајрие, сопруга на Огуз (1 сезона), подоцна негова љубовница (4 сезона), психички нестабилна во случките од 1 сезона до крајот на втората.
Седа Демир Седеф Ќерка на Нехир, која е вљубена в Шевкет.
Ефсун Караали (1-12)
Шебнем Џеџели (15-174)
Ајше Најмалото дете во семејството.
Ахмет Сарачоѓлу Тахсин Башсој Сопруг на Фикрет (2-4 сезона).
Гулер Октен Џеврије Свекрва на Фикрет.
Башак Сајан Џејда Сопруга на Јаман (1 сезона), мајка на детето на Огуз.
Киванч Касабали Џем Сопругот на Неџла
Ерен Балкан Гулшен Најдобрата пријателка на Ферхунде.
Бедиа Енер Нејјир Мајка на Седеф, најдобра пријателка на семејството Текин.
Јусуф Атала Ахмет Кафеанџијата, пријател на Али Риза и сопруг на Нејјир.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Turkish Drama“. Посетено на July 20, 2016.