Борислав Пекиќ
Борислав Пелиќ Borislav Pekić | |
---|---|
Роден/а | 4 февруари 1930 Подгорица, Југославија (денес Подгорица, Црна Гора) |
Починат/а | 2 јули 1992 Лондон, Англија | (возр. 62)
Почивалиште | Белград, Нови гробишта |
Занимање | Романописец |
Јазик | српско-хрватски |
Националност | српска |
Државјанство | Југословенски |
Борислав В. Пекиќ (Подгорица, 4 февруари 1930 — Лондон, 2 јули 1992)[1] бил еден од најзначајните српски книжевници на XX век, романсиер, драмски писател, филмски сценарист, академик[2] и еден од тринаесет интелектуалци кои ја обновиле работата на Демократска партија.[3]
Животопис
[уреди | уреди извор]Борислав Пекиќ е роден на 4 февруари 1930 година, во Подгорица. Неговиот татко, Војислав Д. Пекиќ, во Кралството Југославија бил висок државен чиновник, така што од раѓањето на Борислав до 1941. година, семејството живеело во неколку места: Подгорица, Стар и Нов Бечеј, Мркоњиќ Град, Книн и Цетиње.[1] На почетокот на Втора светска војна, италијанската окупаторска власт го протерала семејството од Цетиње во Србија. Тогаш, семејството Пекиќ се населило во Баваниште (јужен Банат), а во 1945. година се преселило во Белград. Таму, Борислав го продолжил образованието во Третата машка гимназија, каде матурирал во 1948. година.[1][4]
Набргу по матурирањето, во 1948 година, Борислав Пекиќ бил уапсен и, како припадник на илегалната организација СДОЈ (Савез демократске омладине Југославије), бил осуден на петнаесетгодишна робија со принудна работа и со губење на сите граѓански права за период од 10 години. Казната ја издржувал во затворите во Сремска Митровица и во Ниш, а по пет години, во 1953. година, бил помилуван. Потоа, во периодот 1954-1958 година, студирал експериментална психологија на Филозофскиот факултет во Белград. Во 1958. година се оженил со инж. архитект Љиљана Глишиќ, внука на д-р Милан Стојадиновиќ, кој бил претседател на владата на Југославија (1935—1939) и министер за финансии. Една година подоцна им се родила ќерка Александра. Во 1959 година почнал да работи како драматург и сценарист за филмската куќа „Ловќен филм“. Во период помеѓу 1968. и 1969. година, Пекиќ бил еден од уредниците на „Книжевни новини“. Во 1970 година, заедно со семесјтвото, Пекиќ привремено се преселил во Лондон, по што југословенската власт му го одзела пасошот. Следната година, тој му се прудружил на семејството во Лондон, но останал persona non grata во СФРЈ.[5][6]
Во 1989 година, заедно со уште дванаесет интелектуалци, Пекиќ ја обновил работата на Демократска странка,[3] а следната, 1990 година, станал потпретседател и член на Главниот одбор на оваа партија, како и еден од уредниците на обновениот опозициски весник „Демократија“. Во 1991 година бил кандидат од редовите на Демократска странка за народен пратеник во Собрание на Република Србија,[7] во белградска општина Раковица, каде победил неговиот противкандидат Воислав Шешељ.
Пекиќ бил потпретседател на Српскиот ПЕН-центар од 1990 до 1992 година и член на англискиот ПЕН центар, како и член на англискиот ПЕН-центар, хонорарен соработник на српскохрватската секција на ББЦ, член на Здружението на писателите на Србија, член на Здружението на филмските уметници на Србија и член на Здружението на драмските уметници на Србија. Исто така, од 1985 година бил дописен член на Српска академија на науките и уметностите, а од 1992 година и член на Крунски совет на принцот Александар Караѓорѓевиќ.[7]
Пекиќ починал од рак на белите дробови во својот дом во Лондон, на 2 јули 1992 година, во 63. година од животот. Кремиран е во Лондон, а негова урна се наоѓа во Алејата на заслужни граѓани во Белград. Посмртно, во 1992 година, престолонаследникот Александар го одликувал со Кралски орден со двоглав бел орел од прв степен. По неговата смрт, во Белград бил формиран фондот „Борислав Пекиќ“ чии основачи се Српскиот ПЕН-центар, САНУ, министерството за култура, Бранко Драгаш, Здружението на писателите на Србија и Лилјана Пекиќ, која е директор на фондот. Основната цел на фондот е промоција и објавување на делата на Пекиќ, грижа за неговото книжевно наследство, како и проектите „Борислав Пекиќ за нашите деца“ и доделување на годишната награда „Борислав Пекиќ“ за нови дела. Исто така, фондот редовно го објавува и списанието „Анали на Борислав Пекиќ“ во кое се објавуваат есеи и критики на делата на Пекиќ, неговата биографија и делови од книгите кои ја добиле наградата „Борислав Пекиќ“.[8]
Творештво
[уреди | уреди извор]Во 1965 година се појавил првиот роман на Пекиќ, „Време на чудата“ (Време чуда) којшто привлекол големо внимание кај читателите и кај книжевните критичари. Овој роман во 1976. година бил издаден на англиски јазик од страна на „Harcourt Brace Jovanovic“ во Њујорк, со наслов „Time of Miracles“. Исто така, романот бил преведен на француски (1986), на полски (1986), на романски (1987), на италијански (2004) и грчки јазик (2007). Првиот роман на Пекиќ јасно укажал на две важни одлики на неговата работа: остар антидогматизам и константен скептицизам во поглед на можниот „прогрес“ на човештвото. Неговиот втор роман е „Поклонението на Арсение Негован“ (Hodočašće Arsenija Njegovana) од 1970 година, во кој, помеѓу останатото, дал слика на студентскиот протест од 1968. година. Во 1971 година, романот ја добил „Ниновата награда“, како најдобар југословенски роман.[9][10] По емигрирањето во Лондон, во 1971 година, делата на Пекиќ не биле објавувани, но конечно, во 1975. година се појавила новелата „Успението и падот на Икар Губелкијан“ (Uspenje i sunovrat Ikara Gubelkijana), која била напишана неколку години порано.[10] Подоцна, и таа била преведен на неколку јазици: полски (1980), унгарски (1982), чешки (1985) и француски (1992). Во 1977 година, Пекиќ го испратил ракописот „Како да се упокои вампир“ (Kako upokojiti vampira) кој ја добил првата награда на конкурсот објавен од страна на Здружението на издавачи на Југославија.[11] Подоцна, книгата била преведена на чешки (1980), полски (1985), италијански (1992) и англискиот јазик (2005). Заснован делумно на неговото сопствено искуство во затворот и истрагата, романот ги покажува методите, логиката и психологијата на модерниот тоталитарен режим. Во 1977 година излегол и краткиот роман „Одбраната и последните денови“ (Odbrana i poslednji dani) којшто бил преведен на полски и унгарски (1982), на чешки (1983), француски (1989) и шведски јазик (2003).
По повеќе од две децении подготовка и проучување, во 1978 година се појавил првиот том на седумтомната фантасмагорија „Златното руно“ (Златно руно), а останатите шест тома биле објавени во периодот 1978—1986. година. Со ова дело, Пекиќ се вброил во најзначајните српски и југословенски писатели, а во 1987. година ја добил Његошевата награда. Според мислењето на жирито на „Телевизија Србија“, овој роман влегол во изборот на десет најдобри романи напишани на српски јазик во периодот 1982-1992 година.[10] „Златното руно“ е споредувано од страна на странските критичари со „Улис“ на Џејмс Џојс, со „Буденброкови“ на Томас Ман, како и со „Контрапункт на животот“ на Олдос Хаксли. Првиот, вториот и третиот том на романот биле издадени на француски јазик во 2002, 2003, и 2004 година.
Во 1980-тите, Пекиќ собирал материјал за пишување книга за изгубениот остров „Атлантида“, со намера да даде едно ново објаснување за корените, развојот и пропаста на нашата цивилизација. Од тој интерес произлегле три книги: романот „Беснило“ (1983), романот „1999“ (1984) и „Атлантида“ (1988). Овие книги доживеале голем број изданија во Србија, а „Беснило“ бил продаден во голем тираж. Притоа, „Беснило“ бил преведен на шпански (1988) и унгарски (1994), а „Атлантида“ на чешки јазик (1989). Според гласот на читателите, „Беснило“ влегол влегол во изборот на десет најдобри романи во српската книжевност во периодот 1982-1992. Во 1985 година, романот „1999“ ја добил наградата за научна фантастика, а за „Атлантида“, Пекиќ ја добил „Горановата награда“ во 1988 година. Исто така, овој роман бил избран за најчитана книга на годината од домашен автор и за него Пекиќ ја добил наградата „Белградски победници“. Кон крајот на 1984. година, во издание на „Партизанска книга“ се појавиле одбраните дела на Пекиќ во 12 тома,[6] а за нив тој ја добил Наградата на Здружението на книжевниците на Србија. Кон крајот на 1984 година, во издание на „Партизанска книга“ (Партизанска књига) биле објавени неговите „Избрани дела“ во 12 книги, за кои ја добила наградата на Здружението на книжевниците на Србија. Во 1986 година, списанието „Книжевност“ му доделило специјална плакета на Пекиќ.[11][12]
Следното големо дело на Пекиќ, „Годините што ги изедоа скакулците“ (Године које су појели скакавци), во три тома, било издадено помеѓу 1987. и 1990 година. Два дела од првата книга биле преведени на англиски и објавени во книжевните списанија на Велика Британија. Оваа книга е негова автобиографско-мемоарска проза, со оцена и објаснување на повоените денови, животот и прогонувањето на буржоазијата под комунистичкиот режим. Првата книга од оваа трилогија, според анкетата на два белградски весника, била избрана за најдобра книга во 1987 година, а подоцна влегла и во изборот на десет најдобри книги во српската книжевност за периодот 1982-1992. Исто така, за вториот том од оваа трилогија Пекиќ ја добил Наградата „Милош Црњански“ во 1989 година. Истата година се појавила новата книга на Пекиќ, „Аргонаутика“. За готските приказни со наслов „Нов Ерусалим“ (1989) Пекиќ ја добил Наградaта „Мајски ракувања“ во Црна Гора, во 1990 година. Две приказни од оваа збирка биле објавени на француски, англиски и украински јазик, додека расказот „Човекот што ја јадеше смртта“ (Човек који је јео смрт) бил преведен во Франција, како одделно издание (2005). На брановите на радио-станицата на Француската култура, на 21 септември 2005 година, ова дело било претставено како книга на денот, односно како најдобра книга на странски писател во таа година.[11][13]
Како хонорарен коментатор на Југословенското одделение на Светската секција на „Би-Би-Си“ во Лондон (1986—1991) Пекиќ ги читал своите „Писма од Лондон“ секоја недела; подоцна, тие биле отпечатени во Југославији како: „Писма од туѓина“ (1987), „Нови писма од туѓина“ (1989) и „Последни писма од туѓина“ (1991). Секоја книга содржи педесет писма со духовити и иновативни досетки за Англија и за англискиот народ. За втората од овие книги, во 1990 година, Пекиќ ја добил Награда „Јаков Игњатовиќ“ во Будимпешта, а за третата книга ја добил наградата на графичкото ателје „Дерета“. На истата програма на „Би-Би-Си“ имал и серија за историјата на Велика Британија, која во 1992 година била издадена посмртно под наслов „Сентиментална историја на Британското царство“ (Sentimentalna povest Britanskog carstva). За ова дело, во 1993 година, Пекиќ ја добил Почесната награда на „БИГЗ“, кој бил издавач на книгата. Во 2014 година, издавачката куќа „Лагуна“ од Белград за првпат ги објавила севкупните дела на Пекиќ, во 13 книги (22 тома).[14]
Делата на Пекиќ се преведени на англиски, германски, француски, италијански, шпански, холандски, полски, чешки, словачки, унгарски, романски, реторомански, македонски, словенечки, албански, грчки, шведски и украински.[7]
По смртта на Пекиќ, во Белград бил формиран фондот „Борислав Пекиќ“ чии основачи се Српскиот ПЕН-центар, САНУ, министерството за култура, Бранко Драгаш, Здружението на писателите на Србија и Лилјана Пекиќ, која е директор на фондот. Основната цел на фондот е промоција и објавување на делата на Пекиќ, грижа за неговото книжевно наследство, како и проектите „Борислав Пекиќ за нашите деца“ и доделување на годишната награда „Борислав Пекиќ“ за нови дела. Исто така, фондот редовно го објавува и списанието „Анали на Борислав Пекиќ“ во кое се објавуваат есеи и критики на делата на Пекиќ, неговата биографија и делови од книгите кои ја добиле наградата „Борислав Пекиќ“.[8]
Филм, театар и радио
[уреди | уреди извор]Уште во 1959. година Пекиќ го напишал своето прво филмско сценарио за кое ја добил првата награда на анонимниот конкурс на „Ловќен филм“, а вкупно ги напишал над дваесет, меѓу кои и „Ден четиринаести“ (Dan četrnaesti), кој ја претставувал Југославија на Канскиот филмски фестивал во 1961. година. Во 1970-тите години Пекиќ се издвоил како еден од најдобрите современи драмски писатели на Србија. Редовно пишувал радио-драми за „Westdeutscher Rundfunk“ во Келн, како и за „Süddeutscher Rundfunk“ во Штутгарт. Од 27 драми кои се изведени и/или печатени во Србија, 17 имале своја премиера во Германија. Повеќето биле трансформирани во театарски и/или ТВ-драми и добивале бројни награди. Неговата драма Генерали или Сродство по оружје (1969) може да се најде во секоја антологија на српската современа драма, а за неа ја добил Награда Стеријино позорје за комедија на годината (1972), како и Наградата Кнегиња Милица (1991) и плакетата „Печат“ за специјални заслуги (1991) на Народниот театар од Белград. Неговите театарски дела биле многу популарни, а најпознати се Цинцари или Корешподенција (1979), заснована на четвртиот том од „Златно руно“, играна е 300 пати во театарот Атеље 212 во Белград, во период од 24 години. Исто така, Пекиќ ја добил првата награда на Радио Загреб за драмата 189. Степеник (1982), првата награда на конкурсот на РТВ Белград во категоријата за радиодрамски емисии (1987), како и првата награда на фестивалите во Охрид и во Варна за Како да го забавуваш господин Мартин (1990).[9][15]
Пекиќ работел на многу филмови, напишал повеќе од дваесет оригинални сценарија и адаптирал некои од своите романи за филм. Филмот Време на чудата бил избран да ја претставува Југославија на Канскиот фестивал во 1991 година, каде Горан Паскаљевиќ ја добил наградата за режија, а подоцна филмот учествувал и на фестивалите во Глазгов, Москва, Монтреал и Врњачка Бања. Филмот „Ѓаволски рај“ (1989), работен по книгата „Одбраната и последните денови“, ја добил наградата на филмскиот фестивал во Токио во 1989 година, а истата година учествувал на фестивалите во Монпелје (Франција), Пула (Хрватска), Сан Себастијан (Шпанија), Лос Анџелес и Сан Франциско. Во септември 1997 година, по повод педесетгодишнината на југословенскиот игран филм, Пекиќ ја добил почесната плакета на фестивалот „Мојковачка филмска есен“.[16]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Борислав Пекиќ 1930 — 1992 (Изложба по повод 80 години од раѓање)“ (PDF) (српски). Општина Врачар (Белград). април 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-16. Посетено на 21 септември 2011.
- ↑ Потекло на зборот - Антологија на српскиот расказ I, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2016, стр. 203.
- ↑ 3,0 3,1 Основачи на Демократската странка („Политика“, 23 март 2008)
- ↑ „O autoru“, во: Borislav Pekić, Hodočašće Arsenija Njegovana. Beograd: Laguna, 2014, стр. 341.
- ↑ „O autoru“, во: Borislav Pekić, Hodočašće Arsenija Njegovana. Beograd: Laguna, 2014, стр. 341-342.
- ↑ 6,0 6,1 „Beleška o piscu“, во: Borislav Pekić, Odbrana i poslednji dani. Beograd: BIGZ, 1989, стр. 133.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 „O autoru“, во: Borislav Pekić, Hodočašće Arsenija Njegovana. Beograd: Laguna, 2014, стр. 344.
- ↑ 8,0 8,1 „O autoru“, во: Borislav Pekić, Hodočašće Arsenija Njegovana. Beograd: Laguna, 2014, стр. 344-345.
- ↑ 9,0 9,1 „Beleška o piscu“, во: Borislav Pekić, Sentimentalna povest Britanskog carstva (drugo izdanje). Novi Sad: Solaris, 2006, str. 329-330.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 „O autoru“, во: Borislav Pekić, Hodočašće Arsenija Njegovana. Beograd: Laguna, 2014, стр. 342.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 „Beleška o piscu“, во: Borislav Pekić, Sentimentalna povest Britanskog carstva (drugo izdanje). Novi Sad: Solaris, 2006, стр. 329-330.
- ↑ „O autoru“, во: Borislav Pekić, Hodočašće Arsenija Njegovana. Beograd: Laguna, 2014, стр. 342-343.
- ↑ „O autoru“, во: Borislav Pekić, Hodočašće Arsenija Njegovana. Beograd: Laguna, 2014, стр. 343.
- ↑ „O autoru“, во: Borislav Pekić, Hodočašće Arsenija Njegovana. Beograd: Laguna, 2014, стр. 343-345.
- ↑ „O autoru“, во: Borislav Pekić, Hodočašće Arsenija Njegovana. Beograd: Laguna, 2014, стр. 341-344.
- ↑ „O autoru“, во: Borislav Pekić, Hodočašće Arsenija Njegovana. Beograd: Laguna, 2014, стр. 345.
|
- Луѓе од Подгорица
- Црногорски Срби
- Српски драматурзи
- Српски романописци
- Српски писатели на научна фантастика
- Српски слободни ѕидари
- Југословенски дисиденти
- Православни христијани од Србија
- Српски писатели
- Апсолвенти на Белградскиот универзитет
- Родени во 1930 година
- Починати во 1992 година
- Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)