Вјачеслав Екимов
Екимов на прологот на Трката околу Калифорнија 2006 | ||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Вјачеслав Владимирович Екимов | |||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Еки | |||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 4 февруари 1966 Виборг, СССР | |||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Катјуша-Алпесин | |||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач (повлечен) Спортски директор | |||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометар | |||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||
1990–1992 1993 1994 1995 1996 1997-1998 1999 2000-2006 | Панасоник Новемејл ВордПерфект Новел Рабобанк Дискавери Канал Амика Чип Дискавери Канал | |||||||||||||||||||||||||||||
Менаџер на клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||
2009–2011 2012- | Тим РадиоШек Катјуша | |||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 5 април 2016 |
Вјачеслав Владимирович Екимов (руски: Вячеслав Владимирович Екимов; р. 4 февруари 1966 во Виборг — поранешен руски професионален друмски велосипедист, кој бил трикратен олимписки златен медалист, како и ја добил титулата „руски велосипедист на векот“ во 2001 година.
Во октомври 2012 година бил најавен како генерален менаџер на руската екипа Катјуша-Алпесин.[1] Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI), во писмо напишано до екипата Катјуша, им забранила учество на Светската турнеја 2013. Помеѓу другите етички прекршување, кои ги навела UCI, поставувањето на Екимов било помеѓу нив.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Екимов започнал со велосипедизам на 12 години со велосипедската школа поврзана со познатиот центар на Александар Кузнецов. Вежбал во Ленинград во Локомотив, а подоцна во спортското друштво на Вооружените сили во советско време. Првпат професионално настапил во 1990 година.
Екимов освоил три олимписки златни медали: во екипна потера во Сеул (1988) за СССР, и подоцна со преминот во друмски велосипедизам, хронометар во Сиднеј (2000) за Русија. На Летните олимписки игри 2004 во Атина, Екимов го освоил сребрениот медал за Русија на поединечниот хронометар, губејќи од Американецот Тајлер Хамилтон. Првичниот примерок на крв на Хамилтон се покажал позитивен на допинг, но лабораторијата по грешка го замрзнала вториот примерок, потребен за задолжителниот втор тест. Иако Рускиот олимписки комитет ги обжалил крајните пласмани во корист на Екимов, грешката од лабораторијата направила невозможно да се докаже вината на Хамилтон и Американецот го добил златниот медал. (Хамилтон повторно се покажал позитивен неколку недели подоцна и добил двегодишна суспензија.) Во август 2012 година, на Хамилтон му бил одземен медалот, а Екимов го добил златото.[3]
Екимов се приклучил на екипата УСПС во 1997 година како негово прво меѓународно учество, пред кратко да се повлече во 2001 година, пред повторно да се приклучи на екипата следната година. На Тур де Франс 2003, Екимов завршил десетти на прологот. Бил клучен во победата на екипниот хронометар на четвртата етапа и бил важен за петтата победа на Тур на Ленс Армстронг, како на рамните етапи, така и на планинските. Го пропуштил Тур де Франс 2005 поради повреди здобиени при тренинг со Армстронг во Тексас.[4] Во текот на завршната етапа на Тур де Франс 2006, возејќи за Дискавери Ченл Про Сајклинг Тим, објавил дека Тур 2006 е негов последен. Бил почестен од главната група на завршната група, дозволувајќи му да поведе на првиот од осумте круга на Шанзелизе. Екимов започнал и завршил 15 трки на Тур де Франс, изедначувајќи се со Лисјен ван Импе како трет со најмногу завршници на Тур, зад Јоп Зутемелк и Џорџ Хинкапи.
Во септември 2006 година завршил со возење за Дискавери, но останал во екипата како помошник на спортскиот директор Јохан Брујнел.[5] Им помогнал на возачите на американските првенства во 2006 година, како и на трките Трка околу Калифорнија и Трка околу Џорџија.
На 9 септември 2009 година било објавено дека ќе се приклучи на Тим РадиоШек како спортски директор.[6]
Во август 2012 година, на Тајлер Хамилтон му бил официјално одземен златниот медал од олимпискиот хронометар по признанието за допинг. Како второпласиран на трката, Екимов го добил првото место и го добил златниот медал.[7]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 1988
- 1. Олимписки игри - екипна потера
- 1. Краен пласман Реџо-Тур
- 1. Вуелта ал Тахира
- 1. Тур де Норманди
- 1989
- 1. Сиркут Франко-Белж
- 1990
- 1. Светско велодромско првенство - поединечна потера
- 1991
- 1. Светско велодромско првенство - бодовна трка
- 1. Етапа 20 Тур де Франс
- 1. Етапа 3 Критериум Интернасионал
- 1992
- 1. Цири-Мецгете
- 3. Краен пласман Четири дена Динкерк
- 1. Етапа 5
- 1993
- 1. Класика де Алмерија
- 1. Етапа 5 Тур де Свис
- 1994
- 1. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад Валенсијана
- 1. Етапа 2
- 1. Краен пласман Тур ДиПон
- 1. Венендал-Венендал
- 1995
- 1. Етапа 5 Тур де Свис
- 2. Краен пласман Тур ДиПон
- 4. Париз-Рубе
- 1996
- 1. Краен пласман Три дена Де Пане
- 1997
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Етапа 8 Париз-Ница
- Критериум ди Дофине Либере
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 5 Вуелта а Кастиља и Леон
- 1998
- 1. Етапа 6 Пруденшл Тур
- 2. Краен пласман Трка околу Холандија
- 1999
- 1. Етапа 15 Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 5 Тур де Свис
- 2000
- 1. Олимписки игри
- 1. Гран при Еди Меркс
- 1. Краен пласман Три дена Де Пане
- 2001
- 1. Етапа 5 Вуелта а ла Комунидад Валенсијана
- 2003
- 1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
- 1. Краен пласман Трка околу Холандија
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 3. Париз-Рубе
- 2004
- 1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
- 2. Краен пласман Трка околу Холандија
- 1. Етапа 4
- 2. Краен пласман Тур де Лангдок-Русијон
- 1. Олимписки игри - хронометар[8]
- 5. Краен пласман Трка околу Грузија
- 5. Гран при Еди Меркс
- 2005
- 1. Етапа 4 (ITT) Три дена Де Пане
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Вјачеслав Екимов станува нов генерален менаџер на Катјуша“. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 2016-04-05.
- ↑ „UCI наведува етички причини за отстранување на Катјуша“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-04-05.
- ↑ „Tyler Hamilton stripped of Athens Olympics gold after doping admission“. The Guardian. Guardian Media Group. 10 август 2012. Посетено на 2 ноември 2012.
- ↑ Ekimov blow hits Armstrong's team
- ↑ Discovery Channel axe 11 riders
- ↑ „Ekimov to direct Armstrong's RadioShack in 2010“. Cyclingnews. 9 септември 2009. Посетено на 2 ноември 2012.
- ↑ „Cyclist Tyler Hamilton who accused Lance Armstrong of doping is stripped of 2004 gold medal after admitting he used drugs“. Daily Mail. Associated Newspapers Ltd. Associated Press. 9 август 2012. Посетено на 10 август 2012.
- ↑ Хамилтон, освојувачот на златниот медал на хронометарот на Летните олимписки игри, признал употреба на допинг и му бил одземен медалот. Екимов, кој завршил втор, го добил златниот медал.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вјачеслав Екимов“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- „Достигнувања на Вјачеслав Екимов“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Вјачеслав Екимов“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Вјачеслав Екимов“. ProCycling.
- Родени во 1966 година
- Луѓе од Виборг (Русија)
- Руски велосипедисти
- Олимписки велосипедисти на Советскиот Сојуз
- Олимписки златни медалисти за Советскиот Сојуз
- Олимписки велосипедисти на Русија
- Олимписки златни медалисти за Русија
- Олимписки сребрени медалисти за Русија
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 1988
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2000
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004
- Руски етапни победници на Тур де Франс
- Руски етапни победници на Вуелта а Еспања
- Олимписки медалисти во велосипедизам
- Етапни победници на Тур де Свис
- Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен
- Носители на орденот „Знак на Честа“