Алесандро Балан
Алесандро Балан на Трката околу Полска 2009 | ||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Алесандро Балан | |||||||||||||||||||||||
Прекар | Бонтемпино (Bontempino) | |||||||||||||||||||||||
Роден | 6 ноември 1979 Кастелфранко Венето, Италија | |||||||||||||||||||||||
Висина | 1,90 м | |||||||||||||||||||||||
Маса | 72 кг | |||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | суспендиран | |||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за класици | |||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||
2004–2009 2010–2014 | Лампре Верандас Вилемс | |||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||
Последна промена 23 октомври 2014 |
Алесандро Балан (италијански: Alessandro Ballan; р. 6 ноември 1979 во Кастелфранко Венето, Венето) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Интермарше-Сиркус-Ванти и е поранешен светски првак.[1] Иако ја поседува формата, во која обично е поврзуван со искачувањето, Балан се има поставено како водечки кандидат во пролетните класици во изминативе години. Неговиот прекар, Bontempino, е деминитувна форма поврзувана со Гвидо Бонтемпи, со кого е поврзуван.[2]
Кариера
[уреди | уреди извор]Балан станал професионалец во 2004 со екипата Лампре. И покрај неговата солидна аматерска кариера, Балан не бил баран од професионалните екипи и затоа тој барал мала помош во обезбедувањето професионален договор.[2] Во неговата прва сезона, Балан работел како помагач за Романс Вајнштајнс и Џанлука Бортолами.
2005
[уреди | уреди извор]Во 2005, на Балан му била дадена шанса за постигнување високи пласмани во пролетните класици и успеал да победи на една етапа и да го освои второто место во крајниот пласман на Три дена Де Пане,[3] заедно со шестото место на Трката околу Фландрија,[4] напаѓајќи ја водечката група на 37 километри пред крајот. Подоцна во сезоната, успеал да ја постигне својата прва ProTour победа со освојувањето на етапата 4 на Енеко Тур Бенелукс.[5]
2006
[уреди | уреди извор]Во 2006, Балан ја започнал кампањата на пролетните класици како високо ценет кандидат, особено поради неговите резултати во 2005 и успехот во претходните трки, како што се Трофеј Лагвелија,[6] второто место зад Том Бонен на Е3 Харелбеке[7] и третото место во генералниот пласман на Тирено-Адријатико.[8] Балан бил водечки фаворит во класиците: завршил петти на Трката околу Фландрија[9] и трет на Париз-Рубе, откако биле дисквалификувани Петер ван Петегем, Владимир Гусев и Лиф Хост.[10] Подоцна во сезоната, Балан го докажал неговиот талент со второто место на етапата 12 на Тур де Франс[11] и третото место во генералниот пласман на Трката околу Полска.[12] Балан завршил шести во поединечниот пласман на UCI ProTour 2006.[13]
2007
[уреди | уреди извор]Во 2007, Балан настрадал за време на Тирено-Адријатико и ја скршил клучната коска. И покрај оваа повреда, Балан работел напорно на Милано-Санремо, сепак екипниот водач Даниеле Бенати не победил на трка. Две недели подоцна, Балан ја освоил Три дена Де Пане, откако направил бегство на етапата 1. Балан не успеал да победи етапа, но го победил неговиот најблизок соперник Лука Паолини во текот на последниот хронометар, каде Балан завршил 10. На 8 април, Балан ја освоил Трка околу Фландрија во тесна спринтерска завршница со локалниот фаворит Лиф Хост од Белгија. Балан бил првиот Италијанец, кој победил на Трка околу Фландрија и Три дена Де Пане во иста сезона. На 19 август победил на Ватенфал Класик со напад во последниот километар, излегувајќи пред сите спринтери, вклучувајќи го поранешниот победник Оскар Фреир и младиот германски спринтер Гералд Чолек, со што го освоил неговиот втор еднодневен класик во сезоната.
2008
[уреди | уреди извор]Пролетта 2008 не била успешна како онаа од 2008, иако бил вклучен во одлучувачкото бегство на Париз-Рубе и возел силно до третото место зад поранешните победници Том Бонен и Фабијан Канчелара, со кои заедно влегол во познатиот велодром во Рубе, губејќи во спринтот на завршната линија. Ова дошло една недела по освоеното четврто место на Трката околу Фландрија, каде бил бранител на титулата. Повторно ја избегнал домашната трка – Џиро д’Италија, но возел на другите две големи трки – Тур де Франс и Вуелта а Еспања, победувајќи една планинска етапа и носејќи ја водачката маичка потоа.[14]
Во септември 2008, Балан станал светски друмски првак. Во трката, во која првакот од 2008 и италијанскиот сонародник Паоло Бетини биле фаворити, Балан повторно бил вклучен во одлучувачкото бегство во последниот круг на трката во Варезе. Од групата со 12 возачи, вклучувајќи ги и Италијанците Дамијано Кунего и Давиде Ребелин, Балан нападнал во последните 1.500 метри и издржал во спринтот за победа од 3 секунда во неговата татковина.[15]
2009
[уреди | уреди извор]Страдајќи од клетвата на маичката со виножито (која се носи цела година, бидејќи е светски првак), на Балан му бил дијагностициран цитомегаловирус во март 2009 и како последица на тоа не бил во можност да се натпреварува на пролетните класици и Џиро. За време на Тур де Франс, извршил еден напад и отишол во бегство на 19. етапа, но бил фатен пред целната линија.[16]
Во август 2009, ја освоил Трката околу Полска.[17] Балан потпишал со Верандас Вилемс за сезоната 2010.[18]
Балан бил под истрага за допинг и потоа бил суспендиран од неговата екипа БМЦ.[19] Подоцна му била укината казната и повторно му било дозволено да се трка на 28 мај.[20]
2012
[уреди | уреди извор]На Трката околу Фландрија 2012, Балан завршил трет по воведното бегство на 25 километри пред крајот. Бонен и Поцато го презеле водството и завршиле пред Балан во завршниот спринт.[21] Во декември, Балан доживеал тежок пад при спуст на тренинг со неговата екипа во Шпанија. Имал фрактура на неговата лева бутна коска, скршил ребро и ја продупчил неговата слезина, која морала да се отстрани. Поминал малку повеќе од една недела на интензивна нега.[22]
Обвинувања за допинг
[уреди | уреди извор]Балан е еден од 27. луѓе осомничени во Италија како дел од истрагата за допинг Мантова. Во 2010, кога била најавена истрагата, тој бил привремено суспендиран од БМЦ.[23] Подоцна бил прогласен за невин од БМЦ и му било дозволено повторно да вози на 28 мај 2010.[24] Во ноември 2013 било објавени дека CONI барал двегодишна забрана поради прекршување на членот 2.2 од кодексот на ВАДА.[25]
Во јануари 2014, италијанскиот Олимписки комитет му одредил на Балан двегодишна суспензија. Балан нема да има право да настапи на било која трка до 16 јануари 2016 година. Воедно, покрај забраната, Балан треба да плати и парична казна од 2.000 евра.[26] Неговиот договор со Ванти-Груп Гобер бил подоцна раскинат.[27]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2005
- 1. Етапа 1 Три дена Де Пане
- 1. Етапа 4 Енеко Тур Бенелукс
- 6. Трка околу Фландрија
- 2006
- 1. Трофеј Лагвелија
- 2. Е3 Харелбеке
- 2. Етапа 12 Тур де Франс
- 3. Париз-Рубе
- 3. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 5. Трка околу Фландрија
- 8. Милано-Санремо
- 2007
- 1. Краен пласман Три дена Де Пане
- 1. Трка околу Фландрија
- 1. Ватенфал Класик
- 4. Класика де Сан Себастијан
- 5. Краен пласман Трка околу Полска
- 2008
- 1. Светско друмско првенство
- 1. Етапа 7 Вуелта а Еспања
- 2. Монтепаски Страде Бјанке
- 3. Париз-Рубе
- 4. Трка околу Фландрија
- 2009
- 1. Краен пласман, Трка околу Полска
- 1. Етапа 5
- 2010
- 2. Етапа 15 Тур де Франс
- 3. Национален друмски првак
- 5. Краен пласман Трка околу Полска
- 2011
- 2. Монтепаски Страде Бјанке
- 4. Милано-Санремо
- 6. Париз-Рубе
- 2012
- 1. Џиро ди Тоскана
- 1. Етапа 7 Енеко Тур
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
- 3. Париз-Рубе
- 3. Трка околу Фландрија
- 4. Страде Бјанке
- 8. Милано-Санремо
- 9. Е3 Харелбеке
Распоред на резултатите на Гранд Тур
[уреди | уреди извор]Гранд Тур | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | 103 | — | — |
Тур | 67 | 88 | 94 | 95 | 87 | — | — | — | — |
Вуелта | — | — | СО | СО | — | — | 63 | — | — |
СО = се откажал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Аткинс, Бен; Браун, Грегор; Фрибе, Даниел; Кренер, Хедвиг (28 септември 2009). „Балан крунисан за нов крал на Италија“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 3 јануари 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Малони, Тим (7 април 2005). „Балан ги следи чекорите на Бартоли?“. Cyclingnews.com. Посетено на 27 септември 2006.
- ↑ id=road/2005/mar05/depanne05/depanne054 „Резултати од Три дена Де Пане“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). 31 март 2005. Посетено на 27 септември 2006. Недостасува права црта во:|url=
(help) - ↑ „Резултати од 89. Трка околу Фландрија“. 3 април 2005. Посетено на 27 септември 2006.
- ↑ „Резултати од 1. Енеко Тур Бенелукс“. 10 август 2005. Посетено на 27 септември 2006.
- ↑ „Резултати од 43. Трофеј Лагвелија“. 14 февруари 2006. Посетено на 27 септември 2006.
- ↑ „Резултати од 49. Е3 Харелбеке“. 27 септември 2006. Посетено на 27 септември 2006.
- ↑ „Резултати од 41. Тирено-Адријатико“. 14 март 2006. Посетено на 27 септември 2006.
- ↑ „Резултати од 90. Трка околу Фландрија“. 2 април 2006. Посетено на 27 септември 2006.
- ↑ „Резултати од 104. Париз-Рубе“. 9 април 2006. Посетено на 27 септември 2006.
- ↑ „Резултати на етапа 12 на 93. Тур де Франс“. 14 јули 2006. Посетено на 27 септември 2006.
- ↑ „Резултати од 63. Трка околу Полска“. 10 септември 2006. Посетено на 27 септември 2006.
- ↑ „Поединечен пласман на UCI ProTour“. 12 декември 2006. Архивирано од изворникот на 2008-11-13. Посетено на 12 декември 2006.
- ↑ http://autobus.cyclingnews.com/road/2008//vuelta08/?id=results/vuelta087
- ↑ http://autobus.cyclingnews.com/road/2008/worlds08/?id=results/worlds086
- ↑ „Светскиот првак Балан на патека во Рубе“.
- ↑ „Италијанецот Балан победил на Трката околу Полска“. AFP. 2009-08-09. Посетено на 2009-08-10.
- ↑ VeloNews.com (1 септември 2009). „Хинкапи потврди за БМЦ со Балан, Крон, Бургхарт“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2009-09-03. Посетено на 2 септември 2009.
- ↑ „Лампре одбива да ги суспендира возачите, кои се под истрага“.
- ↑ „BMC Racing Team: Statement Regarding Alessandro Ballan“. Архивирано од изворникот на 2010-06-09. Посетено на 2012-04-30.
- ↑ Декалуве, Брехт (1 април 2012). „Бонен победи на Трката околу Фландрија 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 2 април 2012.
- ↑ Бен Аткинс (28 декември 2012). „Алесандро Балан надвор од интензивна нега по операцијата на ногата и абдоменот“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 29 декември 2012.
- ↑ „Лампре одби да суспендира возачи поради истрагата Мантова“.
- ↑ „BMC Racing Team: Statement Regarding Alessandro Ballan“. Архивирано од изворникот на 2010-06-09. Посетено на 2012-04-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-02-22. Посетено на 2014-01-14.
- ↑ „Светски шампион во велосипедизам користел допинг“. Офсајд. Офнет. 17 јануари 2014. Посетено на 21 јануари 2014.
- ↑ Вин, Најџел (17 јануари 2014). „Алесандро Балан избркан од БМЦ по забраната поради допинг“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 18 јануари 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Алесандро Балан“ на Ризницата ? |
- Профил на екипната страница Архивирано на 7 мај 2006 г.
- Профил на Eurosport Архивирано на 29 септември 2007 г.
- Алесандро Балан на Trap-Friis.dk
- Предлошка:Cyclingarchives
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник Том Бонен |
Трка околу Фландрија 2007 |
Наследник Стајн Дефолдер |
Претходник Оскар Фреир |
Ватенфал Класик 2007 |
Наследник Роби Мекјуан |
Претходник Јенс Фојгт |
Трка околу Полска 2009 |
Наследник Даниел Мартин |