Светска турнеја на UCI 2021

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светска турнеја на UCI 2021
Тринаесетто издание на Светска турнеја на UCI
Лого на Светската турнеја {!}alt=Logo
Лого на Светската турнеја
Поединости
Датуми21 февруари – 19 октомври
МестаКанада, Кина, Европа и Среден Исток
Трки33
2020
2022


Светска турнеја на UCI 2021 — низа трки предвидени во сезоната 2021, кои вклучуваат триесет и три друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2021.[1] Турнејата започнала со воведната етапа на Трка ОАЕ на 21 февруари,[1] а е предвидено да заврши со завршната етапа на Трката околу Гуангси на 19 октомври.

Настани[уреди | уреди извор]

Календарот за 2021 година бил објавен во есента 2020 година.[1]

Трки во Светската турнеја на UCI 2021[1]
Трка Датум Победник Втор Трет
ОАР Трка ОАЕ 21–27 февруари  Тадеј Погачар (СЛО)  Адам Јејтс (ВБР)  Жоао Алмеида (ПОР)
Белгија Омлоп Хет Ниусблад 27 февруари  Давиде Балерини (ИТА)  Џејк Стјуарт (ВБР)  Сеп Ванмарке (БЕЛ)
Италија Страде Бјанке 6 март  Матје ван дер Пул (ХОЛ)  Жилијан Алафилип (ФРА)  Еган Бернал (КОЛ)
Франција Париз-Ница 7–14 март  Максимилијан Шахман (ГЕР)  Александар Власов (РУС)  Јон Исагире (ШПА)
Италија Тирено-Адријатико 10–16 март  Тадеј Погачар (СЛО)  Ваут ван Ерт (БЕЛ)  Микел Ланда (ШПА)
Италија Милано-Санремо 20 март  Јаспер Стејвен (БЕЛ)  Кејлеб Јуан (АВС)  Ваут ван Ерт (БЕЛ)
Шпанија Волта а Каталуња 22–28 март  Адам Јејтс (ВБР)  Ричи Порт (АВС)  Герајнт Томас (ВБР)
Белгија Класик Брухе-Де Пане 24 март  Сем Бенет (ИРС)  Јаспер Филипсен (БЕЛ)  Паскал Акерман (ГЕР)
Белгија Е3 Саксо Банк Класик 26 март  Каспер Асгрен (ДАН)  Флоријан Сенешал (ФРА)  Матје ван дер Пул (ХОЛ)
Белгија Гент-Вевелгем 28 март  Ваут ван Ерт (БЕЛ)  Џакомо Ницоло (ИТА)  Матео Трентин (ИТА)
Белгија Дварс дор Вландерен 31 март  Дилан ван Барле (ХОЛ)  Кристоф Лапорт (ФРА)  Тим Мерлир (БЕЛ)
Белгија Трка околу Фландрија 4 април  Каспер Асгрен (ДАН)  Матје ван дер Пул (ХОЛ)  Грег ван Авермат (БЕЛ)
Шпанија Трка околу Баскија 5–10 април  Примож Роглич (СЛО)  Јонас Вингегор (ДАН)  Тадеј Погачар (СЛО)
Холандија Амстел Голд Рејс 18 април  Ваут ван Ерт (БЕЛ)  Том Пидкок (ВБР)  Максимилијан Шахман (ГЕР)
Белгија Флеш Валон 21 април  Жилијан Алафилип (ФРА)  Примож Роглич (СЛО)  Алехандро Валверде (ШПА)
Белгија Лиеж-Бастоњ-Лиеж 25 април  Тадеј Погачар (СЛО)  Жилијан Алафилип (ФРА)  Давид Годи (ФРА)
Швајцарија Тур де Романди 27 април – 2 мај  Герајнт Томас (ВБР)  Ричи Порт (АВС)  Фаусто Маснада (ИТА)
Италија Џиро д’Италија 8–30 мај
Франција Критериум ди Дофине 30 мај – 6 јуни
Швајцарија Тур де Свис 6–13 јуни
Франција Тур де Франс 26 јуни – 18 јули
Шпанија Класика де Сан Себастијан 31 јули
Полска Трка околу Полска 9–15 август
Шпанија Вуелта а Еспања 14 август – 5 септември
Германија ЈуроАјс Класик 15 август
Франција Класик Бретања 22 август
Белгија/Холандија БинкБенк Тур 30 август – 5 септември
Канада ГП Квебек 10 септември
Канада ГП Монтреал 12 септември
Германија Ешборн-Франкфурт 19 септември[б 1]
Франција Париз-Рубе 3 октомври[б 2]
Италија Џиро ди Ломбардија 9 октомври
Кина Трка околу Гуангси 14–19 октомври

Откажани настани[уреди | уреди извор]

Поради логистички проблеми поврзани со пандемијата на КОВИД-19 покренати од страна на екипите во однос на патувањето во Австралија (вклучувајќи ги строгите обврски за карантин), трката Тур Даун Андер (19–24 јануари) и трката Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ (31 јануари) биле откажани. Организаторите на Тур Даун Андер одржале домашен велосипедски фестивал со повеќе трки во разни дисциплини.[4][5]

Дополнително, од други причини, организаторите на Трката околу Калифорнија во САД, како и оние на Класикот Лондон-Сари во Велика Британија, не побарале регистрација на нивните трки во календарот 2021.[6]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Трката Ешборн-Франкфурт била закажана за 1 мај, но била одложена поради пандемијата на коронавирусот во Германија.[2]
  2. Трката Париз-Рубе била закажана за 11 април, но била одложена поради пандемијата на коронавирусот во Франција.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „The UCI reveals the 2021 calendars for the UCI WorldTour and UCI Women's WorldTour“. UCI. Посетено на 25 October 2020.
  2. „UCI. Ecco i calendari rivisitati del Worldtour maschile e femminile“ (италијански). 18 March 2021. Посетено на 3 April 2021.
  3. Farrand, Stephen (1 April 2021). „Paris-Roubaix postponed to October due to COVID-19 pandemic in France“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 April 2021.
  4. „From the ashes: Festival of Cycling rises from TDU and bushfires“. SBS Cycling Central. 23 December 2020. Посетено на 24 January 2021.
  5. „2021 Tour Down Under cancelled due to COVID-19 pandemic“. Cyclingnews.com. Future plc. 1 November 2020. Посетено на 1 November 2020.
  6. „UCI Calendar 2021“. www.uci.org. 28 July 2020. Посетено на 1 January 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]