Јаспер Филипсен
Филипсен на Париз-Рубе за млади во 2016 година | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Јаспер Филипсен | ||
Роден | 2 март 1998 Мол, Белгија | ||
Висина | 1,76 м[1] | ||
Маса | 69 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Алпесин-Декојнинк | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 25 ноември 2022 |
Јаспер Филипсен (холандски: Jasper Philipsen; р. 2 март 1998) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Алпесин-Декојнинк.[2][3]
Кариера
[уреди | уреди извор]Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[4] Во октомври 2020 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2020,[5] каде ја освоил етапата 15. Учествувал на својот втор Тур де Франс во 2021 и иако не освоил ниедна етапа, имал многу ветувачки резултати, вклучувајќи места на подиум неколку пати. Возел на Вуелта а Еспања 2021, каде освоил две етапи.[6] Исто така ја носел маичката за бодовен пласман на неколку етапи, за која се борел со Фабио Јакобсен, пред да одлучи дека имал успешна трка и да реши да се повлече на половина трка поради слаба треска.[7]
Рано во сезоната 2022 го освоил бодовниот пласман и две етапи на Трката ОАЕ. Потоа, го освоил бодовниот пласман и етапа на Трката околу Турција и етапа на Трката околу Белгија.
Настапил на Тур де Франс 2022 каде екипата целела на етапни победи за Филипсен и за Матје ван дер Пул. Филипсен првично мислел дека ќе ја освои четвртата етапа, но Ваут ван Ерт ја изненадил главната група и нападнал додека ја носел жолтата маичка. По Алпите добил шанса да ја освои етапата 15 откако последниот возач од бегството бил достигнат во завршниот километар. Успеал да биде пред претходните етапни победници Ван Ерт и Мадс Педерсен со што ја освоил првата етапна победа за екипата на трката.[8] По етапата Тадеј Погачар пришол во приватниот простор на екипата надвор од печатот и публиката за да му честата на неговата прва победа во кариерата на Тур. Неговата втора етапна победа дошла на последниот ден во Париз, каде ги претекнал другите во борба за етапната победа.
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2015
- 1. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 2016
- 1. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 1. Е3 Харелбеке јуниори
- 1. Класик Гвидо Рејбрук
- 2017
- 1. Краен пласман Триптих на планините и замоците
- 1. Етапа 2
- 1. Париз-Тур за млади
- Џиробио
- 1. Етапа 2 Тур Алзас
- 1. Етапа 5 Трка Олимпија
- 2. Трка околу Фландрија за млади
- 2. ЗЛМ Тур
- 2018
- 1. Краен пласман Триптих на планините и замоците
- 1. Гилне Гутуер
- 1. Етапа 4 Трка околу Јута
- 1. Етапа 3 Џиробио
- 3. Три дена Де Пане
- 4. Тур де л’Еурометропол
- 4. Париз-Рубе за млади
- 5. Дорпеномлоп Рукфен
- 6. ГП Џеф Схеренс
- 7. Гран при д’Исберг
- 8. ГП Импанис-Ван Петегем
- 9. ГП Лилехамер
- 2019
- 1. Етапа 5 Тур Даун Андер
- 2. Гран При де Фурмје
- 2. Хејстсе Пејл
- 3. Нокере Курсе
- 3. Елфстеденронде
- 3. Бриселски велосипедски класик
- 5. Дварс дор хет Хагеланд
- 6. Краен пласман Трка околу Белгија
- 9. Схелдепрејс
- 2020
- 1. Етапа 15 Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 1 БинкБенк Тур
- 1. Етапа 3 Тур ди Лимузен
- 1. Спринтерски пласман Тур Даун Андер
- 5. Схелдепрејс
- 5. Бриселски велосипедски класик
- 9. Дрејвенкурс Оверејсе
- 2021
- 1. Ешборн-Франкфурт
- 1. Схелдепрејс
- 1. Гран при де Денен
- 1. Фландриско првенство
- 1. Париз-Шони
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 5
- Трка околу Турција
- 2. Класик Брухе-Де Пане
- 2022
- 1. Омлоп ван хет Хутланд
- 1. Париз-Бурж
- Тур де Франс
- 1. Етапа 15
- 1. Етапа 21
- Трка ОАЕ
- Трка околу Турција
- 1. Етапа 4 Трка околу Данска
- 2. Минстерланд Џиро
- 2. Гоиксе Пејл
- 3. Национално друмско првенство
- 4. Дрејвенкурс Оверејсе
- 6. Класик БЕМЕР
- 6. Гран при де Валони
- 8. Краен пласман Трка околу Белгија
- 1. Етапа 2
- 8. Схелдепрејс
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — |
Тур | СО | — | 109 | 92 |
Вуелта | — | 85 | СО | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Jasper Philipsen - UAE team Emirates“. Посетено на 4 јули 2019.
- ↑ „Alpecin-Fenix“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 3 January 2021. Посетено на 3 January 2021.
- ↑ Fletcher, Patrick (9 September 2020). „Jasper Philipsen signs for Alpecin-Fenix“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 9 September 2020.
- ↑ „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
- ↑ „75th La Vuelta ciclista a España: Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 19 October 2020.
- ↑ „Philipsen Wins Another Vuelta Stage, Elissonde Grabs Lead“. The Seattle Times. 18 August 2021.
- ↑ „jasper-philipsen-abandons-vuelta-a-espana-due-to-illness/“. Cycling News. 24 August 2021.
- ↑ Reports, Newswire (17 July 2022). „Tour de France: Belgium's Jasper Philipsen wins stage 15, Vingegaard retains lead despite crash“. France 24. Посетено на 20 July 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јаспер Филипсен“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Јаспер Филипсен“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Јаспер Филипсен“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Јаспер Филипсен“. ProCycling.