Јон Исагире

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јон Исагире
Исагире на Тур де Франс 2014
Лични податоци
Цело имеЈон Исагире Инсаусти
Роден4 февруари 1989 (1989-02-04) (30 г.)
Ормаицтеги,  Шпанија
Висина1,73 м
Маса60 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАстана
ДисциплинаДрумски и велокрос велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Аматерски клубови
2009
2009
Сегурос Билбао
Орбеа (стажант)
Професионални клубови
2010
2011–2013
2014–2016
2017-2018
2019-
Орбеа
Еускалтел-Еускади
Мовистар Тим
Бахреин-Мерида
Астана
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2012)
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2016)
Вуелта а Еспања
1 ТТТ етапа (2019)

Етапни трки

Трка околу Баскија (2019)
Трка околу Полска (2015)

Еднодневни трки и класици

MaillotEspaña.PNG Национален друмски првак (2014)
MaillotEspaña.PNG Национален хронометарски првак (2016)
Последна промена
24 ноември 2019

Јон Исагире Инсаусти[1] (шпански: Jon Izagirre Insausti; р. 4 февруари 1989) — шпански професионален друмски велосипедист и велокрос возач, кој вози за UCI World Tour екипата Астана.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Исагире на Париз-Ница 2017.

Роден во Ормаицтеги во Баскија, Исагире доаѓа од семејство на професионални велосипедисти, бидејќи и неговиот татко Хосе Рамон и неговиот брат Горка се имаат натпреварувано во друмски и велокрос велосипедизам. Се придружил на екипата Еускалтел-Еускади – заедно со братот Горка – од сезоната 2011 па наваму,[3]

Исагире ги освоил неговите први професинални трки во пролетта 2012; победил на индивидуалниот хронометар на Вуелта а Астурија во април,[4] пред да ја освои својата прва победа на дебито на некоја голема трка, како Џиро д’Италија. Во текот на етапата 16, Исагире направил соло бегство на 4 километри пред крајот, со што ја освоил етапата со 16 секунди предност пред најблиските конкуренти.[5][6]

По распадот на екипата Еускател-Еускади на крајот на сезоната 2013, Јон и Горка Исагире потпишале за Мовистар Тим за сезоната 2014.[7]

Во 2015 година, Изагире ја освоил Трката околу Полска. Ја започнал последната етапа како шести во генералниот пласман, но го претекнал предводникот на трката Серхио Енао (Тим Скај) и другите преку супериорен резултат на хронометарот во должина од 25 километри.[8]

Изагире ја освоил етапата 20 на Тур де Франс 2016, откако нападнал на влажен спуст од група со тројца возачи на завршното искачување.[9]

Изагире се префрлил во новосоздадената екипа Бахреин-Мерида за сезоната 2017. Бил предводник на екипата за Тур де Франс 2017, но паднал на првата етапа, поединечен хронометар во Диселдорф, при што се здобил со фрактури во долниот дел на грбот и тоа било крај на неговата сезона.[10]

Неговиот брат Горка му се приклучил во екипата во сезоната 2018. Во август 2018 година било објавено дека браќата ќе се приклучат на Астана за сезоната 2019.[11]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
3. Национално велокрос јуниорско првенство
2008
1. Индивидуален хронометар Гипицкоа
3. Национално друмско првенство под 23 години
2009
1. Баскиско велокрос првенство под 23 години
1. Меморијал Анхел Мантекон
1. Етапа 4 Бицкаико Бира
5. Краен пласман Бидасоа Ичулија
2011
4. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2012
1. Етапа 2b (ITT) Вуелта а Астурија
1. Етапа 16 Џиро д’Италија
3. Ле Букл ду Суд Ардеш
2013
2. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Трка околу Полска
4. Краен пласман Тур Даун Андер
9. Гран при Монтреал
2014
1. MaillotEspaña.PNG Национално друмско првенство
2. Краен пласман Трка околу Полска
4. Краен пласман Вуелта а Андалусија
6. Краен пласман Трка околу Британија
8. Краен пласман Тур де Романди
2015
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Полска
2. ГП Мигел Индураин
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
3. Краен пласман Трка околу Баскија
10. Краен пласман Волта ао Алгарве
2016
1. MaillotEspaña.PNG Национално хронометарско првенство
1. ГП Мигел Индураин
1. Етапа 20 Тур де Франс
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
2. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 8 (ITT)
3. Краен пласман Тур де Романди
1. Пролог (ITT)
4. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
5. Краен пласман Париз-Ница
8. Олимписки друмски хронометар
8. Краен пласман Енеко Тур
8. Гран при Монтреал
2017
3. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
5. Краен пласман Тур де Романди
6. Вуелта а Мурсија
6. Краен пласман Тур де Свис
7. Краен пласман Париз-Ница
7. Амстел Голд Рејс
2018
3. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Баскија
4. Краен пласман Париз-Ница
6. Џиро ди Ломбардија
7. Класика де Сан Себастијан
9. Краен пласман Вуелта а Еспања
2019
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Баскија
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
1. Етапа 8 Париз-Ница
1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија

Распоред на резултатите[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро 48 27 36
Jersey yellow.svg Тур 69 41 47 СО 22
Jersey red.svg Вуелта 9 22
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey yellow.svg Париз-Ница 55 19 26 5 7 4 21
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 24 16
MaillotVolta.png Волта а Каталуња СО
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 47 55 3 3 3 1
Jersey yellow.svg Тур де Романди 103 8 3 5 11
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине не настапил во кариерата
Jersey yellow.svg Тур де Свис 34 43 СО 2 6 15

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шпанецот Јон Исагире победи на етапата 16 на Џиро додека Родригез останува во водство“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 22 мај 2012 (посет. 23 мај 2012 г).
  2. Astana Pro Team presented renewed roster for 2019“, „Астана“, Apgrade, 16 декември 2018 (посет. 1 јануари 2019 г).
  3. Худ, Ендру. „Еускалтел-Еускади ја прославија нивната најдобра сезона во екипната историја“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 23 ноември 2010 (посет. 23 мај 2012 г).
  4. Исагире победник на хронометарот во Пједрас Бланкас“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 29 април 2012 (посет. 23 мај 2012 г).
  5. Вестемајер, Сузан. „Исагире триумфирал на етапата 16 на Џиро до Фалцес“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 мај 2012 (посет. 23 мај 2012 г).
  6. Аткинс, Бен. „Јон Исагире учествувал во бегство на етапата 16 додека групата спиела“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 22 мај 2012 (посет. 23 мај 2012 г).
  7. Јон Исагире исто така ќе вози за Мувистар Тим“, 4 октомври 2013 (посет. 6 октомври 2013 г).
  8. http://www.cyclingnews.com/news/third-time-lucky-for-overall-winner-izagirre-at-the-tour-de-pologne/
  9. Benson, Daniel. „Froome set to win 2016 Tour de France ahead of procession to Paris“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 23 јули 2016 (посет. 25 јули 2016 г).
  10. http://www.cyclingnews.com/news/ion-izagirre-sustains-lumbar-fracture-in-tour-de-france-crash/
  11. „Izagirre brothers sign for Astana“. cyclingnews.com. 27 август 2018. конс. 8 септември 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]