Андреј Амадор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андреј Амадор
Амадор на Тур де Франс 2011
Лични податоци
Цело имеАндреј Амадор Биказакова
Роден29 август 1986 (1986-08-29) (33 г.)
Сан Хозе,  Костарика
Висина1,80 м
Маса73 кг
Податоци за клубот
Мом. клубМовистар Тим
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Аматерски клубови
2005–2006
2006
2007–2008
БКР-Пица Хат-КХС
Виња Мања-Кропу
Лицарте
Професионални клубови
2009– Кес д’Епарњ
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2012)
Последна промена
30 април 2019

Андреј Амадор Биказакова (шпански: Andrey Amador Bikazakova; р. 29 август 1986 во Сан Хозе) — костарикански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Неговата прабаба од таткова страна е Шпанка, додека неговата мајка е Русинка, имигрант која пристигнала во земјата откако го сретнала и се омажила за неговиот татко, Костариканец. Започнал со велосипедизам на возраст од 20 во 2006.[2] Амадор бил избран да го носи знамето за Костарика на церемонијата за отворање на Панамериканските игри 2011.[3] Најголема специјалност на Амадор е искачувањето, но исто така тој е добар спустач. Тој е првиот Костариканец кој некогаш возел на Тур де Франс. Во 2012, Амадор ја освоил планинската етапа 14 на Џиро д’Италија, каде завршил како 29. во генералниот пласман. Во 2013, завршил на осмото место на Тирено-Адријатико.

На Џиро д’Италија 2016, Амадор ја носел розевата маичка по тринаесеттата етапа. Станал првиот Костариканец кој водел на некоја голема трка.[4]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Етапа 5 Трка околу Навара
2008
1. Пролог Тур де л’Авенир
1. Вуелта ал Бидасоа
2011
4. Вуелта а Ла Риоха
2012
1. Етапа 14 Џиро д’Италија
4. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2013
8. Краен пласман Тирено-Адријатико
10. Гент-Вевелгем
2014
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
6. Краен пласман Трка околу Полска
10. Краен пласман Тур ду От Вар
2015
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
4. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Jersey yellow number.svg Екипен пласман Вуелта а Еспања
2016
8. Краен пласман Џиро д’Италија
2017
5. Трофео Сера де Трамунтана
2018
1. Класика Примавера
9. Краен пласман Вуелта а Андалусија

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 41 29 110 4 8 18
Jersey yellow.svg Тур 166 54 87 50
Jersey red.svg Вуелта 30 40 93

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Movistar Team launches 2019 season with highest hopes“, „Telefónica“, Telefónica, S.A., 18 декември 2018 (посет. 3 јануари 2019 г).
  2. Ортиз де Гвинеа, Оскар. „Desde Costa Rica a Pamplona, a ver nevar“, 14 март 2007. (на шпански)
  3. Andrey Amador sera el abanderado en los Juegos Panamericanos – 2011 (шпански)
  4. „Giro d'Italia: Andrey Amador takes overall lead as Mikel Nieve wins stage 13“. BBC Sport. конс. 20 мај 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]