Даниел Мартинес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даниел Мартинес
Мартинес на Париз-Ница 2019
Лични податоци
Цело имеДаниел Фелипе Мартинес Поведа
Роден25 април 1996 (1996-04-25) (24 г.)
Соача,  Колумбија
Висина1,74 м
Маса63 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн-Нипо
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2015
2016–2017
2018-2020
Колумбија
Саутист-Венецуела
ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2020)

Етапни трки

Критериум ди Дофине (2020)

Еднодневни трки и класици

MaillotColombia.PNG Национален хронометарски првак (2019, 2020)
Последна промена
25 октомври 2020

Даниел Фелипе Мартинес (шпански: Daniel Felipe Martinez; р. 25 април 1996) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-Нипо.[1]

За сезоната 2021, Мартинес ќе се приклучи на екипата Инеос Гренадиерс.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Колумбија (2015)[уреди | уреди извор]

2015[уреди | уреди извор]

Мартинес ја напуштил Волта а Каталуња, негова прва трка во Светската турнеја. Завршил на 84. место на Трката околу Турција.

Саутист-Венецуела (2016-2017)[уреди | уреди извор]

2016[уреди | уреди извор]

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016,[3] со што возел на својата прва голема трка. Завршил на 57. место на Џиро ди Ломбардија.

2017[уреди | уреди извор]

Учествувал повторно на Џиро д’Италија, но ја напуштил трката. На крајот на сезоната, завршил четврти на Трката околу Турција.

ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак (2018-2020)[уреди | уреди извор]

Ја започнал сезоната на националното друмско првенство, каде завршил втор на хронометарот, зад Еган Бернал. Завршил петти на новата колумбиска трка, Колумбија Оро и Пас. Негов прв пласман меѓу првите десет во Европа бил на Волта а Каталуња, каде завршил на седмото место. Возел на белгиските класици по првпат во својата кариера, завршувајќи на 44. место на Флеш Валон и на 61. место на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Потоа возел на Тур де Романди и завршил на 12. место. Во јули 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[4] Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав на Вуелта а Еспања 2019.[5]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2013
Панамерикански друмски јуниорски првенства
1. Gold medal blank.svg Хронометар
2. Silver medal blank.svg Друмска трка
2014
1. MaillotColombia.PNG Национално хронометарско јуниорско првенство
2015
1. Jersey blue.svg Планински пласман Рут ди Сид
8. Краен пласман Трка околу Јута
1. Jersey light blue.svg Пласман за млад возач
2017
4. Краен пласман Трка околу Турција
1. Пласман за млад возач
7. Милано-Торино
9. Тре Вали Варезине
2018
2. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
5. Краен пласман Колумбија Оро и Пас
6. Краен пласман Класик Колорадо
1. Jersey green.svg Пласман за млад возач
7. Краен пласман Волта а Каталуња
2019
1. Gold medal blank.svg Панамерикански игри - хронометар
1. MaillotColombia.PNG Национално хронометарско првенство
1. Етапа 7 Париз-Ница
2. Краен пласман Трка околу Гуангси
3. Краен пласман Трка околу Колумбија
1. Етапа 1 (ТТТ)
2020
Национални првенства
1. MaillotColombia.PNG Хронометар
3. Друмска трка
1. Jersey yellow-bluebar.svg Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 13 Тур де Франс
2. Краен пласман Трка Колумбија
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 6

Распоред на резултати[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Jersey pink.svg Џиро 89 СО
Jersey yellow.svg Тур 36 28
Jersey red.svg Вуелта 41 СО
Распоред на резултатите на етапни трки
Етапна трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Jersey yellow.svg Париз-Ница 18
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико
MaillotVolta.png Волта а Каталуња СО 7 НСО
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 20
Jersey yellow.svg Тур де Романди 12 25
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 1
Jersey yellow.svg Тур де Свис НСО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bacon, Ellis (1 January 2020). „2020 Team Preview: EF Education First“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 January 2020.
  2. „Tom Pidcock and Richie Porte sign for Ineos Grenadiers for 2021“. BBC Sport. BBC. 25 September 2020. Посетено на 25 September 2020.
  3. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. Посетено на 6 мај 2016.
  4. „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 5 July 2017.
  5. „2019: 74th La Vuelta ciclista a España“. ProCyclingStats. Посетено на 23 August 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]