Џон Гадре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон Гадре
Гадре на Тур де л’Ен 2013
Лични податоци
Цело имеЏон Гадре
Роден22 април 1979(1979-04-22)(45 г.)
Еперне, Франција
Висина1,70 м
Маса58 кг
Податоци за клубот
Мом. клубКрос Тим Г4
Дисциплинадрумски и велокрос велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2003 Кофидис (стажант)
Професионални клубови
2004–2005
2006–2013
2014–2015
Вландерен-Т Интерим
Аг2р Превојанс
Мовистар Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2011)

Етапни трки

Тур де л’Ен (2007)

Други

Национален велокрос првак (2004, 2006)
Последна промена
20 јануари 2016

Џон Гадре (француски: John Gadret; р. 22 април 1979) — француски професионален велосипедист во велокрос и друмски дисциплини, кој последно возел за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[1] Станал стажант за Кофидис во 2003 пред да стане професионалец со екипата Вландерен-Т Интерим во 2004 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2004 станал национален велокрос првак на Франција по првпат. Бил специјализиран во велокрос дисциплините, но почнал да настапува и на друмски етапни трки, како што биле Трката околу Германија.[2] Гадре повторно го освоил националното велокрос првенство во 2006. На Џиро д’Италија 2006 Гадре покажал голем потенцијал на планините, кога завршил како седми, шести и петти на трите планински етапи. Доживеал пад на 18. етапа и бил приморан да ја напушти трката со скршена клучна коска.[3] И покрај овие ветувачки резултати на друмскиот велосипедизам, Гадре се вратил во велокрос сезоната 2006-2007[4] и завршил осми на Светското велокрос првенство UCI.[5] Потоа се вратил на друмскиот велосипедизам со цел да настапи на неговиот прв Тур де Франс. Гадре ја освоил првата друмска победа на ГП Кантон Аргау.[6] По Тур де Франс 2007 Гадре ја освоил третата етапа и ја презел водечката маичка на Тур де л’Ен, каде и победил следниот ден.[7]

На етапата 15 на Тур де Франс 2010 Гадре предизвикал контроверзи кога одбил да му го даде неговиот велосипед на неговиот водач, Николас Роуш, откако нему му се дупнала гумата на последното искачување на етапата и потоа започнал да ја напаѓа групата пред Роуш.[8] На крајот завршил на 19. место во генералниот пласман.

На Џиро д’Италија 2011, Гадре завршил трет во генералниот пласман со победа на етапата 11. Завршил три минути и 54 секунди зад победникот на трката Микеле Скарпони.

По осум сезони со Аг2р-Ла Мондијал, Гадре ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Мовистар Тим за сезоната 2014.[1] Се повлекол на крајот на 2015 година од друмскиот велосипедизам и се насочил на велокрос.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2004
13. Краен пласман Трка околу Британија
2005
3. Гран при де Вилерс-Котеретс
4. Тро-Бро Леон
9. ГП Валони
2006
11. Џиро д’Емилија
14. Краен пласман Тур де Романди
2007
1. ГП Кантон Аргау
1. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Етапа
7. Краен пласман Волта а Каталуња
8. Флеш Валон
11. Краен пласман Тур де Романди
15. Лиеж-Бастон-Лиеж
2008
1 етапа Тур де л’Ен
8. Краен пласман Тур де Романди
10. Флеш Валон
18. Краен пласман Вуелта а Еспања
2010
13. Краен пласман Џиро д’Италија
19. Краен пласман Тур де Франс
2011
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 11
2012
11. Краен пласман Џиро д’Италија
2013
3. Краен пласман Рут ду Суд
3. Краен пласман Тур де л’Ен
10. Краен пласман Трка околу Баскија
10. Краен пласман Критериум Интернасионал

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Џиро СО СО 13 3 11
Тур 54 СО 18 СО 22 19
Вуелта 18 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Велокрос достигнувања[уреди | уреди извор]

  • 1. Национално велокрос првенство (2004–2005, 2006–2007)
    • 2. Национално велокрос првенство (2003–2004, 2005–2006, 2007–2008, 2011–2012)
1999
5. Светско првенство
2002
3. Државно првенство
9. Светски куп
2003
1. Државно првенство
2. Манш ду Челинџ
10. Светски куп
2004
1. Државно првенство
1. Манш ду Челинџ
10. Светски куп
2005
1. Манш ду Челинџ
12. Светско првенство
2006
1. Манш ду Челинџ
2007
8. Светско првенство
10. Суперпрестиж
2008
9. Светско првенство

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Гадре се надева на нов почеток во Мувистар“. Cyclingnews.com. Future plc. 18 октомври 2013. Посетено на 5 ноември 2013.
  2. „Достигнува на Џон Гадре“. Ag2r prevoyance cyclisme. Архивирано од изворникот на 2009-01-22. Посетено на 15 август 2007.
  3. „Резултати од етапа 18 на Џиро д'Италија 2006“. Cyclingnews. Посетено на 15 август 2007.
  4. „Koppenberg cross 2006 results, report and photos“. cyclingnews. Посетено на 15 август 2007.
  5. „Светски велокрос првенства UCI 2006–2007“. Cyclingnews. Посетено на 15 август 2007.[мртва врска]
  6. „Резултати и извештај од ГП Кантон Аргау 2007“. Cyclingnews. Посетено на 15 август 2007.
  7. „Гадре победи и води на Тур де л'Ен“. Cyclingpost. Посетено на 15 август 2007.
  8. Роуш, Николас (20 јули 2010). „I wanted to smash his head in. I couldn't stand to be near him“. Independent.ie. Посетено на 20 јули 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]