Иван Сантаромита
Сантаромита на Вуелта а Еспања 2013. | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Иван Сантаромита | ||
Роден | 30 април 1984 Варезе, Италија | ||
Висина | 1,76 м | ||
Маса | 58 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Нипо-Вини Фантини-Фезане | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Професионални клубови | |||
2005 2006–2007 2008–2010 2011–2013 2014–2015 2016 2017- | Квик Степ-Инерџетик (стажант) Квик Степ-Инерџетик Ликвигас Верандас Вилемс-Аксент Орика-ГринЕЏ Скајдајв Дубаи Про Сајклинг Нипо-Вини Фантини | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 3 септември 2018 |
Иван Сантаромита (италијански: Ivan Santaromita; р. 30 април 1984 во Варезе) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континенталната екипа Нипо-Вини Фантини-Фезане.[1]
Кариера
[уреди | уреди извор]Станал професионалец со Квик Степ-Инерџетик во 2006, пред да се префрли во Ликвигас во 2008. Во 2010 ја освоил првата значајна победа како професионалец на Сетимана Интернационале Копи е Бартали, доминирајќи на етапната трка, освојувајќи ја со повеќе од една и пол минута предност пред Пшемислав Њемјец.[2]
Во 2013, Сантаромита ја освоил третата етапа на Џиро дел Трентино. Стигнал до целта со Микеле Скарпони и Паоло Тиралонго и триото било остаток од раното бегство. Сантаромита го претекнал двоецот за прва негова победа од 2010.[3] Сантаромита го напуштил Аксент Џобс-Ванти[4] на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Орика-ГринЕЏ за сезоната 2014.[5]
Во 2014 година, Сантаромита бил првиот возач кој се повлекол од Вуелта а Еспања на седмата етапа откако скршил прст при пад.[6]
Во 2015 година завршил на шестото место во генералниот пласман на Трката околу Норвешка.[7]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2007
- 10. Краен пласман Трка околу Џорџија
- 2010
- 1. Краен пласман Сетимана интернационале Копи е Бартали
- 2013
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Етапа 3 Џиро дел Трентино
- 5. Гран Премио дела Коста Етруски
- 9. Џиро ди Ломбардија
- 2014
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
- 2015
- 6. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 2016
- 7. Краен пласман Тур де Лангкави
- 2017
- 9. Краен пласман Трка околу Словенија
- 9. Џиро дел’Апенино
- 2018
- 4. Национално друмско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | 52 | 30 | СО | — | — |
Тур | — | — | — | 83 | — | — | — | — | — |
Вуелта | 125 | — | 65 | 117 | — | 48 | СО | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Nippo-Vini Fantini hoping to secure Giro d'Italia wildcard“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 15 јануари 2018. Посетено на 30 јануари 2018.
- ↑ „Хузарски сам до Сасуоло“. Cyclingnews.com. Future plc. 27 март 2010. Посетено на 19 април 2013.
- ↑ Шејн Стоукс (18 април 2013). „Џиро дел Трентино: Сантаромита ги претекна Тиралонго и Скарпони за освојување на прва победа од 2010“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 19 април 2013.
- ↑ „БМЦ Рејсинг Тим (BMC) – USA“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-10-14. Посетено на 3 јануари 2013.
- ↑ „Сантаромита оди во Орика-ГринЕЏ за 2014“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 12 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-11-19. Посетено на 12 август 2013.
- ↑ „Де Марки победи на седмата етапа, Валверде води“. Washington Post. 29 август 2014. Посетено на 29 август 2014.
- ↑ Кене, Жан Франсоа (25 мај 2015). „Tour of Norway: Vangstad solos to victory on final day“. Cyclingnews.com. Посетено на 26 мај 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Иван Сантаромита“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Иван Сантаромита“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Иван Сантаромита“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Иван Сантаромита“. ProCycling.
|