Максим Иглински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Максим Иглински
Иглински на Тур де Франс 2007
Лични податоци
Цело име Максим Иглински
Роден 18 април 1981 (1981-04-18) (34 г.)
 Казахстан
Висина 1,73 м
Маса 67 кг
Податоци за клубот
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2004
2005
2006
2007–2014
Капек
Домина Вакенце
Тим Милрам
Астана
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
MaillotKaz.PNG Национален хронометарски првак (2006)
MaillotKaz.PNG Национален друмски првак (2007)
Страде Бјанке (2010)
Лиеж-Бастон-Лиеж (2012)
Последна промена
4 јануари 2015

Максим Иглински (казашки: Максим Иглинский; р. 18 април 1981 во Астана) — казахстански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Астана, на која ѝ се придружил во 2007 година. Иглински станал професионалец во 2005 година со Домина Ваканце и возел за Тим Милрам во 2006 година. Иглински ја освоил шестата етапа на Критериум ду Дофине Либере 2007. Тој е постар брат на Валентин Иглински.

Во пролетта 2012 година, тој ја освоил една од арденските класични трки, Лиеж-Бастон-Лиеж. Побегнал од главната група со Хоаким Родригез (Катјуша), постепено отфрлајќи го од себе и бркајќи го водачот во трката Винченцо Нибали (Канондејл), стигнувајќи го на еден километар до целта, го поминал и победил сам на трката.[1]

Бил привремено суспендиран во октомври 2014 година откако се покажал позитивен на ЕПО во август 2014 година.[2] Неговиот брат Валентин Иглински бил суспендиран на 10 септември на истото тестирање во август 2014 година.[3]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2002
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта а ла Индепенденсија Насионал
1. Етапа 8
2. Краен пласман Трка околу Кина
1. Етапа 2
2003
1. Етапа 3 Трка околу Бугарија
2004
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта а ла Индепенденсија Насионал
1. При де ла Сланчев Брјаг
2. Silver medal blank.svg Азиско друмско првенство
3. Краен пласман Трка околу Грција
1. Пролог
3. Меморијал Филипе ван Конингсло
2005
1. ГП Сита ди Камаиоре
Трка околу Германија – 1 етапа
2006
1. MaillotKaz.PNG Национално хронометарско првенство
2007
1. MaillotKaz.PNG Национално друмско првенство
1. Етапа 6 Критериум ду Дофине Либере
2008
1. Jersey green.svg Планински пласман Тур де Свис
9. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 1
2009
3. Е3 Харелбеке
8. ГП Уест Франција
2010
1. Монтепаски Страде Бјанке
3. Медитеранска трка
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
7. Гент-Вевелгем
8. Милано-Сан Ремо
8. Трка околу Фландрија
2012
1. Лиеж-Бастон-Лиеж
2. Страде Бјанке
2013
1. Трка Алмати
1. Етапа 4 Трка околу Белгија
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
8. Светско друмско првенство
8. Дварс дор Вландерен
9. Краен пласман Енеко Тур

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 55
Jersey yellow.svg Тур 37 СО СО 131 105 116 129
Jersey red.svg Вуелта СО СО

СО = се откажал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Максим Иглински го освои Лиеж-Бастон-Лиеж“, „Velo News“, VeloNews.com, 22 април 2012 (конс. 22 април 2012).
  2. Максим Иглински привремено суспендиран на ЕПО“, „Cycling News“, cyclingnews.com, 1 октомври 2014 (конс. 1 октомври 2014).
  3. Валентин Иглински исфрлен од Астана по позитивниот тест“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 10 септември 2014 (конс. 10 септември 2014).

External links[уреди | уреди извор]