Прејди на содржината

Аметс Чурука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аметс Чурука
Чурука на Трката на Фјордовите 2014
Лични податоци
Цело имеАметс Чурука Ансола
Роден10 ноември 1982(1982-11-10)(41 г.)
Ечебарија, Шпанија
Висина1,71 м
Маса56 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2006
2007–2012
2013–2015
2016
Барловорлд
Еускалтел-Еускади
Каха Рурал-Сегурос РГА
Орика-БајкЕксчејнџ
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Награда за борбеност (2007)

Етапни трки

Вуелта а Астурија (2013)
Последна промена
9 февруари 2018

Аметс Чурука Ансола (шпански: Amets Txurruka Ansola; р. 10 ноември 1982 во Ечебарија, Баскија) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2006-2016.

Тој не освоил некоја трка, но го направил неговото деби на Тур де Франс во 2007, каде учествувал (заедно со Пјерик Федриго) во бегство на етапата 12, во која бил достигнат на само 1 километар пред целтар. Со овој напор, тој го заработил црвениот број како најборбен возач за следниот ден. Исто така, индиректно имал корист, кога Михаел Расмусен бил дисквалификуван; Чурука бил трет во пласманот за млад возач, зад Алберто Контадор и Маурисио Солер. Бидејќи Контадор ја преземал жолтата маичка како водач во генералниот пласман по повлекување на Расмусен, а Солер ја носел точкестата маичка како водач во планинскиот пласман, Чурука ја облекол белата маичка, како водач во пласманот за млад возач.

Тој бил избран како најборбен возач на целиот Тур де Франс, станувајќи третиот шпански возач по ред (по Оскар Переиро и Давид де ла Фуенте) кој ја заработил таа награда.

Чурука бил отпуштен од Еускалтел-Еускади на крајот на сезоната 2012,[1] и се приклучил на Каха Рурал-Сегурос РГА за сезоната 2013.[2] На Трката околу Баскија, Чурука ги освоил планинскиот и спринтерскиот пласман откако бил дел од долги бегства на првите три етапи.[3] Во август 2015 година, Орика-ГринЕЏ објавиле дека потпишале едногодишен договор со Чурука за 2016 година.[4]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2006
5. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
8. Краен пласман Вуелта а Астурија
8. Џиро д’Оро
9. Краен пласман Еускал Бициклета
9. Краен пласман Класика а Алкобендас
2007
6. Краен пласман Вуелта а Ла Риоха
Тур де Франс
Награда за борбеност етапа 12 Тур де Франс
Краен пласман Награда за борбеност
2009
6. Краен пласман Вуелта а Ла Риоха
8. Краен пласман Вуелта а Астурија
10. Краен пласман Трка околу Луксембург
2011
7. Класика Примавера
8. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
Вуелта а Еспања
Награда за борбен возач на етапата 13
2012
6. Краен пласман Вуелта а Астурија
2013
1. Краен пласман Вуелта а Астурија
1. Етапа 1
Трка околу Баскија
1. Планински пласман
1. Спринтерски пласман
1. Планински пласман Вуелта а Бургос
5. Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
9. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
2014
1. Краен пласман Тур ду Геводан
9. Класика Примавера
Трка на Фјордовите
1. Планински пласман
Награда за борбеност на етапата 4 на Вуелта а Еспања
2015
1. Етапа 4 Трка околу Норвешка
2. Краен пласман Вуелта а Астурија
4. Краен пласман Тур де Бос
1. Етапа 2
4. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
5. Краен пласман Трка на Фјордовите
1. Планински пласман
5. Џиро дел’Апенино
10. Гран при Сиклист ла Марсејез
10. Сиркуито де Гечо
Награда за борбеност на етапа 7 Вуелта а Еспања
  1. Питер Косинс. „Чурука отпуштен од Еускалтел“. Cyclingnews.com. Посетено на 20 септември 2012.
  2. „Arroyo, Txurruka and Velasco emphasize "family atmosphere" of Caja Rural and its "enthusiasm" for 2013“. Biciciclismo (шпански). Cycling Total comunicación y servicios S.L. 10 ноември 2012. Посетено на 4 јануари 2013.
  3. „Кинтана ја освои Трката околу Баскија“. Cycling News. Future Publishing Limited. 6 април 2013. Посетено на 6 април 2013.
  4. Бенсон, Даниел (2 август 2015). „Orica-GreenEdge pounce to sign Amets Txurruka for 2016“. Cyclingnews.com. Посетено на 3 август 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]