Крис Анкер Серенсен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За данскиот професионален фудбалер, видете Крис Серенсен.
Крис Анкер Серенсен
Крис Анкер Серенсен на Тур де Романди 2011
Лични податоци
Цело имеКрис Анкер Серенсен
ПрекарOksen fra Hammel
(Волот од Хамел)
Роден5 септември 1984 (1984-09-05) (35 г.)
Хамел, Данска
Висина1,85 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
Мом. клубФортунео-Самсик
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Аматерски клубови
2005
2006
Тим ЦСЦ (стажант)
Тим Дизајна Кокен
Професионални клубови
2007–2015
2016-
Тим ЦСЦ
Фортунео - Витал Консепт
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2010)
Тур де Франс
Награда за борбеност (2012)

Еднодневни трки и класици

MaillotDinamarca.svg Национален друмски првак (2015)
Последна промена
1 февруари 2016

Крис Анкер Серенсен (дански: Chris Anker Sørensen; р. 5 септември 1984) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.

Кариера[уреди | уреди извор]

Крис Анкер Серенсен ја започнал неговата професионална кариера во 2007 со Тим ЦСЦ. Откако ја покажал неговата форма на Трката околу Австрија 2008, тој се натпреварувал за Данска (заедно со Ники Соренсен и Брајан Вандборг) на ЛОИ 2008 во друмската трка, завршувајќи 12. на крај.

Започнувајќи од сезоната 2010, Соренсен, кој живее во Луксембург, вози за Луксембург, бидејќи UCI повеќе не ѝ дозволува на данската федерација да им доделува дански лиценци на возачи, кои живеат надвор од земјата.[1] Во текот на сезоната освоил етапа на Џиро д’Италија.

На Тур де Франс 2012 завршил 14. во генералниот пласман и ја освоил наградата за борбеност по многуте напади на планините.

Во септември 2015 година било објавено дека ќе го напушти Тинкоф-Саксо и ќе се приклучи на Фортунео - Витал Консепт за сезоната 2016 со улога на поддршка за Едуардо Сепулведа на големите трки.[2]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2001
3. Национално друмско првенство под 19 години
2005
1. Етапа 3 Рингерике ГП
2006
4. Европсо друмско првенство под 23 години
4. Краен пласман Триптик де Бараж
5. ГП Деми-Карс
6. ГП Варегем
8. ГП Кристал Енерџи
2007
6. Краен пласман Трка околу Германија
1. Етапа 2 (ТТТ)
2008
1. Етапа 6 Дофине Либере
3. ГП д’Исберг
4. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 3
2009
1. Јапонски куп
2. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
6. ГП Мигел Индуран
8. Џиро дел’Емилија
2010
1. Етапа 8 Џиро д’Италија
3. Краен пласман Трка околу Словенија
5. Национално друмско првенство
6. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
10. Национално хронометарско првенство
2011
1. Jersey pink.svg Планински пласман Тур де Романди
5. Национално друмско првенство
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
8. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
2012
1. Jersey red.svg Планински пласман Волта а Каталуња
Тур де Франс
Награда за борбеност Jersey red number.svg
5. Национално друмско првенство
5. Џиро дел’Емилија
8. Милано-Торино
2013
2. Џиро дел’Емилија
10. Краен пласман Трка околу Полска
2015
1. MaillotDinamarca.svg Национално друмско првенство
9. Краен пласман Трка околу Британија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро 28 27 СО
Jersey yellow.svg Тур 34 69 37 14
Jersey red.svg Вуелта 19 12 18 29

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Луксембуршка лиценца за Серенсен
  2. „Крис Анкер Серенсен во Бретањ-сеше анвиронман во 2016“. Сyclingnews.com. 24 септември 2015. конс. 7 октомври 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]