Бјорг Ламбрехт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бјорг Ламбрехт
Ламбрехт во 2016 г.
Лични податоци
Цело имеБјорг Ламбрехт
Роден2 април 1997(1997-04-02)
Гент,  Белгија
Починал5 август 2019(2019-08-05) (возр. 22)
Рибник,  Полска
Висина1,69 м[1]
Маса56 кг
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2016–2017 Лото-Судал У23
Професионални клубови
2018–2019 Лото-Судал

Бјорг Ламбрехт (холандски: Bjorg Lambrecht; 2 април 19975 август 2019) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој возел за UCI World Tour екипата Лото-Судал.[2]

Во август 2018 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2018.[3] Починал на 5 август 2019 година при пад во бетонски канал при третата етапа на Трката околу Полска 2019.[4]

Ран живот и семејство[уреди | уреди извор]

Ламбрехт живеел во белгискиот град Кнеселаре, сместен помеѓу Брухе и Гент. Се родил во семејството на Курт и Анје Ламбрехт и имал сестра, Брит.[5]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2015 година, Ламбрехт станал национален јуниорски првак, претекнувајќи ги Глен ван Нуфелен и Стејн Голертс, кои завршиле втор и трет, соодветно.[6]

Во 2016 година предизвикал изненадување кога ја освоил воведната етапа на Ронд де л’Изар. На завршната етапа бил испратен во погрешна насока од страна на организаторите на трката. Жирито ја признало грешката и така Ламбрехт станал трет Белгиец, кој ја освоил трката по Јаник Ејсен (2010) и Луј Вервеке (2014).[7][8] Две недели подоцна, Ламбрехт учествувал на Гран при Присниц Спа со белгискиот состав. Тука успеал да го освои последниот круг, со завршница на калдрмата во Јесеник, со водство од неколку секунди.[9]

На почетокот на 2017 година, ја освоил трката Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години поразувајќи ги другите тројца членови на бегството во спринт.[10] Подоцна, истата година завршил петти на трката Флеш Арденес, втор во завршниот пласман на Ронд де л’Изар, осми на Трката Јура, освоил етапа и завршниот пласман на Гран при Присниц Спа и завршил втор во генералните пласмани на Тур де Савоја Мон-Блан, Џиро дела Вале д’Аоста и Тур де л’Авенир.[11]

Во 2018 година, Ламбрехт станал професионалец со Лото-Судал.[12] Во 2019 година го забележал неговиот најголем резултат како професионалец, завршувајќи четврти на Флеш Валон. Во април истата година, потпишал двегодишен договор со Лото-Судал.[5]

Смрт[уреди | уреди извор]

Ламбрехт паднал во бетонски канал при третата етапа на Трката околу Полска 2019.[13] Причината за падот е непозната и немало вклученост на други возачи.[14] Бил однесен во болница во Рибник со амбулантно возило, но починал при операцијата.[4] Од почит кон Ламбрехт, четвртата етапа на трката била неутрализирана, дозволувајќи им на возачите да му оддадат чест.[15] Останатите членови на екипата Лото-Судал ја предводеле главната група во првиот дел на трката до 48. километар, каде Ламбрехт паднал претходниот ден, каде групата застанала и бил одржан молк.[16] На 7 август 2019 година, докторот на екипата Лото-Судал, Мартен Мејрхеге, изјавил во изјава за печатот дека смртта на Ламбрехт била предизвика од „големо кинење на неговиот црн дроб што предизвикало внатрешно крвавење и срцев удар“.[14]

Ламбрехт бил погребан на 13 август 2019 година во црквата во неговиот роден град Кнеселаре. Стотици присуствувале на погрегот, вклучувајќи многумина поранешни колеги од Лото-Судал, а некои од нив го носеле ковчегот до црквата.[17] На 11 август била одржана една минута молк пред Европското друмско првенство 2019 во чест на Ламбрехт.[18] На 25 август била одржана уште една минута молк пред втората етапа на Вуелта а Еспања, прва голема трка на која Ламбрехт требало да настапи.[19][20]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2015
1. MaillotBélgica.PNG Национално јуниорско друмско првенство
Три дена Ван Аксел
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
1. Етапа 4
2. Краен пласман Трка околу Горна Австрија за јуниори
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
3. Краен пласман ГП Женерал Патон
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
3. Трофео Емилио Паганеси
3. Ла Филип Жилбер јуниори
4. Краен пласман Трофео Карлсберг
2016
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Ронд де л’Изар
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
1. Етапа 1
2. Европско друмско првенство под 23 години
3. Џиро ди Ломбардија за млади
4. Флеш Арденес
4. Краен пласман Мировна трка У23
1. Етапа 3
10. Краен пласман Тур де Савоја Мон Блан
10. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
2017
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Мировна трка У23
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Лиеж-Бастоњ-Лиеж за млади
2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2. Краен пласман Ронд де л’Изар
1. Етапа 3
2. Краен пласман Тур де Савоја Мон Блан
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
5. Флеш Арденес
8. Краен пласман Тур ду Јура
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
10. Краен пласман Сиркут де Арден
2018
2. Silver medal blank.svg Светско друмско првенство под 23 години
2. Краен пласман Трка на Фјордовите
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 3
2019
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач Критериум ди Дофине
4. Флеш Валон
5. Брабантсе Пејл
6. Амстел Голд Рејс

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bjorg Lambrecht“. Посетено на 27 август 2019.
  2. „Lotto-Soudal“. Directvelo (француски). Association Le Peloton. Посетено на 3 јануари 2019.
  3. „2018: 73rd Vuelta a España: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 22 август 2018.
  4. 4,0 4,1 „Bjorg Lambrecht dies at age 22“. CyclingNews. 5 август 2019. Посетено на 5 август 2019.
  5. 5,0 5,1 Браун, Грегор (6 август 2019). „Obituary: Bjorg Lambrecht, 1997 – 2019“. Cycling Weekly. Посетено на 6 август 2019.
  6. „National Championships Belgium MJ – Road Race (NC)“. ProCyclingStats. Посетено на 6 август 2019.
  7. Фреди де Гест (23 мај 2016). „Twee jaar na Louis Vervaeke wint Bjorg Lambrecht“. Het Nieuwsblad. Посетено на 5 август 2019.
  8. Фреди де Гест (24 мај 2016). "Een droom die uitkomt". Het Nieuwsblad. Посетено на 5 август 2019.
  9. „Pro Cyclist Bjorg Lambrecht Dies After Tour de Pologne Race“. popculture.com.
  10. „Bjorg Lambrecht dies after crash during Tour of Poland cycling race“. The Guardian. 5 август 2019. Посетено на 6 август 2019.
  11. „Bjorg Lambrecht – 2017 Season“. ProCyclingStats. Посетено на 6 август 2019.
  12. „Breaking news: Bjorg Lambrecht extends with two years!“. Lotto-Soudal. 5 јуни 2019. Посетено на 6 август 2019.
  13. „Belgian cyclist Lambrecht dies after crash at Tour of Poland“. Eurosport. 5 август 2019. Посетено на 8 август 2019.
  14. 14,0 14,1 „Bjorg Lambrecht's death caused by internal hemorrhage“. cyclingnews.com. 7 август 2019. Посетено на 8 август 2019.
  15. Мекинс, Пол (6 август 2019). „Tour de Pologne suspends racing in tribute to Bjorg Lambrecht“. The Guardian. Guardian News & Media Limited. Посетено на 8 август 2019.
  16. Балингер, Алекс (6 август 2019). „Organisers neutralise Tour of Poland stage four after tragic death of Bjorg Lambrecht“. Cycling Weekly. Посетено на 6 август 2019.
  17. Виндзор, Ричард (13 август 2019). „Hundreds turn out to pay tribute to Bjorg Lambrecht at funeral service“. cyclingweekly.com. Посетено на 25 август 2019.
  18. „European Road Championships: Elia Viviani wins after Bjorg Lambrecht tribute“. bbc.co.uk. 11 август 2019. Посетено на 14 август 2019.
  19. „Quintana already lights up La Vuelta 19“. 25 август 2019. Посетено на 25 август 2019.
  20. Фотерингем, Аласдер (5 август 2019). „Lambrecht eyes Vuelta a Espana and strong GC ride at Tour de Pologne“. cyclingnews.com. Посетено на 25 август 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]