Јеспер Хансен (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јеспер Хансен
Хансен на Четири дена Денкерк 2014
Лични податоци
Цело имеЈеспер Хансен
Роден23 октомври 1990 (1990-10-23) (28 г.)
Копенхаген,  Данска
Висина1,72 м
Маса60 кг
Податоци за клубот
Мом. клубКофидис
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Професионални клубови
2009–2011
2012–2013
2013
2014–2016
2017-2018
2019-
Енерги Фин
Глуд & Марстранд-ЛРЕ
Тим Саксо-Тинкоф (стажант)
Тинкоф-Саксо
Астана
Кофидис
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Норвешка (2015)
Последна промена
6 јануари 2019

Јеспер Хансен (дански: Jesper Hansen; р. 23 октомври 1990) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2014 година го освоил пласманот за млад возач на Трката околу Норвешка, како најдобар помеѓу возачите до 25 години.

Додека возел на Тур де Романди 2015 удрил во врата од медицинско возило. Вратата била несовесно отворена и Хансен се забил во нејзе. Иако бил повреден, на крајот ја продолжил трката.[1] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015[2] и за Џиро д’Италија 2017.[3]

Во јули 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[4]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2013
2. Хаделанд ГП
6. Краен пласман Сиркут де Арден
6. Краен пласман Тур де Норманди
7. Краен пласман Трка околу Норвешка
2014
6. Краен пласман Трка околу Норвешка
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2015
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Норвешка
1. Етапа 3
6. Краен пласман Тур де Лангкави
2016
2. Краен пласман Трка околу Хрватска
1. Етапа 5 (ТТТ)
5. Краен пласман Тур де Лангкави
10. Краен пласман Трка Абу Даби
2017
2. Краен пласман Трка околу Турција
9. Краен пласман Трка околу Хрватска
2018
9. Краен пласман Волта а Каталуња

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 32
Jersey yellow.svg Тур 56
Jersey red.svg Вуелта 52 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Најџел Вин. „Jesper Hansen car-doored by medic during Tour de Romandie (video)“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 30 април 2015 (посет. 30 април 2015 г).
  2. „Vuelta a España 2015“. Cycling Fever. конс. 21 август 2015. 
  3. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. конс. 2 мај 2017. 
  4. „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. конс. 5 јули 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]