Прејди на содржината

Јохан Чоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јохан Чоп
Лични податоци
Цело имеЈохан Чоп
Роден1 јули 1982(1982-07-01)(42 г.)
Сиере, Швајцарија
Висина1,75 м
Маса62 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИАМ Сајклинг
Дисциплинадрумски, велокрос и планински велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2004–2006
2007–2010
2011–2012
2013–2014
Фонак
Буиг Телеком
Верандас Вилемс-Аксент
ИАМ Сајклинг
Значајни победи
Национален маратонски планински првак (2005)
Џиро д’Италија, 1 етапа
Трка околу Јута (2012)
Последна промена
13 јануари 2016

Јохан Чоп (германски: Johann Tschopp; р. 1 јули 1982 во Сиере) — швајцарски професионален планински велосипедист.[1] Претходно настапувал како друмски велосипедист помеѓу 2004 и 2014 година, настапувајќи за екипите Фонак, Буиг Телеком, Верандас Вилемс-Аксент и ИАМ Сајклинг.[2] Тој е особено добар специјалист за искачување, поради неговата мала тежина и неговиот терен за тренирање е главно планински. Воедно, имал свои настапи и во велокрос и планинскиот велосипедизам.

Во август 2012 година, Чоп ја освоил Трката околу Јута, благодарение на неговата победа на кралската етапа на трката. Заминал од групата во падините на последното искачување, поминувајќи ги сите претходно побегнати возачи и ја поминал целта со 43 секунди предност пред второпласираниот. Оваа етапа му ја донела водечката маичка, која претходно ја носел возачот на Гармин-Шарп Кристијан Ванде Велде.[3] Чоп и неговите колеги успеале да го одржат водството во генералниот пласман на последната етапа, која била исто така планинска и ја прославиле победата.[4]

Чоп го напуштил Аксент.џобс-Вилемс Веранда на крајот на сезоната 2012 и ѝ се приклучил на новата екипа од неговата држава, екипата ИАМ Сајклинг за сезоната 2013.[2] На Трката околу Оман 2013 го освоил шестото место во генералниот пласман.[5] На Париз-Ница 2013, Чоп го освоил планинскиот пласман благодарение на учествата во бројни бегства. Имал огромно водство од 64 бода, 40 повеќе отколку најблискиот натпреварувач.[6]

Во ноември 2014 година, Чоп објавил дека ќе се повлече од друмскиот велосипедизам и ќе се насочи на планинскиот велосипедизам во 2015 година.[1]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2003
2. Првенство во планински велосипедизам
2. Сиере-Лоје
3. Национално велокрос првенство
2005
2. Трка околу Австрија
2007
5. Краен пласман Тур де л’Ен
2009
5. Краен пласман Тропикале Амиса Бонго
1. Етапа 4
5. Краен пласман Тур де Лангкави
2010
1. Етапа 20 Џиро д’Италија
Чима Копи
2011
15. Џиро д’Италија
2012
1. Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 5
3. Краен пласман Париз-Корез
12. Џиро д’Италија
2013
2. Трофео Матеоти
6. Краен пласман Париз-Ница
1. Планински пласман
6. Краен пласман Трка околу Оман
9. Краен пласман Критериум Интернационал
9. Краен пласман Трка околу Норвешка
2014
1. Планински пласман Тур де Романди
8. Краен пласман Трка околу Баварија
9. Краен пласман Трка околу Оман

Распоред на резултатите на Гранд Тур

[уреди | уреди извор]
Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Џиро 41 45 126 34 15 12
Тур 93 54
Вуелта 81 СО СО

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. 1,0 1,1 „Чоп се префрла од друмски на планински велосипедизам во 2015 година“. Cyclingnews.com. Future plc. 20 ноември 2014. Посетено на 24 ноември 2014.
  2. 2,0 2,1 Мињо, Александер (9 август 2012). „Tschopp and Rasch sign with IAM Cycling“. Cyclism'Actu (француски). Swar-Agency. Посетено на 11 август 2012.
  3. Пет Малак (13 август 2012). „Чоп освоил етапа и го преземал водството во Сноубирд“. Cycling News. FuturePublishing Limited. Посетено на 13 август 2012.
  4. Кајл Мур (12 август 2012). „Лајпхајмер сам до победа на шестата етапа на Трката околу Јута, Чоп победи на трката“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 13 август 2012.
  5. „Резултати на Трката околу Оман 2013“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 16 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 10 мај 2013.
  6. „Париз-Ница 2013: Силвен Шаванел ја освои етапата во Ница во спринт“. Velo Wire. Томас Вергувен. 9 март 2013. Посетено на 11 мај 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]