Дарио Каталдо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дарио Каталдо
Каталдо на Тур де Франс 2017
Лични податоци
Цело имеДарио Каталдо
ПрекарПикасо[1]
Роден17 март 1985 (1985-03-17) (35 г.)
Ланчано,  Италија
Висина1,75 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
Мом. клубМовистар Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач[1]
Професионални клубови
2007–2008
2009–2012
2013–2014
2015-2019
2020-
Ликвигас
Квик Степ
Тим Скај
Астана
Мовистар Тим
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 ТТТ етапа (2013)
1 поединечна етапа (2019)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2012)
1 ТТТ етапа (2019)

Еднодневни трки и класици

MaillotItalia.svg Национален хронометарски првак (2012)
Последна промена
5 јануари 2020

Дарио Каталдо (италијански: Dario Cataldo; р. 17 март 1985 во Ланчано) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Ликвигас (2007-2008)[уреди | уреди извор]

По изненадувачката победа на Бебе-Џиро во 2006,[3] Каталдо потпишал како професионалец за Ликвигас за сезоната 2007.[4] Во јануари 2007, Каталдо бил удрен од автомобил додека тренирал.[5] Подоцна истата година, Каталдо освоил две етапи на Тур де л‘Авенир.[6] По разочарувачката година во 2008, Ликвигас не го обновил неговиот договор.[3]

Квик Степ (2009-2012)[уреди | уреди извор]

Така, во 2009, Каталдо се префрлил во екипата Квик Степ.[7] Првите две години Каталдо не успевал да го покаже својот талент, меѓутоа во 2012 ги покажал своите вештини. Победил на националното хронометарско првенство 2012 и завршил 12. на Џиро д’Италија. Каталдо ја освои „кралската“ етапа на Вуелта а Еспања 2012, етапата 16 завршувајќи прв на искачувањето, кое било возено по првпат на Вуела, Суиту Негру. Тој побегнал со Томас де Гент од Вакансолел-ДКМ на почетокот на етапата и тие никогаш не биле достигнати од групата. Каталдо се одвоил од Де Гент на помалку од 2 километри до целта на најстрмниот дел на етапата (повеќе од 20%). Успеал да ги подигне рацете кога поминал низ целта за победнички израз, пред да му паднат на дршките за раце на неговиот велосипед поради замор.[8] Каталдо го напуштил Омега Парма-Квик Степ на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на Тим Скај за сезоната 2013.[9]

Тим Скај (2013–2014)[уреди | уреди извор]

Неговиот успех во 2012 го привлекло вниманието на прваците во Светската турнеја UCI Тим Скај, каде се очекува да има улога на суперпомошник за Бредли Вигинс на Џиро д’Италија или Крис Фрум на Тур де Франс.[9]

Астана (2015-2019)[уреди | уреди извор]

Во октомври 2014 година, Астана објавиле дека потпишале со Каталдо за сезоната 2015, а генералниот раководител на екипата ја опишал неговата улога како помошник во искачувањето за Винченцо Нибали и Фабио Ару, како и придонесувајќи кон резултатите на екипата на екипните хронометри.[10]

Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[11] Се повлекол поради повреда на 12 јули, предизвикана од пад во зоната за хранење.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
1. Краен пласман Бебе-Џиро
2007
1. Етапа 1 (ТТТ) Сетимана Сиклистика Ломбарда
3. Трка околу Франкфурт на Мајна
4. Џиро дел Венето
10. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 2
1. Етапа 7
10. Копа Уго Агостони
2008
1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
2009
4. Трка околу Мисури
5. Гран Премио Бруно Бегели
2010
1. Гран Премио Бруно Бегели
2. Национални хронометарски првенства
2011
7. Трофео Магалуф-Палманова
9. Краен пласман Трка околу Пекинг
2012
1. MaillotItalia.svg Национално хронометарско првенство
1. Етапа 2b (ТТТ) Тур де л’Ен
1. Етапа 16 Вуелта а Еспања
9. Краен пласман Волта а Каталуња
12. Краен пласман Џиро д’Италија
2013
1. Етапа 1b (ТТТ) Џиро дел Трентино
1. Етапа 2 (ТТТ) Џиро д’Италија
2014
2. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 1б (ТТТ)
1. Етапа 4 (ITT)
2015
4. Краен пласман Џиро дел Трентино
2016
1. Етапа 2 (ТТТ) Вуелта а Бургос
8. Вуелта а Мурсија
9. Краен пласман Трка околу Полска
2017
4. Национално друмско првенство
2018
1. Jersey white dots on blue.svg Планински пласман Критериум ди Дофине
2019
1. Етапа 15 Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања
8. Краен пласман Трка на Алпите

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро СО 54 СО 12 12 56 26 25 14 48
Jersey yellow.svg Тур СО
Jersey red.svg Вуелта 71 131 51 74 СО 57 51 64 68

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Дарио Каталдо“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. Посетено на 28 април 2013.
  2. „Movistar Team ready to open new era in 2020“. Мовистар Тим. Abarca Sports SL. 19 декември 2019. Посетено на 2 јануари 2020.
  3. 3,0 3,1 Дарио Каталдо (холандски)
  4. „Ликвигас ја објави екипата за 2007“. Cycling news. 5 октомври 2006. Посетено на 25 јануари 2010.
  5. Браун, Грегор (31 јануари 2007). „Каталдо удрен од автомобил додека тренирал“. Cycling news. Посетено на 25 јануари 2010.
  6. „Младиот Италијанец во форма“. Cycling news. 13 септември 2007. Посетено на 25 јануари 2010.
  7. Прел, Моника (27 ноември 2009). „Каталдо му се придружи на Квик Степ“. Cycling news. Посетено на 25 јануари 2010.
  8. Бен Аткинс (3 септември 2012). „Вуелта а Еспања: Дарио Каталдо ја однел историската победа додека водечките на трките се бореле зад него“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 3 септември 2012.
  9. 9,0 9,1 „Каталдо го напушта Омега Парма-КвикСтеп за Скај“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 септември 2012. Посетено на 24 септември 2012.
  10. „Дарио Каталдо потпиша за Астана да биде помошник во искачувањето за Винченцо Нибали и Фабио Ару“. skysports.com. 1 октомври 2014. Посетено на 5 октомври 2014.
  11. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]