Прејди на содржината

Грег Хендерсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грег Хендерсон
Хендерсон на Трката околу Лимбург 2014
Лични податоци
Цело имеГрег Хендерсон
ПрекарХендо
Роден10 септември 1976(1976-09-10)(48 г.)
Данедин, Нов Зеланд Нов Зеланд
Висина1,81 м
Маса72 кг
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Професионални клубови
2002–2003
2004–2006
2007–2009
2010–2011
2012–2016
2017-
7 АП-Максис
Хелт Нет-Максис
Т-Мобајл Тим
Тим Скај
Лото-Белисол
ЈунајтедХелткер
Значајни победи
Вуелта а Еспања, 1 етапа
Париз-Ница, 2 етапи
Меѓународно првенство Филаделфија (2006)
Светски првак во скреч (2004)
Национален првак во критериум (1999, 2001, 2004, 2005)
Спринтерски пласма Трка околу Џорџија (2005, 2008)
Последна промена
21 јануари 2017

Грегори „Грег“ Хендерсон (англиски: Gregory "Greg" Henderson; р. 10 септември 1976) — новозеландски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за професионалната и континентална екипа ЈунајтедХелткер. Неговата кариера вбројува победи на 15-километарската скреч трка на Светското првенство во 2004 година и во друмскиот велосипедизам, победа на спринтерскиот пласман на Трката околу Џорџија 2005. Го повторил овој подвиг во 2008 година.

Во 2007 година, возел за Т-Мобајл Тим. Хендерсон дипломирал на физичко образование на Универзитетот Отаго.

Покрај 17. велодромски и друмски титули во Нов Зеланд и осумте злата во Светскиот велодромски куп, Хендерсон бил Новозеландски велодромски велосипедист на годината (2001, 2002, 2003) и спортист на годината (2001, 2002, 2003).

Оженет е со австралискиот велосипедист Кејти Мектајер.

Велодромски велосипедизам

[уреди | уреди извор]

На Комонвелтските игри 1998, Хендерсон освоил бронзени медали во 40-километарската бодовна трка и 4-километарската екипна потера.[1][2]

Освоил злато на 40-километарската бодовна трка[3] и бронза повторно во екипна потера[4] на Комонвелтските игри 2002.[2]

Ја освоил 15-километарската скреч трка на Светското првенство 2004.[5]

На Летните олимписки игри 2004 завршил четврти на бодовната трка и седми на медисон.[6]

Негов најдобар пласман на Комонвелтските игри 2006 бил 10. место на скреч.[2][7]

На Летните олимписки игри 2008 завршил десетти во бодовната трка и медисон.[6]

друмски велосипедизам

[уреди | уреди извор]

Во 2005 година го освоил спринтерскиот пласман на Трката околу Џорџија. Во 2006 година го освоил воведниот класик Ридинг.

Во 2009 година победил на Класика де Алмерија во Шпанија, втората етапа на Вуелта Сиклиста а Мурсија и третата етапа на Вуелта а Еспања.[8]

Во 2010 година ја освоил првата етапа на Париз-Ница. Во 2011 година победил на втората етапа на Париз-Ница и третата етапа на Трката околу Калифорнија.

Хендерсон го напуштил Тим Скај на крајот на 2011 година и се приклучил на Лото-Белисол.[9] Во април 2015 година го изразил своето мислење на Твитер дека Фабио Ару од соперничката екипа Астана го пропуштил Џиро дел Трентино не поради болест како што било објавено, туку поради моменталната истрага за неговиот биолошки пасош за допинг. Кратко потоа се извинил.[10]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]

Велодромски велосипедизам

[уреди | уреди извор]
1998
Комонвелтски игри
3. Бодовна трка
3. Екипна потера
1999
Национални велодромски првенства
1. Екипна потера
1. Бодовна трка
Светски куп
2. Екипна потера
3. Медисон
2000
1. Национално велодромско првенство - екипна потера
2. Шест дена Нумеа
2001
Гудвил Гејмс
1. Бодовна трка
1. Медисон
1. Национално велодромско првенство - бодовна трка
2002
Комонвелтски игри
1. Бодовна трка
3. Екипна потера
Светски куп
1. Екипна потера
1. Медисон
3. Бодовна трка
2003
1. Национално велодромско првенство - медисон
Светски куп
1. Скреч
3. Бодовна трка
2. Светско првенство во медисон
2004
1. Светско првенство во скреч
Светски куп
2. Скреч
2005
Светски куп
1. Екипна потера
3. Скреч
2. Светско првенство во скреч
2006
Океански игри
1. Бодовна трка
1. Скреч
1. Државно првенство во бодовна трка
Светски куп
2. Бодовна трка
2007
Океански првенства
1. Медисон
2. Бодовна трка
2. Скреч
Светски куп
1. Бодовна трка

друмски велосипедизам

[уреди | уреди извор]
1996
1. Национално хронометарско првенство
1997
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
1998
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
1999
1. Државно првенство во критериум
Трка околу Велингтон
1. Етапа 3
1. Етапа 10
2000
1. Етапа 2 Трка околу Велингтон
2. Национално друмско првенство
2. Национално хронометарско првенство
2. Омлоп ван де Вламсе Схелдеборден
2001
1. Државно првенство во критериум
1. Етапа 5 Серија Заливски класик
2002
1. Тур де Ловленд
2003
1. Етапа 7 Трка Јужна Земја
2004
Трка Јужна Земја
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1 (TTT)
1. Етапа 8
1. Етапа 10
1. Државно првенство во критериум
2005
Меѓународна трка околу Туна
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 7
Трка Јужна Земја
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 4
1. Етапа 9
1. Еташа 10
1. Спринтерски пласман Трка околу Џорџија
1. Државно првенство во критериум
2006
1. Меѓународно првенство Филаделфија
1. Класик Ридинг
1. Етапа 7 Трка околу Велингтон
2. Краен пласман Џајко Заливски класик
1. Етапа 1
2007
5. Краен пласман Трка околу Катар
2008
Трка околу Џорџија
1. Спринтерски пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 7
7. Схелдепрејс
10. Олимписка друмска трка
2009
1. Класика де Алмерија
1. Етапа 3 Вуелта а Еспања
1. Етапа 2 Вуелта а Мурсија
1. Етапа 7 Волта а Каталуња
2. Меѓународно првенство Филаделфија
5. Краен пласман Три дена Де Пане
2010
Трка околу Британија
1st Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Класик Кансер Кансил Хелплајн
Трка Јужна Земја
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 4
1. Етапа 9
1. Етапа 1 Париз-Ница
1. Етапа 3 Стер Електротур
1. Етапа 4 Енеко Тур
2. Краен пласман Серија Заливски класик
1. Етапа 2
3. Краен пласман Тур Даун Андер
2011
1. Етапа 2 Париз-Ница
1. Етапа 3 Трка околу Калифорнија
2. Национално друмско првенство
3. Национално хронометарско првенство
3. Париз-Бурж
2012
1. Етапа 1 Велосипедски класик Џајко Беј
7. Фландриско првенство
9. Класик Кансер Кансил Хелплајн
2013
2. Краен пласман Серија Заливски класик
3. Класик Кансер Кансил Хелплајн
2014
1. Етапа 2 Стер ЗЛМ Тур
3. Трка околу Лимбург
4. Краен пласман Светски пристаништен класик
2015
2. Краен пласман Серија Заливски класик
1. Етапа 4
10. Даун Андер Класик
2016
6. Краен пласман Трка околу Турција

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Џиро 88 СО
Тур 124 162 СО СО 155
Вуелта 123 СО 133

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. "1998 Commonwealth Games Track Competition" Malaysia 16-19 September 1998 cyclingnews.com
  2. 2,0 2,1 2,2 Greg Henderson Архивирано на 24 јануари 2015 г. olympic.org.nz
  3. Gerry McManus "2002 Commonwealth Games Men's Points Race" cyclingnews.com 2 August 2002
  4. Gerry McManus "2002 Commonwealth Games Men's Team Pursuit" cyclingnews.com 1 August 2002
  5. Mal Sawford "2004 World Track Championships Melbourne, Australia, Men's Scratch Race" cyclingnews.com 28 May 2004
  6. 6,0 6,1 Greg Henderson Архивирано на 30 октомври 2014 г. sports-reference.com
  7. 2006 Commonwealth Games Men's Scratch Race Архивирано на 30 октомври 2014 г. melbourne2006.com.au
  8. Les Clarke August 31 "Henderson surprise winner in Vuelta's Venlo stage" Stage 3: Zutphen - Venlo 189.7km
  9. Ван Ејк, Ксилон (14 септември 2011). „Хендерсон го напушта Скај за да се приклучи на поранешните колеги во Лото-Ридли“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 5 јануари 2012.
  10. Стјуарт Кларк (24 април 2015). „Aru to take legal action over Henderson tweets“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 24 април 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]