Бернхард Ајзел
Ајзел на Тур де Франс 2017 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Бернхард Ајзел | ||
Прекар | Берни | ||
Роден | 17 февруари 1981 Фојтсберг, Австрија | ||
Висина | 1,83 м | ||
Маса | 78 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за класици | ||
Аматерски клубови | |||
— — | Ринаскита Ормеле Љи Амичи Пјаве | ||
Професионални клубови | |||
2001–2002 2003–2006 2007–2011 2012–2015 2016-2019 | Мапеи-Квик Степ FDJeux.com Т-Мобајл Тим Тим Скај Тим Дименжн Дата | ||
Значајни победи | |||
|
Бернхард Ајзел (германски: Bernhard Eisel; р. 17 февруари 1981 во Фојтсберг) — поранешен австриски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално помеѓу 2001 и 2019 година за екипите Мапеи-Квик Степ, Франсес де же, ХТЦ-Хајроад, Тим Скај и Тим Дименжн Дата.
По неговото пензионирање работел како аналитичар и водител за Евроспорт и за Глобал Сајклинг Нетворк (GCN),[1] пред да стане спортски директор на Бора-Хансгрое.[2]
Кариера
[уреди | уреди извор]Тој ја освоил неговата прва трка, кога имал 11 години. Оттогаш тој освоил многу трки. Кога имал 17 години се преселил во Италија да се трка за екипата Ринаскита Ормеле, со седиште во Тревизо. Потоа, се преместил во Љи Амичи Пјаве, екипата на Морено-Аргентин. Во 2001 ѝ се приклучил на екипата Мапеи-Квик Степ и станал професионален велосипедист, од 2003 се придружил на FDJeux.com.
Во 2007, Ајзел се приклучил на Т-Мобајл Тим. Ајзел имал успеси во првата сезона со неговата главна победа на втората етапа на Волта ао Алгарве. Ајзел се доживува себеси како помогач на спринтерот и колегата Марк Кевендиш, заштитувајќи го низ рамните и планинските етапи[3] и го создава делот на водечкиот воз на ХТЦ, кој му донел многу победи на Кевендиш на Тур де Франс и на други трки. Ајзел исто така гледа можности да вози за себе, главно на класиците. Тој го освоил Париз-Бурж во 2008 и Гент-Вевелгем во 2010, а во 2011, Ајзел го забележал неговиот најдобар пласман на монументот Париз-Рубе завршувајќи седми. Ајзел бил назначен како член на новата Спортска комисија на UCI во 2011 година.[4]
По најавата, дека ХТЦ-Хајроад би се распуштил на крајот на 2011, Ајзел му се придружил на Марк Кевендиш во преселбата во Тим Скај.[5][6] Откако Кевендиш објавил дека сака да го раскине тригодишниот договор со екипата пред истекот и да се префрли во Омега Парма-Квик Степ, Ајзел објавил дека ќе остане со Тим Скај до крајот на сезоната 2015.[7]
На 28 септември 2015 година, Тим Скај објавил дека Ајзел ќе биде помеѓу возачи кои ќе ја напуштат екипата на крајот на годината, по четири поминати сезони со екипата.[8] Следниот ден било објавено дека ќе му се приклучи на Кевендиш (и Марк Реншо, нивен поранешен колега во ХТЦ) при потпишувањето за МТН Кубека — која ќе биде преименувана во Тим Дименжн Дата.[9]
На 14 јануари 2020 година го објавил своето пензионирање од професионалните трки. Кратко потоа започнал да биде водител, известувач и коментатор за Евроспорт и Глобал Сајклинг Нетворк (GCN).[1][10] Во ноември 2021 година, Бора-Хансгрое објавил дека Ајзел ќе им се приклучи како спортски директор од сезоната 2022.[2]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 1999
- 5. Светско јуниорско друмско првенство
- 2002
- 1. Радкласик-Глајсдорф
- 2. Краен пласман Париз-Корез
- 4. Краен пласман ГП Ерик Бројкинк
- 2003
- 1. Етапа 4 Тур ду Лимузин
- 3. Краен пласман ГП Ерик Бројкинк
- 1. Етапа 2
- 7. Краен пласман Сиркут Франко Белж
- 2004
- 1. Етапа 3 Критериум де Еспоар
- 1. Бад Ишл
- 5. Схелдепрејс
- 7. Краен пласман Тур де Пикарди
- 2005
- Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 1 Тур де Свис
- 2. Краен пласман Гранде Премио Интернасионал Коста Азул
- 1. Бодовен пласман
- 1. Етапа 4
- 2006
- 1. Етапа 4 Трка околу Катар
- 1. Етапа 2 Волта ао Алгарве
- 1. Грацер Алтштат Критериум
- 1. Мајрхофен Европа-Критериум
- 2. Краен пласман Три дена Де Пане
- 2. Краен пласман Гранде Премио Интернасионал Коста Азул
- 5. Париз-Рубе
- 7. Гент-Вевелгем
- 2007
- 1. Класик Ланкастер
- 1. Класик Рединг
- 1. Етапа 2 Волта ао Алгарве
- 1. Критериум Линц
- 3. Меѓународно првенство Филаделфија
- 4. Краен пласман Трка околу Катар
- 8. Трофео Палма
- 2008
- 1. Париз-Бурж
- 1. Етапа 5 Волта ао Алгарве
- 3. Класик Рединг
- 4. Меѓународно првенство Филаделфија
- 6. Е3 Прејс Вландерен
- 9. Класик Ланкастер
- 2009
- 1. Етапа 2 Тур де Свис
- 1. Велзер Шпаркасен Иненштат-Критериум
- 2. Курне-Брисел-Курне
- 3. Национално друмско првенство
- 9. Схелдепрејс
- 2010
- 1. Гент-Вевелгем
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 7. Париз-Бурж
- 8. Омлоп Хет Ниусблад
- 9. Париз-Тур
- 2011
- 7. Париз-Рубе
- 7. Гент-Вевелгем
- 8. Краен пласман Трка околу Катар
- 2012
- 3. Е3 Харелбеке
- 2013
- 5. Краен пласман Трка околу Катар
- 7. Гент-Вевелгем
- 10. Милано-Санремо
- 2014
- 1. Бишофхофен Критериум
- 2017
- 1. Планински пласман Арктичка трка на Норвешка
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 63 | — | — | — | — | — | — | — | — | 152 | — | 138 | 143 | — | — |
Тур | — | 131 | 143 | 107 | 121 | 144 | 150 | 155 | 160 | 146 | — | 126 | — | 171 | 153 |
Вуелта | — | СО | СО | — | — | — | — | СО | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Global Cycling Network announces former road racer Bernie Eisel as new presenter“. Евроспорт. 3 March 2020. Посетено на 4 October 2020.
- ↑ 2,0 2,1 „Bernhard Eisel and Enrico Gasparotto join Bora-Hansgrohe as sport directors“. VeloNews. 13 November 2021. Посетено на 4 March 2022.
- ↑ Мекграт, Енди (11 октомври 2011). „Ајзел го следи Кевендиш во Тим Скај“. Cycling Weekly. Посетено на 11 октомври 2011.
- ↑ Ryan, Barry (5 March 2015). „UCI Athletes' Commission holds first meeting in Aigle“. cyclingnews.com. Посетено на 5 March 2015.
- ↑ „Кевендиш, Ајзел им се придружуваат на Тим Скај“. Cycling News. Future Publishing Limited. 11 октомври 2011. Посетено на 6 јануари 2012.
- ↑ „Тим Скај (SKY) – ВБР“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 4 јануари 2014.
- ↑ „Ајзел останува со Скај до 2015“. Cyclingnews.com. Future Publishing Limited. 19 октомври 2012. Посетено на 21 октомври 2012.
- ↑ „Тим Скај го потврди составот за 2016“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 28 септември 2015. Посетено на 29 September 2015.
- ↑ О’Ши, Садб (29 септември 2015). „Марк Кевендиш се приклучи на Тим Дименжн Дата за 2016“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 20 November 2015. Посетено на 29 септември 2015.
- ↑ „Eisel kehrt zurück“ [Eisel returns]. Австриски олимписки комитет (германски). 4 March 2020. Посетено на 4 October 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бернхард Ајзел“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)
- „Достигнувања на Бернхард Ајзел“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Бернхард Ајзел“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Бернхард Ајзел“. ProCycling.
- @EiselBernhard на Твитер