Карстен Крон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карстен Крон
Крон на Тур де Валони 2014
Лични податоци
Цело имеКарстен Крон
Роден29 јануари 1976 (1976-01-29) (43 г.)
Дален, Холандија
Висина1,80 м
Маса67 кг
Податоци за клубот
Мом. клубПензиониран
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачВозач за класици
Професионални клубови
1997–2005
2006–2009
2010–2011
2012–2014
Рабобанк
Тим ЦСЦ
БМЦ Рејсинг Тим
Тим Саксо Банк
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2002)

Еднодневни трки и класици

Трка околу Франкфурт (2004, 2008)
Последна промена
1 февруари 2016

Карстен Крон (холандски: Karsten Kroon; р. 29 јануари 1976 во Дален) — поранешен холандски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 1997-2014 година. Се повлекол од трките на крајот на сезоната 2014.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Крон го покажал неговиот талент како аматер со освојувањето на професионалната Трка околу Дренте во 1996. Тој му се приклучил на младинскиот состав на Рабобанк во 1997 и освоил голем број аматерски трки во наредните две години. Во 1999, му се придружил на сениорскиот состав. Имал неколку победи, меѓу кои етапата 8, на Денот на Бастилја, на Тур де Франс 2002. Крон и неговиот сонародник, Ерик Декер, завршиле заедно во група од седум луѓе, но Крон ја освоил етапата на неговиот прв Тур де Франс со помошта на поискусниот Декер.[2] Крон ја носел маичката за планински пласман на секоја од трите големи трки, иако неговото водство не траело до крајот.[3]

На 10 август 2005 изјавил дека, до 2007 ќе вози за Саксо Банк. Тој сакал повеќе слобода. „Никогаш не сум рекол дека сакам да бидам водач“, рекол за CyclingNews.com, „Единствено сакам да добивам шанси“.[4] Во март и април 2006, тој бил заеднички екипен капетан за ProTour трките. Завршил во првите десет на Тирено-Адријатико и Трката околу Фландрија. Му помогнал на Френк Шлек да победи на Амстел Голд Рејс со растурањето на потерата, кога Шлек нападнал; Крон завршил четврти.[5] На крајот, Крон завршил на подиум на Флеш Валон, бил трет пред Шлек. Тој исто така бил втор на Амстел Голд Рејс 2009, веднаш зад Сергеј Иванов.

Во 2010, Крон му се приклучил на БМЦ Рејсинг Тим,[6] но се вратил во Тим Саксо Банк за сезоната 2012.[7]


Достигнувања[уреди | уреди извор]

1996
1. Трка околу Дренте
1997
1. Вламсе Пајл
1. Етапа 2 Сиркут Франко-Белж
1998
1. Краен пласман Стер дер Белофтен
1. Етапа 2
1. Етапа 6 Сиркут дес Минес
1. Етапа 2 Трка околу Навара
1. Етапа 3 Трка околу Навара
1. Етапа 2 Вуелта а Леон
1999
10. Класика де Алмерија
2001
1. ГП Кантон Аргау
3. Шпаркасен Џиро Бохум
9. Брабант Пејл
2002
1. Етапа 8 Тур де Франс
2003
1. Етапа 5 Тур ду Поату
2004
1. Трка околу Франкфурт
2005
5. Брабант Пејл
9. Омлоп Хет Волк
2006
Трка на три земји
1. Етапа 2
1. Етапа 5
3. Флеш Валон
4. Амстел Голд Рејс
8. Трка околу Фландрија
2007
4. Трка околу Фландрија
2008
1. Етапа 2 Вуелта а Кастилја и Леон
1. Етапа 5 Трка околу Саксонија
1. Трка околу Франкфурт
5. Џиро ди Ломбардија
9. Амстел Голд Рејс
2009
2. Амстел Голд Рејс
2. Трка околу Франкфурт
4. Курне-Брисел-Курне
5. Брабант Пајл
2010
9. Амстел Голд Рејс
2012
5. Краен пласман Тур де л’Еврометропол

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.cyclingnews.com/news/nuyens-set-to-announce-retirement
  2. Крон однесе етапна победа, ББС Спорт, 14 јули 2002
  3. „Kroon tiende Nederlander in bolletjestrui“ (холандски). Wielcentrum.com. 7 јули 2005. конс. 7 мај 2010. 
  4. Крон за CSC, CyclingNews.com, 10 август 2005
  5. Мешана среќа за Крон и Богерд, Pro Cycling, 17 април 2006
  6. VeloNews.com (2009-09-01). „Хинкапи потврди дека оди во BMC со Балан, Крон, Бургхарт“. VeloNews. конс. 2009-09-02. 
  7. Крон се враќа во Саксо Банк“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 октомври 2011 (посет. 1 јануари 2012 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]