Пикардија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пикардија
Picardie
Регион во Франција
Picardie in France.svg
Земја  Франција
Префектура Амјен
Департмани
Управа
 • Претседател Клод Геверк (PS - Социјалистичка партија)
Површина
 • Вкупна 19.399 км2
Население (2007-01-01)
 • Вкупно 1.890.000
 • Густина Лошо заокружување97.42.770.245.889/км2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
NUTS FR2
Мреж. место cr-picardie.fr

Пикардија (француски: Picardie, француски изговор: [pikaʁdi]) е еден од 27-те региони во Франција. Се наоѓа во северниот дел на Франција.

Историја[уреди | уреди извор]

Историската провинција Пикардија се протегала северно од Нојон до Кале, низ целиот департман Сона и северно од департманот Ена. Провинцијата Артоа (областа Арас) ја делела Пикардија од Француска Фландрија.

Денес, современиот регион Пикардија не го вклучува брегот од Берк до Кале, преку Булоња (Булоне), кој денес е во регионот Север-Па де Кале, но ги вклучува краевите (pays) Бовези, Валоа, Нојоне, Лан, Соасоне, Омоа на југ од департманите Ен и Оаз.

Географија[уреди | уреди извор]

Пејсаж во Пикардија

Пикардија се протега од долгите песочни брегови на устието на Сома на запад до пространите шуми и пасишта на исток и надолу кон замоците на Шантији или Пјерфон близу до париското подрачје и на југ сé до виноградите на границата со Шампања (Champagne picarde). Регионот се состои од 4 департмани:

Култура[уреди | уреди извор]

Пикардското културно наследство вклучува некои од најубавите готски цркви (Катедралите во Амјен и Буве), изразена локална гастрономија (ficelle picarde, flamiche aux poireaux, tarte au maroilles), пиво и традиционални игри и спортови како longue paume (претходникот на тенисот), како и пикардските танци.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописите помеѓу 1990 и 1999, населението на Оаз се зголемувало за 0,61% годишно (речиси двојно побрзо од Франција во целина) додека департманот Езн бележи намалување на населението додека пак во Сома сосем малку било во пораст (за 0,16% годишно). Денес, 41,3% од популацијата на Пикардија живее во департманот Оаз.

Администрација[уреди | уреди извор]

Претседател на Регионалниот совет е Клод Геверк, припадник на социјалистите кој е на истата функција од 2004. Од 2008, градоначалник на градот Амјен, главен град на регионот, е социјалистот Жил Демеји.

Поголеми градови[уреди | уреди извор]

Опатијта во(Оаз)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]