Трка околу Пекинг 2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трка околу Пекинг 2014
Светска турнеја UCI 2014, трка 29 од 29
Детали за трката
Датум(и) 10–14 октомври 2014
Етапи 5
Добитници на наградите
Победник  Филип Жилбер (Белгија) (БМЦ Рејсинг Тим)
Втор  Даниел Мартин (Ирска) (Гармин-Шарп)
Трет  Естебан Чавес (Колумбија) (Орика-ГринЕЏ)

Бодовен  Тајлер Фарар (САД) (Гармин-Шарп)
Планински  Михал Голаш (Полска) (Омега Парма-Квик Степ)
Младински  Естебан Чавес (Колумбија) (Орика-ГринЕЏ)
Екипен Орика-ГринЕЏ
2013

Трка околу Пекинг 2014 — четврто и последно издание на велосипедската етапна трка Трка околу Пекинг. Започнала на 10 октомври и завршила на 14 октомври 2014 година по пет одржани етапи. Била 29. и последна трка во сезоната на Светската турнеја.

На Светското друмско првенство во септември, управното тело во велосипедизмот, Меѓународниот велосипедистички сојуз (УЦИ), одлучил дека нејзината подружница за организирање на трки, Глобал Сајклинг Промошн, нема да продолжи да ја организира Трката околу Пекинг; изданието во 2014 година ќе биде нејзино последно издание. Претседателот на УЦИ Брајан Куксон ја критикувал подружницата во текот на неговата изборна кампања[1] и Трката околу Пекинг не била омилена од велосипедистите. Според Cycling Weekly, „здодевните етапи и отсуството на гледачи покрај патот значеле дека трката потфрлила во подгревањето на атмосферата и нејзината положба на крајот на календарот ја направиле уште помалку интересна — долг лет кон исток по цела сезона тркање е многу тешко да им се објасни на истоштените велосипедисти кои сонуваат за зимски одмор“.[2]

Некои проблеми се појавиле пред и во текот на трката. На 10 септември било објавено дека Валентин Иглински од Астана имал позитивен тест на ЕПО [3] на Енеко Тур. Го признал допингот на екипата и веднаш бил отпуштен,[4] три недели подоцна братот на Валентин, Максим Иглински бил првично суспендиран од УЦИ за позитивниот тест на ЕПО на 1 август.[5] Подоцна било објавено дека Астана сама се повлекува од Трката околу Пекинг поради правилата на здружението за велосипедизам, кои велат дека екипа со двајца позитивни велосипедисти во краток период не треба да присуствува на следната трка од Светската турнеја.[6] Исто така, постоела шанса двајца победници на големите тркиАлберто Контадор и Алехандро Валверде да присуствуваат на трката — каде Контадор би одел на победа за да го надмине сонародникот Валверде во водството на индивидуалниот пласман во Светската турнеја. Меѓутоа, успехот на Валверде и повредата на Контадор на Џиро ди Ломбардија, претходната трка во календарот, значеле дека ни едниот ни другиот нема да присуствуваат на Трката околу Пекинг. Во текот на трката, Пекинг бил погоден од особено силно загадување,[7] и по поплаките од велосипедистите, втората етапа била скратена.

Трката била освоена од Белгиецот Филип Жилбер, кој го преземал водството по победата на втората етапа, со разлика од само три секунди пред второпласираниот Даниел Мартин.[8]

Распоред[уреди | уреди извор]

Етапа Датум Движење Растојание Вид Победник
1 10 октомври Чунгли до Џангѓакоу 167 км Plainstage.svg рамна етапа  Лука Мезгец (СЛО)
2 11 октомври Чунгли до Јанќинг 111 км Plainstage.svg рамна етапа  Филип Жилбер (БЕЛ)
3 12 октомври Јанќинг до Ќенѓандијан 176 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Тајлер Фарар (САД)
4 13 октомври Јанќинг до Ментоугоу 157 км Mountainstage.svg планинска етапа  Даниел Мартин (ИРС)
5 14 октомври Тјананмен до Птичјо Гнездо 117 км Plainstage.svg рамна етапа  Сака Модоло (ИТА)

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Трката околу Пекинг е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Поради самосуспензијата на Астана (види погоре), само седумнаесет екипи настапиле. Со отсуството на Астана, распуштањето на Вакансолел-ДКМ на крајот на претходната сезона и недоделувањето на специјална покана, ова било голема намалување од 20 екипи на Трката околу Пекинг 2013.

Седумнаесет екипи кои настапиле на трката биле:[9]

Етапи[уреди | уреди извор]

Етапа 1[уреди | уреди извор]

10 октомври 2014 — Чунгли до Џангѓакоу, 167 км
Резултат од етапа 1
Возач Екипа Време
1  Лука Мезгец (СЛО) Џајант-Шимано 4ч 22' 58"
2  Кејлеб Јуан (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
3  Тајлер Фарар (САД) Гармин-Шарп и.в.
4  Сака Модоло (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
5  Николас Мес (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
6  Морено Хофланд (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг и.в.
7  Стил фон Хоф (АВС) Гармин-Шарп и.в.
8  Бој ван Попел (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг и.в.
9  Давиде Аполонио (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
10  Оливје ле Гак (ФРА) FDJ.fr и.в.
Генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Лука Мезгец (СЛО) Jersey red.svg Jersey green.svg Џајант-Шимано 4ч 22' 48"
2  Кејлеб Јуан (АВС) Jersey white.svg Орика-ГринЕЏ + 4"
3  Јулијан Керн (ГЕР) Аг2р-Ла Мондијал + 5"
4  Тајлер Фарар (САД) Гармин-Шарп + 6"
5  Жереми Роа (ФРА) FDJ.fr + 6"
6  Тош ван дер Санде (БЕЛ) Jersey polkadot.svg Лото-Белисол + 8"
7  Филип Жилбер (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим + 9"
8  Сака Модоло (ИТА) Лампре-Мерида + 10"
9  Николас Мес (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 10"
10  Морено Хофланд (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг + 10"

Етапа 2[уреди | уреди извор]

11 октомври 2014 — Чунгли до Јанќинг, 111 км
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Филип Жилбер (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим 2ч 29' 02"
2  Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР) Џајант-Шимано и.в.
3  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида и.в.
4  Сергеј Чернецки (РУС) Катјуша и.в.
5  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп и.в.
6  Питер Сери (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
7  Хесус Ерада (ШПА) Мовистар Тим и.в.
8  Естебан Чавес (КОЛ) Орика-ГринЕЏ и.в.
9  Дарил Импи (ЈАР) Орика-ГринЕЏ и.в.
10  Микаел Шерел (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Филип Жилбер (БЕЛ) Jersey red.svg Jersey green.svg БМЦ Рејсинг Тим 6ч 51' 49"
2  Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР) Џајант-Шимано + 5"
3  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 7"
4  Хесус Ерада (ШПА) Jersey white.svg Мовистар Тим + 11"
5  Питер Сери (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 11"
6  Микаел Шерел (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 11"
7  Сергеј Чернецки (РУС) Катјуша + 11"
8  Ригоберто Уран (КОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 11"
9  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Шимано + 11"
10  Хулијан Аредондо (КОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 11"

Етапа 3[уреди | уреди извор]

12 октомври 2014 — Јанќинг до Ќенѓандијан, 176 км
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Тајлер Фарар (САД) Гармин-Шарп 4ч 15' 46"
2  Лука Мезгец (СЛО) Џајант-Шимано и.в.
3  Николас Мес (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
4  Морено Хофланд (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг и.в.
5  Максимилијано Ричезе (АРГ) Лампре-Мерида и.в.
6  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај и.в.
7  Дани ван Попел (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг и.в.
8  Бој ван Попел (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг и.в.
9  Давиде Аполонио (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
10  Кејлеб Јуан (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Филип Жилбер (БЕЛ) Jersey red.svg БМЦ Рејсинг Тим 11ч 07' 35"
2  Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР) Џајант-Шимано + 5"
3  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 7"
4  Дарил Импи (ЈАР) Орика-ГринЕЏ + 9"
5  Хесус Ерада (ШПА) Мовистар Тим + 10"
6  Лука Мезгец (СЛО) Џајант-Шимано + 11"
7  Питер Сери (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 11"
8  Сергеј Чернецки (РУС) Катјуша + 11"
9  Микаел Шерел (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 11"
10  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Шимано + 11"

Етапа 4[уреди | уреди извор]

13 октомври 2014 — Јанќинг до Ментоугоу, 157 км
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп 4ч 12' 14"
2  Естебан Чавес (КОЛ) Орика-ГринЕЏ + 2"
3  Филип Жилбер (БЕЛ) Jersey red.svg БМЦ Рејсинг Тим + 2"
4  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 2"
5  Хулијан Аредондо (КОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 10"
6  Риналдо Ночентини (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 10"
7  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Шимано + 10"
8  Ригоберто Уран (КОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 10"
9  Сергеј Чернецки (РУС) Катјуша + 10"
10  Давид Лопез (ШПА) Тим Скај + 13"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Филип Жилбер (БЕЛ) Jersey red.svg БМЦ Рејсинг Тим 15ч 19' 47"
2  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 3"
3  Естебан Чавес (КОЛ) Jersey white.svg Орика-ГринЕЏ + 9"
4  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 11"
5  Сергеј Чернецки (РУС) Катјуша + 23"
6  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Шимано + 23"
7  Хулијан Аредондо (КОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 23"
8  Риналдо Ночентини (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 23"
9  Ригоберто Уран (КОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 23"
10  Питер Сери (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 26"

Етапа 5[уреди | уреди извор]

14 октомври 2014 — Тјананмен до Птичјо Гнездо, 117 км
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Сака Модоло (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал 2ч 40' 10"
2  Грег Хендерсон (НЗЛ) Лото-Белисол и.в.
3  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај и.в.
4  Тајлер Фарар (САД) Гармин-Шарп и.в.
5  Морено Хофланд (ХОЛ) Белкин Про Сајклинг и.в.
6  Лука Мезгец (СЛО) Jersey green.svg Џајант-Шимано и.в.
7  Давиде Аполонио (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
8  Бен Свифт (ВБР) Тим Скај и.в.
9  Кејлеб Јуан (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
10  Енрике Санз (ШПА) Мовистар Тим и.в.
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Филип Жилбер (БЕЛ) Jersey red.svg БМЦ Рејсинг Тим 17ч 59' 57"
2  Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 3"
3  Естебан Чавес (КОЛ) Jersey white.svg Орика-ГринЕЏ + 9"
4  Руј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида + 11"
5  Сергеј Чернецки (РУС) Катјуша + 23"
6  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Шимано + 23"
7  Хулијан Аредондо (КОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 23"
8  Риналдо Ночентини (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 23"
9  Ригоберто Уран (КОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 23"
10  Микаел Шерел (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 26"

Поредок[уреди | уреди извор]

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey red.svg
Бодовен пласман
Jersey green.svg
Планински пласман
Jersey polkadot.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Екипен пласман
1 Лука Мезгец Лука Мезгец Лука Мезгец Тош ван дер Санде Кејлеб Јуан Џајант-Шимано
2 Филип Жилбер Филип Жилбер Филип Жилбер Хесус Ерада Омега Парма-Квик Степ
3 Тајлер Фарар Тајлер Фарар Михал Голаш Морено Хофланд Џајант-Шимано
4 Даниел Мартин Лука Мезгец Естебан Чавес Орика-ГринЕЏ
5 Сака Модоло Тајлер Фарар Аг2р-Ла Мондијал
На крај Филип Жилбер Тајлер Фарар Михал Голаш Естебан Чавес Орика-ГринЕЏ

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]