Стил фон Хоф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стил фон Хоф
Фон Хоф на Тур де л’Ен 2013
Лични податоци
Цело имеСтил фон Хоф
ПрекарНе’рѓосувачки[1]
Роден31 декември 1987 (1987-12-31) (31 г.)
Морнингтон, Викторија, Австралија
Висина1,80 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубОНЕ Про Сајклинг
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпринтер
Аматерски клубови
2012 Чипотл-Фирст Солар Дивилопмент Тим
Професионални клубови
2011
2013–2014
2015
2016-
Џенезис Велт Адвајзерс
Гармин-Шарп
Шаблон:Cycling data NPC
ОНЕ Про Сајклинг
Значајни победи
MaillotAustralia.PNG Национален првак во критериум (2014, 2015)
Последна промена
28 јануари 2018

Стил фон Хоф (англиски: Steele Von Hoff; р. 31 декември 1987) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за екипата ОНЕ Про Сајклинг. Ја поминал 2012 година во развојната подружница на екипата Гармин-Шарп, Чипотл-Фирст Солар Дивилопмент Тим.[1]

Фон Хоф е роден, пораснал и живее во Морнингтон, Викторија, Австралија.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Фон Хоф (лево) на подиумот по третата етапа на Трката околу Полска 2013.

Во 2011 година, Фон Хоф и колегата од Џенезис Велт Адвајзерс Нејтан Хас, преовладувале на домашната национална друмска серија. Двајцата возачи настапиле на Хералд Сан Тур, трка на која возат голем број елитни екипи;[2] Фон Хоф бил трет на втората етапа и втор на третата етапа, додека Хас ја освоил трката.[3]

Во јануари 2012 година, Фон Хоф се приклучил на Чипотл-Фирст Солар Дивилопмент Тим, американска велосипедска екипа, која настапува на континенталните трки, меѓутоа Чипотл-Фирст Солар главно возела трки во Американската турнеја. На 1 август 2012, додека се подготвувал да настапи на Тур де Гваделуп со боите на екипата, Фон Хоф бил унапреден како стажант на екипата Гармин-Шарп,[4] и така повторно се споил со Хас.[5][6] На 24 август 2012 година, Фон Хоф завршил трет на третата етапа на Трката околу Данска.[7]

Фон Хоф се приклучил со професионален договор на Гармин-Шарп за сезоните 2013 и 2014.[8][9] На 10 јанаури 2014 година, Фон Хоф победил на националното првенство во критериум.[10][11] Во декември 2014 година, Фон Хоф бил најавен како член на составот на екипата НФТО за сезоната 2015.[12] На Тур Даун Андер 2015, Фон Хоф настапувал како дел од екипата УниСА-Австралија. Ја освоил четвртата етапа на трката.[13] Есента 2015, ОНЕ Про Сајклинг објавиле дека Фон Хоф ќе вози за нив од 2016.[14]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2011
2. Јапонски куп
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
2. Краен пласман Хералд Сан Тур
7. Класик Нов Зеланд
2012
Тур де Гваделупе
1. Етапа 2
1. Етапа 9
1. Етапа 6 Трка Олимпија
5. Кансер Кансил Хелплајн Класик
6. Национално друмско првенство
6. Краен пласман Светски пристаништен класик
10. Јапонски куп
2013
2. Национално критериум првенство
3. Национално друмско првенство
7. Кансер Кансил Хелплајн Класик
2014
1. MaillotAustralia.PNG Национално првенство во критериум
8. Национално друмско првенство
2015
1. MaillotAustralia.PNG Национално првенство во критериум
1. Етапа 4 Тур Даун Андер
1. Класик Рутланд-Мелтон
1. Меморијална друмска трка Џок Вадли
9. Национално друмско првенство
2016
1. Етапа 1 Трка околу Норвешка
1. Етапа 1 Велосипедска трка Сибиу
8. ГП Стад Зотегем
9. Класик Лондон-Сари
2018
7. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Стил фон Хоф во Гармин-Шарп“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (посет. 6 јануари 2013 г).
  2. Алекс Хиндс. „Хас во Гармин-Сервело, Фон Хоф во Чипотл во 2012“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 27 октомври 2011 (посет. 2 јануари 2014 г).
  3. Џајко Хералд Сан Тур“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 12–16 октомври 2011 (посет. 9 јануари 2014 г).
  4. Гармин-Шарп (GRS) – САД“, „Светска турнеја UCI“, Меѓународен велосипедистички сојуз (посет. 1 август 2012 г).
  5. Тим Гармин-Шарп-Баракуда го објави составот за 2013“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (посет. 6 јануари 2013 г).
  6. Тим Гармин-Шарп-Баракуда го откри составот за 2013“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (посет. 6 јануари 2013 г).
  7. Norsk etapesejr og gul trøje i Vejle, Danmarks Cykle Union, 25 август 2012.
  8. Фон Хоф потпиша за Гармин-Шарп“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 3 ноември 2012 (посет. 20 јануари 2014 г).
  9. Ед Худ. „Интервју на Стил фон Хоф: Новиот договор со Гармин Шарп сака да ја покаже неговата брзина“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 25 декември 2012 (посет. 20 јануари 2014 г).
  10. Риси Хомфреј. „Злато на националниот критериум за Стил фон Хоф по бронзата и среброто претходните две години“, „News Corp Australia“, News Corp, 10 јануари 2014 (посет. 19 јануари 2014 г).
  11. Von Hoff Wins Australian Crit Championship“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 10 јануари 2014 (посет. 19 јануари 2014 г).
  12. Бул, Ник (11 декември 2014). „Стил фон Хоф на Гармин-Шарп се приклучува на НФТО за 2015“. Cycling Weekly. конс. 11 декември 2014. 
  13. http://www.abc.net.au/news/2015-01-23/von-hoff-wins-tour-down-under-stage-four/6043232
  14. „Von Hoff signs for ONE Pro Cycling“. cyclingnews.com. 1 октомври 2015. конс. 2 октомври 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]