Хесус Ерада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хесус Ерада
Лични податоци
Цело име Хесус Ерада Лопез
Роден 26 јули 1990 (1990-07-26) (воз. 27 г.)
Мота дел Куерво,  Шпанија
Висина 1,83 м
Маса 72 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Кофидис
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2011–2017
2018-
Мовистар Тим
Кофидис
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
MaillotEspaña.PNG Национален друмски првак (2013, 2017)
Последна промена
5 февруари 2018

Хесус Ерада Лопез (шпански: Jesús Herrada López; р. 26 јули 1990) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис.[1] Неговиот брат Хосе Ерада е исто така професионален велосипедист и настапува за Кофидис.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Станал професионалец во 2011 година, потпишувајќи тригодишен договор за Мовистар Тим. Останал со екипата и во четвртата сезона, во 2014.[2] Сметан е за еден од најветувачките млади таленти во шпанскиот велосипедизам, освојувајќи го националното јуниорско хронометарско првенство во 2007 и 2008 година, националното хронометарско првенство под 23 години во 2010 година и националното друмско првенство во 2013 година.[3][4]

На 3 мај 2015 година, Ерада ја освоил втората и последна етапа на Вуелта а Астурија. Го постигнал тоа додека му помагал на неговиот предводник Игор Антон за победа во генералниот пласман.[5] Завршил четврти во друмската трка на Европските игри 2015 во Баку, откако предводел за победникот Луис Леон Санчез.[6] Во јуни 2015 година го освоил бронзениот медал на националното хронометарско првенство и бронзениот медал на националното друмско првенство.[7]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2011
3. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
2012
1. Етапа 2 Вуелта а Астурија
2013
1. MaillotEspaña.PNG Национално друмско првенство
2. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
1. Jersey orange.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 5
5. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2014
1. Етапа 1 Рут ду Суд
9. Краен пласман Тур де Романди
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
9. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
9. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 5
2015
2. Краен пласман Тур ди Лимузен
1. Етапа 3
3. Национално друмско првенство
3. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Вуелта а Астурија
1. Етапа 2
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
4. Европски игри - друмска трка
5. Вуелта а Ла Риоха
9. Европски игри - хронометар
2016
1. Етапа 2 Критериум ди Дофине
2. Краен пласман Тур ди О Вар
2. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
8. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
2017
Национални првенства
1. MaillotEspaña.PNG Друмска трка
3. Хронометар
2. ГП Монтреал
9. Краен пласман Тур де Романди
10. Класика Примавера
2018
5. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 74
Jersey yellow.svg Тур 61 СО 97
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Jesus and Jose Herrada leave Movistar for Cofidis“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 30 август 2017 (посет. 3 јануари 2018 г).
  2. „Мувистар Тим (MOV) - ШПА“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(juhnxycdwbv5tbcixhvnfyby))/Teams/detail/en/ROA/3002. посет. 3 јануари 2014 г. 
  3. Fran Reyes. „Herrada wins Spanish road race championship“, Cycling News (посет. 26 јуни 2015 г).
  4. Simon Knudstrup. „Herrada wins final stage in Poitou-Charentes, Voeckler..“, CyclingQuotes.com (посет. 12 јули 2015 г).
  5. Емил Акселгард. „Herrada and Anton make it a great day for Movistar in Asturias“, „Cycling Quotes“, CyclingQuotes.com 2013, 3 мај 2015 (посет. 3 мај 2015 г).
  6. Palmer, Justin. "Spaniard Sanchez powers to road race gold in Baku", Reuters, 21 јуни 2015.
  7. Campeonato de España: Castroviejo, Izagirre y Herrada, podio“, „Noticias“, Biciciclismo.com, 26 јуни 2015 (посет. 26 јуни 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]