Натнаел Беране

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Натнаел Беране
Беране на Тур де л’Ен 2014
Лични податоци
Цело имеНатнаел Беране
Роден5 јануари 1991 (1991-01-05) (29 г.)
Асмара, Еритреја Еритреја
Висина1,82 м
Маса66 кг
Податоци за клубот
Мом. клубКофидис
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2010–2012 Репрезентација на Еритреја
Професионални клубови
2013–2014
2015-2018
2019-
Тим Јуропкар
МТН Кубека
Кофидис
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Турција (2013)

Еднодневни трки и класици

Африканско друмско првенство (2011, 2012)
Африканско хронометарско првенство (2013, 2015)
MaillotEritrea2.jpg Национално хронометарско првенство (2014)
MaillotEritrea2.jpg Национално друмско првенство (2015, 2019)
Последна промена
2 мај 2020

Натнаел Беране (тигриња: ናትናኤል ብርሃነ; р. 5 јануари 1991 во Асмара) — еритрејски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис.[1]

Тој е двократен африкански друмски првак во 2012 и 2013 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 2013 година, Беране се приклучил на екипата Тим Јуропкар. Беране ја освоил кралската етапа на Трката околу Турција 2013 со забрзување при што се оддалечил од малата водечка група во последните 200 метри на стрмното искачување.[2] Со привремената суспензија на Мустафа Сајар за поранешен тест на ЕПО на Трката околу Алжир, првото место во генералниот пласман му било доделено на Беране.[3] На почетокот на 2014 година, турската велосипедска федерација му ја одзела победата на Мустафа и му ја доделила на Беране.[4] На почетокот на сезоната, Беране ја освоил Ла Тропикал Амиса Бонго, благодарение на бонус-секундите доделувани во текот на средните спринтови на последниот дел. Бил првиот африкански победник на трката.[5]

По две години со Јуропкар, Беране се приклучил на африканската професионална континентална екипа, МТН Кубека, за сезоната 2015.[6] Бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2016[7] и за почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[8]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2010
1. Краен пласман Трка околу Еритреја
1. Етапа 1
2. Краен пласман Трка околу Руанда
1. Етапа 7
2011
1. Африканско друмско првенство
1. Етапа 6 Ла Тропикал Амиса Бонго
3. Краен пласман Трка околу Алжир
1. Етапа 1
2012
1. Краен пласман Трка околу Алжир
1. Етапа 3
1. Африканско друмско првенство
2013
1. Африканско хронометарско првенство
1. Jersey light blue.svg Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 3
2014
1. MaillotEritrea2.jpg Национално хронометарско првенство
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
1. Jersey blue.svg Спринтерски пласман
5. Тур ди Финистер
2015
1. Африканско хронометарско првенство
1. MaillotEritrea2.jpg Национално друмско првенство
5. Краен пласман Трка околу Австрија
2017
2. Национално хронометарско првенство
2018
10. Краен пласман Трка околу Гуангси
2019
1. MaillotEritrea2.jpg Национално друмско првенство
Африкански игри
4. Друмска трка
4. Хронометар
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 10 на Тур де Франс

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро 59 83
Jersey yellow.svg Тур 125 86
Jersey red.svg Вуелта 148 79

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бејкон, Елис (30 декември 2019). „2020 Team Preview: Cofidis“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 јануари 2020.
  2. „Беране ја освои кралската етапа на Трката околу Турција“. Cyclingnews.com. Future plc. 23 април 2013. Посетено на 23 април 2013.
  3. „Doping Tour of Turkey win could pass to Natnael Berhane“. CapitalEritrea.com. 15 јули 2013. Посетено на 21 јули 2013.
  4. „Tour of Turkey Victory Passed to Eritrean Natnael Berhane“.
  5. „Berhane first African winner of Tropicale Amissa Bongo“. Cyclingnews.com. Future plc. 20 јануари 2014. Посетено на 21 јануари 2014.
  6. О’Ши, Садб (8 октомври 2014). „MTN-Qhubeka willing to join WorldTour in 2015“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 17 февруари 2015.
  7. „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.
  8. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]