Јеле Валајс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јеле Валајс
Валајс на Гран при де Валони 2014
Лични податоци
Цело имеЈеле Валајс
Роден11 мај 1989 (1989-05-11) (30 г.)
 Белгија
Висина1,85 м
Маса77 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЛото-Судал
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за класици
Аматерски клубови
2008–2010
2010
Беверен 2000
Топспорт Вландерен-Меркатор (стажант)
Професионални клубови
2011–2015

2016–
Топспорт Вландерен-Меркатор
Лото-Судал
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2018)

Еднодневни трки и класици

Париз-Тур (2014)
Дварс дор Вландерен (2015)
Последна промена
22 декември 2018

Јеле Валајс (холандски: Jelle Wallays; р. 11 мај 1989) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Судал.

Кариера[уреди | уреди извор]

Јеле Валајс е брат и внук на велосипедистите Јенс Валајс и Лук Валајс.[1] Бил трениран од неговиот вујко на почетокот од неговата кариера и настапил на неговата прва трка на 14 години. Почетокот на неговата прва година како професионалец во 2011 година била одбележана со повреда на коленото, меѓутоа неколку недели потоа се вратил на трките и го имал својот најдобар резултат, завршувајќи трет на националното друмско првенство, зад Филип Жилбер и Џани Мерсман.[2]

Како победник на Париз-Тур под 23 години во 2010 година, Валајс го освоил Париз-Тур 2014 откако заминал во бегство во воведните километри на трката долга 237,5 километри, со што бил единствен возач кој ги освоил двете изданија на трката.[3]

Во 2015 година победил на Дварс дор Вландерен откако нападнал во група од тројца возачи на еден километар од целта.[4]

Валајс се приклучил на Лото-Судал за сезоната 2016 со цел да биде дел од спринтерскиот воз на екипата.[2] Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[5]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2009
3. Краен пласман Крајц Брајц
5. Национално друмско првенство под 23 години
5. Париз-Рубе за млади
8. Краен пласман Ми-Аут Бретон
2010
1. Париз-Тур за млади
5. Омлоп Хет Ниусблад за млади
8. Трка околу Фландрија за млади
2011
3. Национално друмско првенство
4. Катекурс
5. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
7. Краен пласман Трка околу Британија
10. ГП Стад Зотегем
2012
7. ГП Џеф Схеренс
9. Краен пласман Тур де Валони
2013
1. Етапа 1 Светски пристаништен класик
4. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
7. Краен пласман Дварс дор Вест-Вландерен
7. ГП ван де Стад Гел
7. ГП Џеф Схеренс
8. Краен пласман Трка околу Данска
2014
1. Париз-Тур
1. Омлоп ван хет Хутланд
3. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
7. Краен пласман Трка околу Данска
7. Ронде ван Дренте
9. Дрејвенкурс Оверејсе
10. Хроно де Насионс
2015
1. Дварс дор Вландерен
1. ГП Крикелион
1. Дуо Норман (со Виктор Кампенертс)
4. Краен пласман Трка околу Луксембург
7. Схал Селс
8. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
2016
1. ГП Пино Черами
4. Дварс дор хет Хагеланд
9. Краен пласман Дварс дор Вест-Вландерен
2018
1. Етапа 18 Вуелта а Еспања
1. Етапа 6 Вуелта а Сан Хуан

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта 92 151 143

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tytgat, Martin (7 March 2013). "Wielermilieu rouwt na overlijden Luc Wallays" [Cycling milieu mourns after death of Luc Wallays]. Het Nieuwsblad ((холандски)). конс. 30 April 2016. 
  2. 2,0 2,1 "Presentation new rider: Jelle Wallays". Лото-Судал. конс. 30 April 2016. 
  3. Wallays wins Paris-Tours classic
  4. Wallays wins Dwars door Vlaanderen“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 25 март 2015 (посет. 26 март 2015 г).
  5. "71st Vuelta a España". ProCyclingStats. конс. 20 август 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]