Прејди на содржината

Фатих Терим

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фатих Терим (турски: Fatih Terim) (4 октомври 1953 во Адана, Турција), е фудбалски тренер и поранешен фудбалер на Галатасарај. Има тренирано неколку клубови од Турција и Италија, како и сениорската репрезентација на Турција и репрезентацијата на Турција до 21 година.

Терим во 2019

Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика (англиски: International Federation of Football History & Statistics (IFFHS)) ги вбројува помеѓу надобрите 8 фудбалски тренети на светот, а наградата ја примил во 2001 година. Евроспорт го прогласил за најдобар тренер на Европското првенство во фудбал 2008 година,[1], а УЕФА го прогласува за тренер на годината. World soccer magazine во 2008 година го вбројува во 7-те најдобри тренери на светот.[2].

Во Турција и Италија е познат под прекарот Император.

Играчка кариера

[уреди | уреди извор]

Професионалната кариера ја започнува во Адана Демиспор. Поради финансиски проблеми во кои се наоѓал е единствениот играч кој бил тајно платен од страна на клубот, а веќе после 3 години постанува и капитен. Во 1974 преминува во Галатасарај каде што останува 11 години и игра во одбрана на позиција централен одбранбен играч. Со Галатасарај трипати го освојува Купот на Турција (1972, 1982 и 1985) и еднаш Суперкупот на Турција (1982).

Статистика

[уреди | уреди извор]

[3]

Клуб Сезона Лига Куп Останато Европски натпреварувања Укупно
НатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГолови
Адана Демиспор 1973/74 282------282
Вкупно 282------282
Галатасарај 1974/75 302--30--332
1975/76 303814140465
1976/77 29220----312
1977/78 2925020--362
1978/79 272223121346
1979/80 3021002020442
1980/81 2726010--342
1981/82 2809130--401
1982/83 2912021--332
1983/84 2805020--350
1984/85 3008330--413
Укупно 317165772538140727
Вкупно во кариерата 345185772538143529

Менаџерска кариера

[уреди | уреди извор]

Раните години

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на играчката кариера бил повикан во стручниот штаб на Галатасарај од страна на Јуп Дервал. После тоа оди во Анкарагјуџа каде што останува 18 месеци, а подоцна и една година во Гезтепе како тренер. во 1990 година добива покана од Зеп Пјонтек да се приклучи на стручниот штаб на репрезентацијата на Турција, а подоцна е тренер на репрезентацијата на Турција до 21 година. Во 1993 доаѓа на местото тренер на сениорската репрезентација со која се пласира на Европското првенство во фудбал 1996 што за Турција е прв настап на едно европско првенство. Галатасарај го враќа во својот штаб како тренер во 1996 година, и 4 пати последователно ја освојува Суперлигата на Турција и Куп на УЕФА 2000 година, што го прави најуспешен тренер во историјата на клубот.

  1. Sevilenfrm.com
  2. Фатих Терим помеѓу најдобрите тренери на светото setimes.com
  3. „Статистика за играчката кариера на Фатих Терим“. Mackolik.com.