Клаус Аугенталер
Лични информации | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Клаус Аугенталер | ||
Висина | м | ||
Положба | Одбрана | ||
Младинска кариера | |||
1964–1975 | FC Vilshofen | ||
Возрасна кариера* | |||
Години | Екипа | Наст. | (Гол.) |
1975–1991 | Bayern Munich[1] | 404 | (52) |
Вкупно | 404 | (52) | |
Меѓународна кариера | |||
1975–1976 | Младина на Западна Германија | 11 | (3) |
1979–1981 | Западна Германија Б | 8 | (1) |
1983–1990 | West Germany | 27 | (0) |
Тренерска кариера | |||
1997–2000 | Grazer AK | ||
2000–2003 | 1. FC Nuremberg | ||
2003–2005 | Bayer Leverkusen | ||
2006–2007 | VfL Wolfsburg | ||
2010–2011 | SpVgg Unterhaching | ||
*Клупски домашни лигашки настапи и голови |

Клаус Аугенталер (германски: Klaus Augenthaler; 26 септември 1957 во Фирстенцел, Германија) — германски менаџер и поранешен германски фудбалер, најчесто централен дефанзивец. Целата кариера ја поминал играјќи за Баерн Минхен.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Klaus "Auge" Augenthaler“ (германски). fussballdaten.de. Посетено на 6 March 2010.
Играчка кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Баерн Минхен
[уреди | уреди извор]Целата своја играчка кариера, Клаус Аугенталер ја помина играјќи за германскиот Баерн Минхен. Најчесто играше на позицијата централен дефензивец, а во последните години од кариерата и на позицијата либеро. Во неговата клупска кариера со Баерн Минхен има освоено седум национални првенства и три Германски Купа. Во Европскиот куп најголем успех му е вицешампионското место од 1982, а го пропушти финалето од 1987 година заради суспензија, кога неговиот Баерн Минхен загуби со 2-1 од Порто. Од 1984 до крајот на кариерата во 1991, Аугенталер беше капитен на Баерн.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Од 1983 до 1990 година одигра 23 натпревари за Германската репрезентација, со која го освои Светското Првенство во Италија 1990 година. Беше во составот на Германската репрезентација и на СП 1986 во Уругвај, но таму учествуваше само на 2 натпревара од фазата по групи.
Менаџерска кариера
[уреди | уреди извор]Аугенталер својата менаџерска кариера ја започна како помошник тренер во Баерн Минхен, работејќи заедно со Сорен Лерби, Ерих Рибек, Франц Бекенбауер, Џовани Трапатони и Ото Рехагел. Оттаму во 1997 година заминува во Австрија и станува тренер на АК Грацер. По успехот со овој тим, по три години се врати во Германија и го презема тогаш второлигашот Нирнберг. Веднаш успеа да го одведе тимот во првата Бундеслига, а во овој клуб се задржа две и пол сезони. Откако беше отпуштен поради слабите резултати на половина од сезоната 2004/2005, Аугенталер седна на клупата на Баер Леверкузен. Германецот успеа да ги спаси „фармацевтите“ од испаѓање, а потоа во 2007 година кратко беше тренер и на Волфсбург.
|