Андреас Херцог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андреас Херцог
FC Salzburg gegen Real Sociedad San Sebastian (22. Februar 2018, EL Sechzehntelfinale) 05.jpg
Лични податоци
Роден на 10 септември 1968 (1968-09-10) (51 г.)
Роден во Виена, Австрија
Држава Австрија Австрија
Висина &100000000000001790000001,79 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб  Израел (селектор)
Повлекување 10 ноември 2004 - како играч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1986-1992 Рапид Виена Рапид Виена 85 (20)
1988Ферст Виена Ферст Виена 7 (3)
1992-1995 Вердер Бремен Вердер Бремен 94 (26)
1995-1996 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 28 (2)
1996-2001 Вердер Бремен Вердер Бремен 142 (31)
2002-2003 Рапид Виена Рапид Виена 41 (4)
2004 Лос Анџелес Галакси Лос Анџелес Галакси 27 (4)
Репрезентација
1988-2003 Австрија Австрија 103 (26)
Раководител на екипите
2005  Австрија (вд)
2008-2009  Австрија (асистент)
2009-2011 Австрија Австрија 21
2011-2016  САД (асистент)
2015-2016 САД САД 23
2018–  Израел
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Андреас "Анди" Херцог (роден на 10 септември 1968 во Виена) е австриски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Во моментов тој е селектор на израелската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Виена, Херцог ја започнал својата кариера во еден од австриските фудбалски гиганти Рапид Виена. Во сезоната 1987–1988 тој бил позајмен на градскиот ривал Ферст Виена, каде постигнал гол во секој од неговите први три натпревари за клубот. Откако овој потег се покажал како успешен тој наскоро бил повикан назад во Рапид за почетокот на сезоната 1988-1989. Во следните четири сезони тој успеал да изгради свое име во клубот како важен играч, па дури и капитен со одиграни речиси 150 натпревари и преку 30 голови до сезоната 1991-1992.

Во летото 1992, Херцог се преселил во германскиот Вердер Бремен со кој веќе во првата сезона ја освоил Бундеслигата, а една година подоцна во сезоната 1993-1994 и Купот на Германија. По три одиграни сезони во Вердер, откако Херцог ја докажал својата класа и во германската Бундеслига во летото 1995 заедно со својот тренер Ото Рехагел се преселиле во Бајерн Минхен. Во својата прва и единствена сезона кај баварците, Херцог го освоил Купот на УЕФА пред да се врати во Вердер за сезоната 1996-1997.[1][2] Тој одиграл уште 5 ипол сезони во бременскиот клуб, освојуваќи уште еден Куп на Германија во сезоната 1998-1999.[3] Во сезоната 2001-2002 кога бил под закана да го загуби местото во стартната постава на зелено-белите од унгарецот Кристијан Листеш, Херцог одлучил да го напушти клубот во зимската пауза и да се врати во својата родна Австрија.

Во јануари 2002 Херцог се вратил во својот матичен клуб во кој поникнал, Рапид Виена. Во 2004 година, тој потпишал едногодишен договор со клубот од МЛС лигата, Лос Анџелес Галакси. Под водството на тренерот Зиги Шмид, Херцог играл добро до средината на сезоната кога настапила и тренерската промена со што и минутите на Херцог на теренот драстично се намалиле.

На 10 ноември 2004, Херцог го објавил своето повлекување од професионалната фудбалска играчка кариера.[4]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Своето деби за австриската репрезентација го направил во април 1988 во пријателски натпревар против Грција во Атина. Тој ја претставувал својата репрезентација на две Светски првенства во 1990 и 1998. На Светското првенство 1998, тој исто така успеал да постигне еден погодок во последниот натпревар од групната фаза против Италија во поразот со 2-1.

Во мај 2002 во пријателскиот натпревар против Германија тој го одиграл својот 96-ти натпревар за репрезентацијата со што го надминал Антон Полстер, како играч во австриската репрезентација со најмногу настапи на сите времиња. Со својте 103 настапи и 26 гола тој и денес е играчот со најмногу настапи за австрискиот национален тим. Својот последен натпревар за репрезентацијата го одиграл во април 2003 во пријателска средба против Шкотска.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Од 30 септември 2005 до 31 декември 2005 бил назначен како привремен тренер на австриската репрезентација, заедно со Вили Рутенштајнер и Славко Ковачиќ. На 1-ви јануари 2006, тој станал помошник на селекторот Јозеф Хикерсбергер, кој тогаш ја превземал селекторската функција во австрискиот национален тим. На 4 март 2008 бил назначен за селектор на австриската репрезентација под 21 година.

На 17 декември 2011 ја напуштил оваа функција, за да стане помошник на Јирген Клинсман на клупата на репрезентацијата на САД. На 23 јанурари 2015, Херцог бил назначен за селектор на олимписката репрезентацијата на САД.[5]

На 1 авуст 2018, Херцог ја превземал селекторската функција во израелската репрезентација.[6]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 18 октомври 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1986-1987 Австрија Рапид Виена АБЛ 4 0 КА 0 0 - - - - - - 4 0
1986-јан. 1987 АБЛ 5 0 КА 0 0 КШ 0 0 СА 0 0 5 0
јан. - јун. 1988 Австрија Ферст Виена АБЛ 7 3 КА 0 0 - - - - - - 7 3
1988-1989 Австрија Рапид Виена АБЛ 34 8 КА 0 0 КШ 2 0 СА 0 0 36 8
1989-1990 АБЛ 27 8 КА 1 0 КУ 6 0 - - - 34 8
1990-1991 АБЛ 30 6 КА 1 0 КУ 2 0 - - - 33 6
1991-1992 АБЛ 33 11 КА 1 0 - - - - - - 34 11
1992-1993 Германија Вердер Бремен БЛ 33 10 КГ 3 1 КПК 3 0 СУ 2 0 41 11
1993-1994 БЛ 30 6 КГ 4 2 ЛШ 8 0 СГ 1 0 43 8
1994-1995 БЛ 31 10 КГ 1 0 КПК 3 0 СГ 1 0 36 10
1995-1996 Германија Бајерн Минхен БЛ 28 2 КГ 2 0 КУ 7 2 - - - 37 4
1996-1997 Германија Вердер Бремен БЛ 29 15 КГ 3 0 ИК 4 2 - - - 36 17
1997-1998 БЛ 18 4 КГ 2 0 ИК 4 2 - - - 24 6
1998-1999 БЛ 27 3 КГ 4 0 ИК+КУ 2+3 1+2 - - - 36 6
1999-2000 БЛ 27 6 КГ 5 0 КУ 9 2 - - - 41 8
2000-2001 БЛ 32 2 КГ 1 1 КУ 6 1 - - - 39 4
2001-јан. 2002 БЛ 9 1 КГ 0 0 ИК 2 1 - - - 11 2
Вкупно Вердер Бремен 236 57 23 4 44 11 4 0 307 72
јан. - јун. 2002 Австрија Рапид Виена АБЛ 12 1 КА 1 0 - - - - - - 13 1
2002-2003 АБЛ 29 3 КА 1 0 - - - - - - 30 3
Вкупно Рапид Виена 174 37 5 0 10 0 0 0 189 37
2004 САД Лос Анџелес Галакси МЛС 27+1[7] 4 - - - - - - - - - 28 4
Вкупно во кариерата 473 103 30 4 61 13 4 0 568 120

Титули[уреди | уреди извор]

Австрија Рапид Виена[уреди | уреди извор]

Германија Вердер Бремен[уреди | уреди извор]

Германија Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

Индивидуални

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Advantage to Bayern“, „The Independent“, 2 мај 1996 (посет. 13 септември 2014 г).
  2. Bayern Munich wins UEFA Cup“, 15 мај 1996 (посет. 13 септември 2014 г).
  3. Arnhold, Matthias (9 June 2016). „Andreas Herzog - Matches and Goals in Bundesliga“. RSSSF. конс. 17 June 2016. 
  4. Galaxy's Herzog retires“, Google News Archive, 11 ноември 2004 (посет. 14 септември 2014 г).
  5. http://www.ussoccer.com/stories/2015/01/23/13/21/150123-u23mnt-herzog-named-coach
  6. Andreas Herzog wird Nationaltrainer in Israel“, „Der Kurier“, 1 август 2018 (посет. 1 август 2018 г). (на German)
  7. 1 настап во МЛС плејофот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]