Аман (арап. عمان Ammān) е главен град на Кралството Јордан. Градот брои околу 1 200 000 жители. Аман е трговски, производствен и административен центар на Јордан.
Градот бил под власта на Асирците, персијците и Македонците. Тоа означува дека бил под големо влијание на различни цивилизации. Градот е древна амонска престолнина, а своевремено позната и како Рабат-Амон. Во време на Римското Царство, градот бил регионален центар познат по името Филаделфија по Птоломеј I Филаделфиј. Бил познат по тоа што се простирал на седум рида, како седумте рида на Рим.
Денес Аман е современ град, во кој живеат Муслимани и Христијани. Во градот има модерни згради, но и згради со стара архитектура. Градот се наоѓа на неколку километри од реката Јордан каде Исус Христос бил крстен од Јован Крстител. Во денешно време, градот е преполн со контрасти помеѓу модерното и древното.