Агим Ибраими

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Aгим Ибраими
Agim Ibraimi and Arshavin 2011.jpg
Ибраими во националниот дрес (лево)
Лични податоци
Полно име Агим Ибраими
Роден на 29 август 1988 (1988-08-29) (30 г.)
Роден во Тетово, Југославија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција напаѓач[1]
Клупски податоци
Сегашен клуб Домжале
Број 10
Младинска кариера
Шкендија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2006 Шкендија 49 (3)
2006–2008 Ред Бул Салцбург јуниори 11 (4)
2008–2010 Олимпија Љубљана 47 (19)
2010–2011 Ескисехирспор 1 (0)
2011 Нафта Лендава 17 (0)
2011– Марибор 93 (24)
2013–2014Калјари (loan) 25 (2)
2016–2017 Астана 6 (0)
2017– Домжале 24 (5)
Репрезентација
Македонија до 19 години 8 (1)
2008–2010 Македонија до 21 година 11 (2)
2009– Македонија 39 (7)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 7 October 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 12 October 2012

Агим Ибраими (албански: Agim Ibrahimi) (29 август 1988, Тетово, Југославија) е македонски фудбалер, крило на Марибор и на македонската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Агим Ибраими е роден на 29 август 1988 година, во Тетово.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ибраими ја започнал својата кариера во екипата на Шкендија, во која станал професионалец во сезоната 2005-2006.

Toj бил избран за најдобар фудбалер на Македонија во 2012 година.

Во сезоната 2014-2015, со својот клуб Марибор, Ибраими се пласирал во групната фаза од Лигата на шампионите. На 5 ноември 2014 година, во натпреварот против Челзи, Ибраими го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите, кој од гледачите на англискиот телевизиски канал „Скај спортс“ бил прогласен за најубав гол во четвртото коло од фазата по групи на натпреварувањето.[2] На крајот од сезоната, Ибраими влегол во идеалниот тим, а бил и еден од тројцата кандидати за најдобар фудбалер во Словенија.[3] Во декември 2015 година, голот што Ибраими го дал на натпреварот против Цеље во 14. коло на словенечката фудбалска лига бил прогласен на 77. место на списокот на 100 најубави голови во Европа во 2015 година.[4]

Репрезентативни настапи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Podpisal tudi Agim Ibraimi“ (Slovene). nkmaribor.com. конс. 10 June 2011. 
  2. „Ибраими со најубав гол во четвртата рунда“, Дневник, година XVIII, број 5611, петок, 7 ноември 2014, стр. 27.
  3. „Ибраими не ја доби трката за најдобар играч, но влезе во идеалниот тим на Словенија“, Дневник, година XIX, број 5766, петок, 15 мај 2015, стр. 24.
  4. „Ибраими со гол меѓу 100. најубаво во 2015 година“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 23.