Дујсбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дујсбург
Внатрешно пристаниште Дујсбург
Внатрешно пристаниште Дујсбург
Знаме на Дујсбург
Грб на Дујсбург
Дујсбург се наоѓа во Германија
Дујсбург
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Диселдорф
Округ Урбан округ
Градски единици 7 окрузи, 46 населби
Градоначалник Sören Link (СПД)
Владејачки партии СПД / Зелени
Основни податоци
Површина 233 км2
Надм. височина 31 м
Население 491.231 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 2.108 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. DU
Пошт. бр. 47001–47279
Повик. бр. 0203
Портал www.duisburg.de
Местоположбата на град Дујсбург во рамките на округот Урбан округ
Карта
Координати 51°26′06″ СГШ 6°45′45″ ИГД / 

Дујсбург (германски: Duisburg) — град во западниот дел на областа Рур (Ruhrgebiet) во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Тој е слободен град во рамките на административниот округ Диселдорф. Со светски најголемото речно пристаниште и близината до меѓународниот аеродром Диселдорф, Дујсбург станал важно место за трговија и производство на челик.

Денес, градот е производ на бројните припојувања на соседните градови и помали населби. Тој е петнаесетти најголем град во Германија и петти најголем град во Северна Рајна-Вестфалија со 495.668 жители до 31 декември 2007. Градот е познат по неговата челична индустрија. Последниот преостанат јагленокоп е затворен во летото 2009, но Дујсбург никогаш не бил рударски центар за јаглен како останатите места во Рур. Исто така, големата пиварница, König Brauerei, која го произведува пивото Кениг Пилзенер. Универзитетот Дујсбург-Есен, со 33.000 студенти, се наоѓа на 10-то место најголеми германски универзитети.

Географија[уреди | уреди извор]

Дујсбург се наоѓа во долна Рајна на вливот на реките Рајна и Рур и во близина на подножјето на Бергишес Ланд. Градо се шири долж двата брега на овие реки.

Соседни градови[уреди | уреди извор]

Следниве градови се граничат со Дујсбург (во насока на стрелките на часовникот од североисток): Оберхаузен, Милхајм на Рур, Ратинген, Диселдорф, Мербуш, Крефелд, Мерс, Рајнберг и Динслакен.

Окрузи[уреди | уреди извор]

Од 1 јануари 1975 година, Дујсбург е поделен на седум окрузи (Stadtbezirk) од север кон југ:[2]

Клима[уреди | уреди извор]

Климатски податоци за Duisburg
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 4
(39)
5
(41)
8
(46)
12
(54)
17
(63)
20
(68)
22
(72)
22
(72)
18
(64)
14
(57)
8
(46)
5
(41)
12.9
(55.3)
Сред. дневна °C (°F) 2
(36)
3
(37)
5
(41)
8
(46)
13
(55)
16
(61)
17
(63)
17
(63)
14
(57)
11
(52)
6
(43)
3
(37)
9.6
(49.3)
Прос. ниска °C (°F) 0
(32)
0
(32)
2
(36)
5
(41)
9
(48)
12
(54)
13
(55)
13
(55)
11
(52)
8
(46)
3
(37)
1
(34)
6.4
(43.5)
Прос. врнежи мм (ин) 81.3
(3.2)
55.9
(2.2)
76.2
(3)
68.6
(2.7)
73.7
(2.9)
96.5
(3.8)
88.9
(3.5)
76.2
(3)
73.7
(2.9)
71.1
(2.8)
83.8
(3.3)
88.9
(3.5)
934.8
(36.8)
Извор: weather.com[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Легендата според Јоханес Авентин (околу 1525) сметал дека Дујсбург (заедно со Дојц, Келн, Дуиздорф во Бон и Дусборг (град) во Холандија, сите на десниот брег на Рајна) бил изграден од епскиот Туисто, митски предок на Германците, окоу 2395 п.н.е.. Нема никаква историска основа да се постари ова рано основање на Дујсбург, кој е можеби еден од најраните градови во Европа.

Римски период[уреди | уреди извор]

Последните археолошки студии покажуваат дека денешниот плоштад бил веќе во употреба во првиот век. Бил главното трговско место во градот од 5-от век. Градот се наоѓал на важниот „Hellweg“, важен средновековен трговски пат и премин на реката Рајна. Римјаните веќе го надгледувале преминот.

  • 420 Франките ја узурпираат римската населба и повторно го колонизираат стариот дел на градот.
  • 883 Норманите го освоиле Дујсбург и останале преку зимата. Првиот историски документ, во се спомнува Дујсбург.
Градски план на Дујсбург во 1566

Среден век[уреди | уреди извор]

Поради поволната географска позиција на градот бил изграден и грофски пфалц, а градот наскоро бил додаден на кралската повелба на слободен град. Дујсбург станал член на Ханзата. Околу 1000 реката Рајна се преместила западно од градот. Ова го запрело развојот на градот како трговски град и наскоро прераснал во тивок рурален град. Производите на картографот Герард Меркатор и основање на универзитетот во 1655, градот станал познат како „Образован Дујсбург“ („Duisburgum Doctum“).

Индустриска револуција[уреди | уреди извор]

Подемот на тутунската и текстилната индустрија во 18-от век го направиле Дујсбург индустриски центар. Големи индустриски компании, како што се производствените фирми за железо и челик (Thyssen и Krupp) влијаеле на развојот на градот во рамките на пруската Рајнска покраина. Големите станбени области близу производствените компании биле изградени за работниците и нивните семејства.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

Грбот на Дујсбург на градското собрание во Дујсбург

Еден од главните логистички центри во Рур и местото на хемиската, челичната и металната индустрија, Дујсбург бил примарна цел на сојузничкото бомбардирање. Како таков, сметан е од некои историчари како најтешко бомбардиран германски град од сојузниците во текот на Втората светска војна, со избрани цели како што се индустриската област и станбените блокови.

На ноќта на 12-13 јуни 1941, британските бомбардери фрлиле вкупно 445 тони бомби во и околу Дујсбург. Како дел од битката за Рур, друг британски напад од 577 бомбардери го уништил стариот град помеѓу 12-13 мај 1943 со 1.599 тони бомби. Во текот на бомбардирањата 96.000 луѓе останале без покрив над главата со безброј изгубени животи.

Во 1944, градот повторно бил лошо оштетен со вкупно 2.000 тони бомби фрлени на 22 мај. На 14 октомври, повторно бил бомбардиран со 2.018 тони, кога бомбардерите Халифакс, Ланкастер и Москито се појавиле над Дујсбург како дел од операцијата Ураган во Втората светска војна. Овој дневен напад бил следен од ноќен напад, преку 24 часа околу 9.000 тони бомби биле фрлени на Дујсбург. Бројни слични напади следеле до крајот на 1944 година.

Сојузниците влегле во Дујсбург во април 1945 година. Американската 17-та воздушно-десантна дивизија, во својство на редовна пешадија, го сретнале единствено раштрканиот отпор и го окупирало градот на 12 април 1945.[4]

На 8 мај 1945, инженерската група А, предводена од заповедникот Хелмер Свенхолт, го изградиле железничкиот мост помеѓу Дујсбург и Рајнхаузен над реката Рајна. Овој мост бил 860 метри долг и бил изграден за шест дена, петнаесет часа и дваесет минути, рекордно време. Овој мост бил наречен „Мост на победата“.[5]

Повоен период[уреди | уреди извор]

Вкупно 299 бомбардерски напади, скоро целосно го уништиле историскиот градски центар. 80% од сите станбени згради биле уништели или делумно оштетени. Скоро целиот град бил обновен, а најпознатите историски знаменитости биле изгубени.

Дујсбург ја прославил својата 1100-годишнина во 1983. На 19 јули 2004, бил погоден од торнадо. Општинскиот театар и делови од центарот на градот биле оштетени. Градот бил домаќин на 7-те Светски игри во 2005. Во 2010, 21 лице загинале поради масовна паника на loveparade; преку 500 луѓе биле повредени.

Турци во Дујсбург[уреди | уреди извор]

Дујсбург е дом на 85.000 луѓе со турско потекло.[6] Други проценки, говорат дека турското население е околу 100.000[7][8][9] Новата Меркец-џамија, најголемото муслиманско светилиште во немуслиманска држава, била изградена со помош во средства од 3,2 милиони евра од ЕУ и покраината Северна Рајна-Вестфалија.[10]

Економија и инфраструктура[уреди | уреди извор]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Сливот на реката Рајна

Пристаниште Дујсбург[уреди | уреди извор]

Duisport[11] е најголемото речно пристаниште во светот. Официјално се смета како „морско пристаниште“, поради тоа што бродовите може да одат до пристаништа во Европа, Африка и Блискиот Исток. Бројните докови, најчесто се лоцирани на устието на реката Рур, каде што се влива со Рајна.

Секоја година, повеќе од 40 милиони тони на различни добра се тргувани со повеќе од 20.000 бродови во пристаништето. Јавните пристанишни објекти се простираат на област од 7,4 км². Има 21 док, покривајќи површина од 1,8 км² и 40 километри пристапни патишта. Има голем број на компании кои водат сопствени докови и околу 70 милиони добра годишно се тргувани во просек низ Дујсбург.

Патишта[уреди | уреди извор]

Дујсбург е поврзан со неколку Autobahns, со 3 Исток-Запад рути и 2 Север-Југ рути. A3 формира заобиколница источно од градот и го опслужува најголемиот дел од сообраќајот. A59 тече паралелно со А3 и поминува околу градот од север кон југ со 14 раскрсници, повеќе од било кој друг град во областа Рур. A40 и A42 се двете исток-запад рути кои поминуваат низ централниот и северниот дел на Дујсбург. А40 го носи големиот дел од сообраќајот од Холандија до Берлин. Краткиот дел, A524 поминува на југ од Дујсбург. Повеќето автопати имаат 6 или повеќе од шест ленти (A59).

Јавен превоз[уреди | уреди извор]

Главната железничка станица Дујсбург е опслужувана од ИнтерСитиЕкспрес и ИнтерСити мрежата на долги дестинации на Германски железници, заедно со линиите С1 и С2 на С-железницата, која го поврзува Дујсбург со другите градови од областа Рајна-Рур.

Градската железница и автобускиот систем, двете управувани од Duisburger Verkehrsgesellschaft обезбедуваат локални услуги. Градската линија у79, т.н. D-Bahn, е врска со соседниот град Диселдорф и управувана заедно со Rheinbahn на Диселдорф. Сите С-линии, градската железница и автобуските линии се под управа на Verkehrsverbund Rhein-Ruhr

Спорт[уреди | уреди извор]

Клуб Спорт Лига Место
МСВ Дујсбург Фудбал 2-ра Бундеслига МСВ Арена
ЕВ Дујсбург Хокеј на мраз Регинална лига Запад (4-та окружна лига) Арена Сканија
FCR 2001 Дујсбург Женски фудбал 1-ва Бундеслига ПКК Стадион
Duisburg Dockers Бејзбол, Американски фудбал Покраинска лига II (2-ра окружна лига) Швелгернштадион
ПК Дујсбург Ватерполо Германска ватерполо лига (1-ва ватерполо лига) Пливачки стадион

Дујсбург е вклучен во многу видови на спортови. Сепак, најважен за неговите жители и локалниот фудбалски клуб МСВ Дујсбург. Неодамна, со новата МСВ Арена доби нов спортски стадион за различни видови на спортови, како што се фудбал и американски фудбал. Во текот на летните месеци на 2005 светските игри се одржале во Дујсбург. Во текот на светското првенство во фудбал 2006, Дујсбург беше местото за припрема на португалската репрезентација и место на италијанската фудбалска репрезентација, која го освои првенството во финалниот натпревар против Франција. Дујсбург е исто така познат по неговиот маратон Рајна-Рур, неговото веслачки и регати во кану и светските првенства кои се одвиваат редовно. Други популарни спортси се хокеј на мраз, бејзбол, американски фудбал, ватерполо и хокер.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Дујсбург е збратимен со:[12][13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 18 јули 2016. http://www.it.nrw.de/statistik/a/daten/bevoelkerungszahlen_zensus/index.html.  (германски)
  2. „Статистики за население“. Статистичко биро на Северна Рајна-Вестфалија. архивирано од оригиналот на 9 февруари 2008. http://web.archive.org/web/20080209015220/http://www.lds.nrw.de/statistik/datenangebot/daten/b/r311dichte.html. 
  3. „Информации за времето за Дујсбург“. http://www.weather.com/outlook/travel/businesstraveler/wxclimatology/monthly/GMXX0027. 
  4. Стентон, Шелби, Втора светска војна Битки: Енциклопедиски забелешки на американската војска борбите, 1939-1946, Stackpole Books, стр. 97.
  5. Џим & Том Пикок. „Дујсбург“. Geocities.com. архивирано од оригиналот на 23 октомври 2009. http://www.webcitation.org/query?url=http://www.geocities.com/Pentagon/Bunker/7676/duisberg.html&date=2009-10-22+23:41:47. конс. 5 мај 2009 г. 
  6. http://50jahre.wir-sind-du.de/?page_id=24
  7. http://www.tgrthaber.com/news_view.aspx?guid=631AD466-3816-439B-AB13-58C0A28DAA88
  8. http://www.xtranews.de/2010/11/30/das-ist-volkesstimme-thilo-sarrazin-in-duisburg/
  9. http://www.on5yirmi5.com/genc/haber.19761/turk-edebiyati-avrupada.html
  10. Quantara.de retrieved 25 јули 2008
  11. Дуизпорт[мртва врска]
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 „Градови збратимени со Дујсбург“. www.duisburg.de. http://www.duisburg.de/micro/english/introducing/102010100000187829.php. конс. 7 мај 2009 г. 
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 „Список на збратимени градови во областа Рур“. © 2009 Twins2010.com. http://www.twins2010.com/fileadmin/user_upload/pic/Dokumente/List_of_Twin_Towns_01.pdf?PHPSESSID=2edd34819db21e450d3bb625549ce4fd. конс. 28 октомври 2009 г. 
  14. Градски совет Портсмут. Збратимување. Retrieved 22 август 2007.
  15. Брајан Доерти. „Портсмут-Дујсбург англиско-германски пријатели“. Portsmouth-duisburg.tripod.com. http://portsmouth-duisburg.tripod.com/. конс. 7 април 2011 г. 
  16. „Пријатели Дујсбург-Портсмут“. Portsmouthfreunde.de. http://www.portsmouthfreunde.de/. конс. 7 април 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]