Никола Ѓорѓев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никола Ѓорѓев
Лични податоци
Полно име Никола Ѓорѓев
Роден на 22 август 1997 (1997-08-22) (22 г.)
Роден во Баден, Швајцарија
Држава Швајцарија Швајцарија
Македонија Македонија (од 2016)
Висина &100000000000001740000001,74 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Грасхопер Грасхопер
Број 35
Младинска кариера
0000–2015 Грасхопер Грасхопер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014–2017 Грасхопер Грасхопер 2 24 (5)
2015– Грасхопер Грасхопер 36 (1)
2017–2018Твенте Твенте 2 (0)
2018Арау Арау 15 (1)
Репрезентација
2014 Швајцарија Швајцарија 17 1 (0)
2015 Швајцарија Швајцарија 19 5 (1)
2016–2018 Македонија Македонија 21 6 (1)
2016– Македонија Македонија 5 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 15 декември 2015.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 2 јуни 2016

Никола Ѓорѓев (роден на 22 август 1997 г) — македонски фудбалер роден во Швајцарија, играч од средниот ред на Грасхопер и на македонската репрезентација.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ѓорѓев е продукт на младинската академија на швајцарскиот клуб Грасхопер. Својот прв натпревар во Суперлигата на Швајцарија тој го одиграл на 14 март 2015 година против Тун влеѓувајќи од клупата за резервни играчи во 77 минута од натпреварот.[2]

Својот прв гол во европските натпреварувања, Ѓорѓев го постигнал во гостинското реми од 3-3 на Грасхопер против исландскиот клуб Рејкјавик во второто коло од УЕФА Европа лигата во сезоната 2016/17. [3] Во третото коло, Ѓорѓев го однел Грасхопер во плеј-оф рундата, откако во вториот натпревар на гостински терен против кипарскиот клуб Аполон Лимасол бил асистент, а потоа и стрелец на гол во 121. минута од продолженијата.[4]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Ѓорѓев е роден во Швајцарија од македонски родители кои имаат потекло од Ново Село, Македонија, и првично настапувал за помладите национални тимови на Швајцарија.[5] Сепак, тој решил да настапува за репрезентацијата на Македонија[6], за која својот прв натпревар го одиграл на 29 мај 2016 година на пријателскиот натпревар против Азербејџан на кој Македонија победила со резултат 3-1.[7]

Во јуни 2017, тој бил избран меѓу 23-цата играчи на македонската репрезентација за Европското првенство за играчи под 21 година 2017 во Полска. На 20 јуни 2017 во вториот натпревар од групната фаза против Србија што завршил нерешено 2-2, Ѓорѓев постигнал прекрасен погодок во 83-тата минута носејќи ја Македонија во водство од 2-1.

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 19 јуни 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014-2015 Швајцарија Грасхопер ШСЛ 2 0 КШ 0 0 ЛШ+ЛЕ 0[8]+0[9] 0+0 - - - 2 0
2015-2016 ШСЛ 12 1 КШ 1 0 - - - - - - 13 1
2016-2017 ШСЛ 18 0 КШ 2 1 ЛЕ 5[10] 2 - - - 24 3
Вкупно Грасхопер 32 1 - 3 1 - 5 2 - - - 39 4
2017-2018 Холандија Твенте E 2 0 КХ 1 0 - - - - - - 3 0
Вкупно во кариерата 34 1 - 4 1 - 5 2 - - - 42 4

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]