Прејди на содржината

Роберт Попов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Попов
Попов во 2006 година
Лични податоци
Полно име Роберт Попов
Роден на 16 април 1982(1982-04-16)(43 г.)
Роден во Струмица, СР Македонија, СФРЈ
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција одбрана
Младинска кариера
1993–2000 Беласица
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2003 Беласица 72 (7)
2003–2008 Литекс 61 (2)
2008–2010 Осер 6 (0)
2008–2010 Осер Б 28 (0)
2011–2012 Кринс 13 (1)
2012–2015 Ветсвил-Бонштетен 31 (4)
2015–2016 Бирменсдорф
Репрезентација
Македонија под 19 години 2 (0)
2001–2003 Македонија под 21 година 5 (0)
2001–2009 Македонија 16 (0)
* Ажурирано на: 1 јуни 2014

Роберт Попов (Струмица, 16 април 1982 ) — македонски поранешен професионален фудбалер кој играл на бековската позиција. Исто така бил член на Македонската фудбалска репрезентација. Тој е брат на фудбалерот Горан Попов.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Роберт е десен одбранбен играч или одранбен играч за врска. Кариерата ја започнал со ФК Беласица. Во 2003 година Попов потпишал со Литекс од Ловеч за сума од 200.000 евра.[1] Во мај 2004 година тој им помогнал да го освојат Купот на Бугарија. Во јануари 2008 година Роберт Попов потпишал со француски ФК Осер. Попов имал сериозна повреда додека бил во Осер, но кога се опоравил, не играл многу, па Попов и клубот меѓусебно се договориле да го раскинат неговиот договор во летото 2010 година.

Тој се пензионирал како фудбалер по крајот на сезоната 2015/16 кога играл во швајцарски Бирменсдорф.[2]

Меѓународна кариера

[уреди | уреди извор]

Под 19 години

[уреди | уреди извор]

Попов остварил 2 настапи за Македонија под 19 години. Во тие натпревари тој не постигал голови.[2]

Под 21 година

[уреди | уреди извор]

Попов остварил 5 настапи за Македонија под 21 година. Во тие натпревари тој не постигал голови.[2]

ДатумМестоПротивникРезултатНатпреварувањеМинути на играње
23 март 2001Стадион Ријавален, Бурос, ШведскаШведска2-0Квалификации за Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 200290"
27 март 2001Скопје, МакедонијаТурција1-4Квалификации за Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 200245"
1 септември 2001Скопје, МакедонијаШведска1-1Квалификации за Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 200262"
6 октомври 2001Стадион Ѓорче Петров, Скопје, МакедонијаСловачка1-1Квалификации за Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 200290"
29 март 2003Стадион Чаир, Скопје, МакедонијаСловачка0-2Квалификации за Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 200436"

Сениорска репрезентација

[уреди | уреди извор]

Тој го имал своето сениорско деби за Македонија во јули 2001 година пријателски натпревар против Катар и има стекнато вкупно 16 натпревари, без постигнати голови.[3] Неговиот последен репрезентативен натпревар бил пријателскиот натпревар во ноември 2009 година против Иран.[4]

Список на натпреварите на Македонија во кои бил вклучен Попов.[5]

ДатумМестоПротивникРезултатНатпреварувањеМинути на играње
24 јули 2001Стадион „Жан Буин“, Париз, Франција Катар1-0Пријателски натпревар45"
1 август 2001Меѓународен стадион „Крал Фахд“, Ријад, Саудиска Арабија Саудиска Арабија1-1Пријателски натпревар20"
17 април 2002Стадион „Гоце Делчев“, Прилеп, Македонија Финска1-0Пријателски натпревар45"
21 август 2002Градски стадион Скопје, Скопје, Македонија Малта5-0Пријателски натпревар45"
8 септември 2002Стадион Рајнпарк, Вадуц, Лихтенштајн Лихтенштајн1-1Квалификации за Европско првенство во фудбал 200432"
12 октомври 2002Градски стадион Скопје, Скопје, Македонија Турција1-2Квалификации за Европско првенство во фудбал 200445"
16 октомври 2002Стадион Сенјт Мери, Саутхемптон, Обединето Кралство Англија2-2Квалификации за Европско првенство во фудбал 200490"
11 октомври 2003Стадион „Валериј Лобановски“, Киев, Украина Украина0-0Пријателски натпревар45"
17 август 2005Градски стадион Скопје, Скопје, Македонија Финска0-3Квалификации за Светско првенство во фудбал 200690"
12 октомври 2005Амстердам арена, Амстердам, Холандија Холандија0-0Квалификации за Светско првенство во фудбал 2006на клупа
15 октомври 2006Градски стадион Скопје, Скопје, Македонија Русија0-2Квалификации за Европско првенство во фудбал 2008на клупа
24 март 2007Стадион Максимир, Загреб, Хрватска Хрватска2-1Квалификации за Европско првенство во фудбал 200890"
2 јуни 2007Градски стадион Скопје, Скопје, Македонија Израел1-2Квалификации за Европско првенство во фудбал 2008на клупа
11 октомври 2009Национална арена „Филип II Македонски“, Скопје, Македонија Катар1-2Пријателски натпревар45"
14 октомври 2009Национална арена „Филип II Македонски“, Скопје, Македонија Канада1-2Пријателски натпревар45"
18 октомври 2009Спортски комплекс Азади, Техеран, Иран Иран1-1Пријателски натпревар45"
  1. "Литекс" изпревари ЦСКА и "Левски" в селекцията на чуждестранни играчи“. dnevnik.bg. 6 јули 2003. Посетено на 8 мај 2023.
  2. 1 2 3 „Pobert Popov/National team/Detailed stats“. transfermarkt.com. Архивирано од изворникот 2023-05-08. Посетено на 8 мај 2023.
  3. Appearances for (North) Macedonia National Team – RSSSF
  4. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 8 мај 2023.
  5. „Pobert Popov/National team/Detailed stats“. transfermarkt.com. Архивирано од изворникот 2023-05-08. Посетено на 8 мај 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]