Благој Истатов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Благој Истатов
Лични податоци
Полно име Благоје Истатов
Роден на 5 април 1947 (1947-04-05) (72 г.)
Роден во Струмица, СФРЈ
Починал на 27 септември 2018(2018-09-27) (воз. 71 г.)
Позиција голман
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1965–1968 ФК Беласица 42 (0)
1968–1973 ФК Победа 31 (0)
1973–1976 ФК Партизан 44 (0)
1976–1978 ФК Утрехт 62 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Благој Истатов (роден на 5 април 1947 година во Струмица - 27 септември 2018 година во Струмица ) — поранешен македонски фудбалер, кој играл на позицијата голман.

Фудбалска кариера[уреди | уреди извор]

Благој Истатов е роден на 5 април 1947 година во Струмица. Како мал се занимавал со борење, за да во 1963 година започне да настапува за ФК Беласица. Својата играчка фудбалска кариера ја завршил во 1983 година, а како проштален натпревар му бил против ФК Партизан на стадионот Младост во Струмица.

За ФК Беласица настапувал до 1968 година, кога потпишал за ФК Победа од Прилеп, и за која екипа имал одиграно 31 натпревар. Во 1973 година потпишал за белградски ФК Партизан, за која екипа имал одиграно 44 натпревари, и со оваа екипа го има освоено првото место во сезоната 1975-1976 година во Југословенската прва фудбалска лига. Од 1976 до 1978 година настапувал за ФК Утрехт.

Истатов има настапувано и за Фудбалската репрезентација на Југославија.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Кариерата ја завршил во ФК Беласица, по кое станал и нејзин тренер, време кога ФК Беласица доживеала голем успех во тогашната Втора југословенска фудбалска лига. Во следните години, Благој Истатов тренер и на ФК Малеш, ФК Дојранско Езеро, ФК Скопје. Освен тоа бил и тренер и на голманите на Фудбалската репрезентација на Македонија, како дел од стручниот штаб на македонската репрезентација, член на УО на ФФМ.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Во последните години од животот Истатов живеел и работел во Дојран, каде основал фудбалска школа во Дојран, а во 2010 година истото го направил и во Струмица (Градско Балдовци). Школата на Истатов е под патронат на Партизан и има потпишано долгогодишен договор за соработка во месец август 2010 година[1]. Како бизнисмен го поседувал и Хотел „Истатов“ во Нов Дојран.

Истатов починал на 27 септември 2018 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. www.strumica.gov.mk
  2. „Тажна вест: Почина легендарниот Благој Истатов“. Спорт 1. 27 септември 2018. конс. 27 септември 2018.