Бараково (Пиринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бараково
Бараково
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Бараково
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Бараково
Земја Бугарија
Област Ќустендилска
Управа
 • Селски кмет Иван Минков
Надм. вис. 382 м
Население (2015)
 • Вкупно 517
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 2634
Повик. бр. 07053

Бараково (бугарски: Бараково) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во Општина Кочериново, Ќустендилска област. Претставува единственото пиринско село вон денешната Благоевградска област.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото Бараково се наоѓа крај Рилска Река, на југозападните падини на Рила. Сместено е на 8 км од Горна Џумаја (Благоевград), на патот од градот за Рилскиот манастир.

Историја[уреди | уреди извор]

Не е познато кога настанало селото. Се претпоставува дека местото е населено преку 3–4 века. По преданијата од постарите жители, познато е дека селото првично било поделено на три маала со по 4–5 куќи, и се нарекувало Долно, Средно и Горно Бараково. Според преданијата, името потекнува од дигањето на бајраци. Не е познато по кој повод се дигани бајраците, но познато е дека првите доселеници биле православни. Горно Бараково — маалото над реката Струма — било првиот чифлик, а денешното маало Шарков Чифлик (нас. Левски) произлегува од тоа време.

Во атароот на селото, крај патот за Горна Џумаја (наречен Баларбаши), има наоди за големо пазариште од римско време, но сведоштвата за тој ран период не опстанале поради пљачкосувања.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото :

Бараково, на северозапад од Џумаја 2 часа, до една притока на Струма. Над таа река има мост, кој е граница меѓу Турција и автономната област Бугарија. До Кочариново нема ни половина час. Жителите се земјоделци; се обработува и тутунот, има и лозја. Куќи 90.[1]


Бараково до 1912 г. било во состав на отоманската држава. Рилска Река ја исцртувала границата меѓу Кнежевството Бугарија и Отоманското Царство. Селото било будно и жителите понудиле голема помош на борците на ВМРО во турско време.

Во 1903 г. Тодор Балабанов изградил дрбопреработувачка фабрика, која понатаму ја развивил неговиот син Иван Балабанов. Фабриката низ годините обезбедила работа за 500 до 1000 лица. Имало живеалишта за неженетите работници и нивните семејства. На работниците им биле подмирени сите домашни трошоци, лекарства и лекарски услуги, а на зима бесплатно добивале дрва и јаглен. Добивале посебни фабрички монети со вредност од 5, 10, 20 и 50 лева, со кои пазареле во продавниците на сопственикот. Фабриката располагала со своја електроцентрала, железница, болница, пожарна, училиште, детска градинка, старечки дом, кино и казино. Подоцна се прошириле и станала фабрика за картон, а потоа и за хартија.

Во 1920 г. селото броело 80–85 куќи. Со појавата на Балабановата фабрика во атарот на Бараково, насалението постепено почнало да расте. Во 1930-тите работел македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров, кој воедно се венчал во месната црква „Успение на Пресвета Богородица“.

Во 1974 г. Бараково станало населба на градот Кочериново.[2] Во 1991 г.[3] Бараково е одвоено од Кочериново, што довело до спорови за земјиштето меѓу двете населени места.

Црква „Успение на Пресвета Богородица“[уреди | уреди извор]

Црковниот двор во Бараково.

Православниот храм во Бараково има интересна историја.

По ослободувањето од Турците (1912), постоечката турска царинарница е претворена во црква „Успение на Пресвета Богородица“ која почнувајќи од 1894 г. ѝ припаѓа на Неврокопската епархија на Горноџумајската духовна околија. Во минатото селото го опслужувале горноџумајски свештеници, од кои последен бил Аврам Младенов.

На 20 октомври 1920 г. храмот е осветен од неврокопскиот митрополит Макариј. Мајстори на црквата биле Мите Атанасов Донин, Чиме Митев, А. Митев, Хр. Митев, В. Томов, Ан. Христов и Ст. Воденичарски. Во тоа време парохијата опфаќала 80–85 куќи.

По основањето на сопствена парохија, за прв свештеник во Бараково бил назначен Александар Миленков.

Општествени установи и спорт[уреди | уреди извор]

  • ОУ „Отец Паисиј“ — затворено во почетокот на XXI век
  • Обединета детска установа и читалиште
  • ФК „ЗКМО“ — престанал да постои во 2010 г. порани недоволни средства

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Бараково
Живееле во Бараково
Починати во Бараково
  • Арсениј Јовков (1882–1924) — македонски писател, режисер, публицист и револуционер
  • Стефан Давидов (1878–1934) — револуционер, Кочански и делчевски војвода на ВМРО

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 19.
  2. Указ на Държавния съвет на НРБ номер 1942, Държавен вестник, брой 72, 1974 година.
  3. Държавен вестник, брой 69, 1991 година.