Борис Вељановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борис Митев Вељановски (20 јули 1923 во Бараково, Демирхисарско — 21 април 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Борис Митев Вељановски е роден во селото Бараково. Се занимавал со земјоделие. Во НОБ се приклучил во септември 1944 година. Бил борец во составот на четиринаесеттата македонска бригада. Учествувал во борбите на Сремскиот фронт. Загинал на 21 април 1945 година, во борбите против германско-усташките единици кај Славонска Пожега.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)