Сопотнички манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сопотнички манастир
Поглед на манастирската црква „Св. Атанасиј“
Информации
Целосно имеСопотнички манастир
Други имињаМанастир „Св. Атанасиј“
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан2005
Посветен наСвети Атанасиј Велики
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Св. Никола“
Личности
Место
Местово близина на Сопотница, Општина Демир Хисар Македонија Македонија
Координати41°18′49″N 21°08′48″E / 41.31361° СГШ; 21.14667° ИГД / 41.31361; 21.14667Координати: 41°18′49″N 21°08′48″E / 41.31361° СГШ; 21.14667° ИГД / 41.31361; 21.14667
Видливи остатоци1 црква
Отворен за јавностада
Други информации(Сопотничка парохија)

Сопотнички манастир — средновековен манастир во областа Железник, во југозападниот дел од Македонија.[1] Манастирот се наоѓа на падините на Плакенска Планина, во близина на селото Сопотница.

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот е возобновен во поново време, при што темелите биле поставени во 2005 година.[2] Во мај 2015 година, до манастирот бил тампониран пат во должина од околу 1,5 км директно од селото Сопотница како алтернатива за патот во должина од 10 км преку патот за селото Радово.[3]

Градби[уреди | уреди извор]

Во склоп на манастирот спаѓаат манастирската црква и трпезарија наменета за чествување на празници.

Црква „Свети Атанасиј“[уреди | уреди извор]

Црквата е подигната на темелите на постар храм, а на тоа укажуваат и пронајдените артефакти.[2]

Градбата има правоаголна основа, со полукружна апсида во нејзиниот заден дел, и претставува крсто-куполен храм. Над влезната порта се забележува живопис, на којшто е прикажан Свети Атанасиј Велики. Особено забележителна е осумаголната купола што се издига од средишниот дел на покривот на црквата и над која е поставен крст.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Ш., А.. „Демир Хисар ќе го развива манастирскиот туризам[мртва врска]“, Канал 5, 3 август 2013.
  3. За манастирската слава по нов пат до Св.Атанасиј во Сопотница[мртва врска]“, Вечер, 14 мај 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]