Црква „Св. Меркуриј“ - Барешани
Свети Меркуриј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Бистричка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 40°57′7″N 21°21′1″E / 40.95194°N 21.35028°E |
| Место | Барешани |
| Општина | Битола |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Меркуриј |
| Изградба | 1836 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Свети Меркуриј (локално позната како Свети Меркули) — главна и единствена манастирска црква на Барешанскиот манастир во битолското село Барешани, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирската црква е сместена во горниот дел на селото Барешани.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била подигната во 1836 година и претставува единствена манастирска црква посветена на Свети Меркуриј.[3]
Според натписна табла на самата црква, во нејзе во 1876 година е крстен Ѓорѓи Сугарев.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Храмот претставува трикорабна црква.
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]На ѕидовите на внатрешноста нема сочувано ѕидно сликарство.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Иконостасот е со два реда на икони, работени од непознат мајстор. Испишаните години на некои од престолните икони, информираат дека тие се насликани во 1853 година.[2]
Занимливост
[уреди | уреди извор]Барешанци веруваат дека каменот положен покрај темелот од северната фасада на црквата има моќ да им помага на жените кои не можат да останат бремени. Според мештаните, повеќе семејства (христијански и муслимански), кои се помолиле на светиот камен и се измиле со светата вода од манастирот добиле принова.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Натписна плоча
- Натписна плоча
- Годината на изградба
- Камбанаријата
- Апсидата
- Страничен поглед
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Предниот дел
- Поглед на црквата
- Споредниот влез
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 „„Силоамско кладенче" на Барешанскиот манастирот „Св. Меркуриј"“. Македонска нација. Посетено на 2019-02-25.
- ↑ „Свети Меркуриј од Барешани им помага за пород на христијани и муслимани“. apla.mk. Посетено на 2019-02-25.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Меркуриј“ - Барешани на Ризницата ?


