Црква „Св. Ѓорѓи“ - Беловодица
Изглед
![]() ![]() Свети Ѓорѓи
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Плетварско-беловодичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°20′26.5″N 21°41′23.2″E / 41.340694°N 21.689778°E |
Место | Беловодица |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Осветување | 27 јули 1980 |
Архитектонски опис |
Свети Ѓорѓи — манастирска црква на Беловодичкиот манастир.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била осветена на 27 јули 1980 година од страна на тогашниот Митрополит Повардарски г. Гаврил, кој во тоа време бил Прилепско-битолски црковен управител.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен од западната страна, на која е доградена натстрешница поддржана на два столба. На северната и јужната страна има по два квадратни прозорци. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Камбанаријата е сместена во близина на влезот од црквата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Параклис „Св. Ѓорѓи“
- Беловодички манастир
- Преспанско-пелагониска епархија
- Прилепско архијерејско намесништво
- Плетварско-беловодичка парохија
- Беловодица
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 20. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Манастир „Свети Георгиј“, село Беловодица“. OldPrilep. 31 декември 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Ѓорѓи“ - Беловодица на Ризницата ?