Спиро Црне

Од Википедија — слободната енциклопедија

Спиро Црне бил ајдутин од Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Спиро Црне е роден во прилепското село Дабница. Бил син на Илија Големџијата, шверцер на тутун. Дејствувал како ајдутин во Прилепско при што во 1879 година го убил Ќучук Сулејман, кој долго време ги измачувал селаните од прилепскиот крај.[1] Четник во неговата чета во 1879 година бил Ѓорѓи Лажот, а негов четник бил и Најдо, таткото на идниот војвода на ВМОРО, Мирче Најденов.[2][3] Спиро војвода бил убиен во борба.[4]

Спиро Црне како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Убиството на Ќучук Сулејман од страна на Спиро Црне е опеано во народната песна „Спиро Црне и Ќучук Сулејман“.[5] Во 1903 година, Марко Цепенков ја објавил драмата „Црне Војвода“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, София, 1933, стр. 97.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 112.
  3. Ацев, Петър. Спомени, Алфаграф, София, 2011, стр. 399.
  4. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 95.
  5. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 123-124.